Контакт

Надворешна политика

Хан: Помилувањата се контрапродуктивни за Договорот од Пржино и работата на СЈО

Објавено пред

Договорот од Пржино останува цврста основа за излез од политичката криза во Македонија и во тој контекст помилувањата направени од страна на претседателот Ѓорге Иванов мора да се повлечат, порача во четвртокот еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан во интервју за неколку новинари­дописници од балканскиот регион, пренесува МИА.

dobivaj vesti na viber

Хан изјави дека работата на Специјалното јавно обвинителство е мошне важна, па во тој контекст тој силно ја критикуваше одлуката на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, да помилува голем број лица обвинители во скандалот со прислушувањето. Тој притоа го стави под знак прашалник и кредибилитетот на македонскиот претседател.

„Овој СЈО не само што постои, туку е и обврска од сите партии дека СЈО треба да работи независно и иако не е дел од договорот од Пржино, но е поврзано со улогата на СЈО, тоа е одлуката за помилување на претседателот Иванов кој помилува 54 лица. Ова е на начин што е прифатлив за нас. Кога Уставниот суд ја потврди легалноста на овој закон, имаше меѓународен притисок од нас врз Иванов да не ја користи оваа можност и со некои одложувања тој јавно рече дека нема тоа да го стори. Но, по само две­три недели тој помилува 54 лица и ова не беше придонес кон неговиот кредибилитет. Ова е негова одговорност. За нас е неодржливо да се има помилување. Во меѓувреме, Парламентот донесе закон давајќи две можности за индивидуалци да побараат да бидат одземени од листата или Иванов самиот да може да ја повлече целата листа со помилувани. Сега ќе видиме како тоа ќе се имплементира“, вели Хан.

Коментирајќи ја изјавата на Иванов кој неодамна рече дека доколку е потребни повторно би донел одлука за помилување и како во таков случај СЈО би продолжило со работа и што тогаш би превзела Унијата, Хан порачал дека „ЕУ ќе извлече заклучоци и консеквенци од сите постапки“.

„Ние не можеме со сила никого да натераме да направи нешто. Но, ќе влечеме заклучоци и консеквенци ако работите не се во линија со нашето разбирање на владеењето на правото и договорот што го направивме. Договорот од јуни и јули има точка за создавање на СЈО што ќе се справува со целиот скандал со прислушувањето. Тоа значи дека СЈО мора да може да работи. Консеквенци се дел од идните одлуки, не можам да ја предвидам реакцијата на меѓународната заедница. Но, ако помилувањето остане, ова ќе биде прекршување на договорот од јуни и јули. Сега има можност за индивидуалци да побараат повлекување од листата. Поранешниот премиер Груевски вети дека тој тоа ќе го стори. Не шпекулирам и квантификувам, ни треба акција, ова помилување не е само контрапродуктивно, туку и контра духот на договорот од јуни и јули“, рече Хан.

За тоа дали старо­новата Влада на ВМРО­-ДПМНЕ и ДУИ може да работи на реформската агенда во Македонија, Хан изјавил дека „политиката на Западниот Балкан вели дека треба да се верува во ништо, односно само да се земе предвид она што е реалност“.

„Она што ние бараме сега се разултати и затоа не сакам да шпекулирам. Превземана е одлуката, а двајцата од партиските лидери, Груевски и Заев се во контакт и ова е во принцип добро. Разговараат меѓу себе и за нас единствено што се смета е дека бараме јасни резултати. Да се работи за имплементацијата на договорот од Пржино, итните реформски приоритети и СЈО да се погрижат да си ја работи својата работа“, истакна австрискиот еврокомесар./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината...

Македонија2 часа

(Видео) Српски „Телеграф“ објави снимка од возилото со кое бил киднапиран Кајмакоски: „Напаѓачите се во бегство, пејачот пронајден“

Сите елитни единици на српското Министерство за внатрешни работи – УКП, САЈ и Жандармеријата – учествувале во драматичната акција за...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија3 часа

Српските медиуми објавија дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски бил киднапиран во текот на ноќта во близина на „Бетон хала“ во Белград, објави српскиот портал...

Македонија4 часа

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура4 часа

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет5 часа

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет16 часа

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија22 часа

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија22 часа

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија24 часа

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија1 ден

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет1 ден

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...

Свет1 ден

Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање

Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното...

Македонија1 ден

Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела,...

Македонија1 ден

Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост...

Македонија2 дена

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија2 дена

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија2 дена

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија2 дена

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...