Надворешна политика
Иванов побара неодложен почеток на преговорите со ЕУ и прием во НАТО
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/ivanov20kolinda20pahor.jpg)
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов на средбите со своите колеги од Словенија и Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар Китровиќ на Самитот 100 во Порторож побара неодложен почеток на пристапните преговори за членство во Европската унија (ЕУ) и прием во НАТО.
На средбите што ги оствари во рамки на учеството на овој самит, Иванов ги информраше Пахор и Грабар Китаровиќ за актуелната политичко безбедносна ситуација во Македонија, оценувајќи дека политичката криза и бојкотот на институциите трае предолго, пренесува МИА.
Иванов ја нагласил потребата и очекувањето политичките лидери преку политички дијалог најитно што може да дојдат до решение кое ќе биде во интерес на граѓаните и евроатланската интеграција на земјата.
Иванов потенцирал дека во моментов најзначно е да се постигне нормализирање на политичкиот дијалог и сите предизвици во рамки на инситуциите согласно Уставот и законите.
Од друга страна деблокадата на евроинтегративните и евроатланските процеси на Македонија кои во голема мера имаат влијание на актуелните состојби може само позитивно да се одрази во целиот регион, нагласил Иванов и изразил очекување дека Словенија и Хрватска, како и земјите од Брдо Бриони процесот ќе дадат силна поддршка за неодложен почеток на пристапните преговори на Македонија и прием на земјата во НАТО согласно пресудата на Меѓународниот суд на правдата и Времената спогодба.
Пахор и Грабар Китаровиќ истакнале дека позициите на Словенија и на Хрватска во однос на Македонија се јасни и константни, изразени како бесусловна континуирана и приципиелна поддршка за ЕУ и НАТО итегративните процеси со нагласена подготвеност за пренесување на своето искуство на овој план.
На средбите бил реафирмиран и заедничкиот интерес за понатамошно унапредување на економската соработка, за зголемување на трговската размена и привекување на словенечки и храватски инвестиции во Македонија, како и разгледување за заеднички настап на трети пазари./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/mucunski-viena.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mucunski-varheji.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Ukraina-1.jpg)
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.