Надворешна политика
Иванов – Плевнелиев: Соработката со соседните земји е врвен стратешки приоритет
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во неделата во Софија, оствари средба со претседателот на Бугарија, Росен Плевнелиев, со кого разговараа за актуелната состојба во билатералните односи меѓу двете земји, евроатлантските интеграциски процеси, како и за регионалната соработка.
Иванов ја реафирмираше определбата на Република Македонија за најдобри можни односи и соработка со сите соседи, како врвна стратешка цел, покрај евроатлантските интеграции и регионалната соработка.
„Понекогаш меѓу соседите се појавуваат разлики во однос на одредени прашања, но истите на никој начин не смее да влијаат негативно на севкупните односи и соработката. На разликите треба да им се пристапи со заемно почитување и да се надминуваат со дијалог“, рече македонскиот претседател.
Бугарскиот претседател Плевнелиев се заблагодари за присуството на претседателот Иванов во Софија, во моменти кога бугарскиот народ се збогува со првиот демократски избран претседател Жељу Желев, оценувајќи го како пријателски гест. Република Бугарија сака да биде најголемиот пријател и најголемиот поддржувач на Република Македонија, нагласи бугарскиот претседател Плевнелиев, согласувајќи се дека на отворените прашања треба да се пристапи со взаемно разбирање и почит, и низ дијалог да се надминат недоразбирањата.
Двајцата претседатели се договорија во наредниот период да се интензивираат контактите, не само на највисоко ниво, туку на сите нивоа.
Информирајќи го својот бугарски колега за актуелностите во евроатлантските интеграции и негативното влијание на статус кво состојбата за Македонија и генерално за регионот, претседателот Иванов побара поддршка од Бугарија за деблокада на интеграциите во наредниот период.
„Очекувањата на граѓаните на Република Македонија се дека Република Бугарија ќе биде еден од најсилните поддржувачи на нашата земја. Проширувањето на НАТО и завземањето на заслуженото членство на Република Македонија ќе влијае позитивно за стабилноста и безбедноста на нашиот регион“, истакна претседателот Иванов.
Двајцата соговорници изразија очекување работните групи на министерствата за надворешни работи на двете земји да продолжат со работа во наредниот период, со цел усогласување на Договорот за добрососедство врз основа на принципиелниот став и размената на писма на двајцата претседатели – декларацијата од 1999 година да се трансформира во Договор за добрососедство.
Иванов и Плевнелиев изразија очекување со потпишувањето на договорот меѓу двете земји да се влезе во фаза на поинтензивна соработка за искористување на потенцијалите во повеќе сфери, економска, инфраструктурна, прекугранична соработка, соработка во областа на културата, образованието и туризмот.
На средбата, беше нагласена и потребата за зголемување на соработката на безбедносните служби, со цел превенција и соочувања со појавите кои што се закана и за нашиот регион./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.