Надворешна политика
Хајндл: Помилувањата ги поткопаа напорите на Договорот од Пржино, мора итно да се најде решение
Македонија мора да најде излез од политичката криза во која што се наоѓа, а Европската унија (ЕУ) и Германија со голема загриженост го следат актуелниот развој, изјави германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл во интервју за Deutsche Welle.
Според Хајндл, Брисел и Берлин сакаат да и помогнат на земјата да излезе од кризата, но патот таа ќе мора да го изоди сама, што значи дека политичките актери мора заеднички да работат и во преден план да ги стават државните интереси.
„Станува збор за имплементацијата на централните елементи на Договорот од Пржино. Но тука, за жал, има несогласување меѓу политичките актери – и покрај тоа што тие го ставија својот потпис под овој Договор. А она што го наведува овој Договор е јасно. Оние, кои се осомничени во врска со скандалот со прислушувањето, треба кривично-правно да бидат повикани на одговорност. Со таа цел партиите и се согласија да се формира Специјално јавно обвинителство. СЈО треба без пречки и со целосна поддршка од македонските институции да може да ја извршува својата работа“, вели Хајндл во интервјуто за DW.
Хајндл додава дека помилувањата кои беа направени од страна на претседателот Ѓорге Иванов ги поткопуваат напорите кои беа направени во рамките на Договорот од Пржино и дека мора итно да се најде решение со кое што ќе се овозможи „кривичен прогон на тие што се виновни“.
„Априлската амнестија за политичарите од страна на претседателот на државата Ѓорге Иванов ги поткопува овие напори и не е во согласност со Договорот од Пржино. Затоа мора итно да се најде решение кое ќе овозможи кривичен прогон. Понатаму, мора да има нови фер и слободни избори според меѓународни стандарди, и за тоа мора да бидат исполнети соодветните услови, на пример да се прочистат избирачките списоци, да се обезбеди независност и неутралност на медиумите и еднаков пристап во нив за сите политички сили“, порача Хајндл.
Во однос на тоа дали потенцијалот за етнички конфликт е и најголемата опасност за земјата, Хајндл вели треба „треба да се избегнува сѐ што би можело да ги подгрее меѓу-етничките тензии и дека е многу важно земјата што побрзо да се врати на патот на евро-атлантските интеграции“.
„Германија се чувствува на многу посебен начин поврзана со Македонија. Уште од почетокот ние со посебна нагласка се заложивме за нејзината стабилност и за нејзината евро-атлантска иднина. И токму затоа со толку голема загриженост го следиме актуелниот развој: оти сега се става на коцка евро-атлантската перспектива. Сакаме да помогнеме. Тоа е причината што министерот за надворешни работи Штајнмајер ме именува за негов специјален пратеник“, додава Хајндл во интервјуто за DW./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.