Надворешна политика
Ховит: Македонија мора да остане посветена на иднина во ЕУ
Македонија мора да остане посветена на иднина во Европската унија (ЕУ), бидејќи не постои друга остварлива алтернатива, порача поранешниот известувач за Македонија во Европскиот парламент (ЕП) Ричард Ховит во своето проштално обраќање пред македонската јавност.
Ховит нагласи дека патот за земјата до ЕУ лежи во решавањето на проблемот на името и дека мора да се направи се што е неопходно за да се изнајде решение кое ќе ја придвижи Македонија во евроинтеграциите.
„Ја изразувам мојата надеж дека земјата и граѓаните ќе останат посветени на иднина во Европската унија. Да се има верба дека сето тоа може да се случи и дека ќе се случи. Определбата и посветеноста е клучна за сето тоа да се проведе. Имаме верба во европската иднина на земјава. Морам да кажам дека не гледам некоја друга остварлива алтернатива за вашата земја, има доволно замрзнати конфликти во регионот и не сакам земјата да стане нов замрзнат конфликт, туку да стане дел од внатрешните географски граници на ЕУ“, порача британскиот европратеник.
Ховит се осврна и на политичкиот дијалог во земјата, нагласувајќи дека бојкотот не претставува начин за решавање на проблемите, и дека сите партии во земјата мора да ги постават националните интереси пред сопствените.
„Бојкотот не е начин за решавање на проблемите. Секогаш сум рекол дека треба да има соодветна почит за опозицијата, како и владина одговорност, а ова претставуваат неопходни елементи на една здрава демократија. Загрижен сум дека легалниот пакет по препораките од комитетот за Договорот од 1-ви март кои опфатија подобрување на буџетскиот процес, сега се замрзнати поради актуелниот бојкот. Сите партии имаат одговорност за подобрување на функционирањето и легитимноста на самиот Парламент. Нажалост, сепак постои неуспех во политичкиот дијалог во оваа земја. Собранието се уште не е целосно од доверба, како форум каде што политичките разлики можат да се изразат. Гледам дека меѓу политичките партии има разлики и здравата демократија мора да дозволи изразување на разликите, но морам да предупредам дека секоја партија не смее да го надминува националниот интерес. Дадено ниво на консензус и взаемна почит за демократските стандарди е предуслов да се убеди меѓународната заедница дека земјата е подготвена да се движи напред“, порача Британецот, кој во следниот период ќе остане известувач „во сенка“ за земјава во Европскиот парламент./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.