Надворешна политика
Иванов: Оставени сме сами да го решаваме проблемот со мигрантите
Македонија е обвинувана за ситуацијата со мигрантите, иако тие доаѓаат кај нас од територијата на Европската унија. За жал, Унијата го заборави Балканот и oставени сме сами со овој проблем, вели претседателот Ѓорге Иванов во интервју за полскиот весник Gazeta Wyborcza.
„Низ Македонија поминува главната рута на мигрантите. Ние трошиме 1 милион евра месечно за да им помогнеме, а само за зајакнување на полициските сили трошиме 800.000 евра месечно. Нашите пробеми се резултат на тоа што се случува во ЕУ – мигрантите доаѓаат во Македонија од територија на Унијата, бидејќи никој не ја чува нејзината граница“, вели претседателот Иванов.
Тој додаде дека Македонија постапува хумано со мигрантитe и им овозможува транзит низ нејзината територија за 72 часа.
„Мигрантите доаѓаат кај нас од територија на Грција, која веќе доби од ЕУ повеќе од 450 милиони евра. Ние досега добивме само 90 илјади евра“, вели претседателот Иванов, кој смета дека дополнителната ветена помош од Унијата, поради бирократските процедури, ќе стигне дури во текот на претстојната зима.
Според Иванов, соработката меѓу нашите и службите на Унијата, особено Грција, е многу слаба.
„Веќе имавме ситуација кога во еден ден, грчките власти, транспортираа кон нашата граница 15 илјади луѓе. Моравме да прогласиме кризна состојба и да испратиме војници да ја контролираат ситуацијата, бидејќи градот Гевгелија, на границата, преку кој поминува главната траса на миграција, има само 15 илјади жители. Почнаа немирите, мигрантите фрлаа камења на нашите полицајци, и тие мораа да превземат мерки. Македонија беше обвинета за ситуацијата со мигрантите, иако овие луѓе дојдоа од територија на ЕУ. За жал, Унијата го заборави Балканот, Оставени сме сами со овој проблем“, вели Иванов.
Говорејќи за европската перспектива на земјата, Иванов објаснува дека и покрај препораката на Европската комисија и шестте позитивни извештаи, Македонија е блокирана поради спорот со името со Грција.
„Кога Грција стави вето на поканата за членство во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година, покренавме процес пред Меѓународниот суд на правдата, кој пресуди дека ветото било незаконско. Сепак, никој не го почитува ова. Тогашниот генерален секретар на НАТО изјави дека оваа пресуда не е задолжителна за НАТО. Фрустрацијата меѓу населението е огромна. Гледаат дека сите други земји напредуваат, а Македонија стои во место. Тоа е една од причините за што на секои две години имаме политичка криза“, вели Иванов во интервјуто за полскиот весник Gazeta Wyborcza. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.