Контакт

Надворешна политика

Иванов: Подготвени сме да се справиме со илегалните премини!

Објавено пред

Од поставување на првата ограда армијата има спречено 19 илјади, а полицијата 14 илјади илегални премини, затоа сега пристапуваме кон втората фаза од поставување на заштитна ограда, која има за цел дополнително да ги спречи илегалните минувања и премини на нашата државна граница, порача претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, кој во вторникот ја посети јужната гранична линија и подрачјето зафатено со криза.

Тоа укажува, рече претседателот Иванов, дека со пропуштањето само на бегалците од Сирија, Авганистан и од Ирак, илегалната миграција на економските мигранти се зголемува и тие бараат на секој начин да ја заобиколат регистрацијата и  илегално да ја преминат нашата граница.

Со цел да се спречат илегалните минувања со фалсификувани документи претседателот Иванов најави дека се прават напори за единствен биометриски регистрациски лист за мигрантите, кој ќе се издава на границата со Грција со намера да транзитираат до крајната дестинација.

„Досега полицијата има откриено 5.500 фалсификувани документи.  Дневно понекогаш се откриваат и до стотина такви лажни документи, пред сѐ пасоши, меѓу нив има и документи издадени од Фронтекс, лични карти, кои економските мигранти од Африка и од Азија ги користат за да се пријават како бегалци“, изјави претседателот Иванов.

Македонскиот претседател појасни дека мора да се прави разлика меѓу безбедносниот и хуманитарниот аспект на кризата. Република Македонија, порача Иванов, е благодарна на сите земји, организации, невладини институции, кои помагаат од хуманитарниот аспект, но со цел справување со безбедносните ризици на Македонија и е потребна поголема помош.

„Досега целиот безбедносен аспект на кризата е на наш товар и  имаме ветувања кои сѐ уште не се исполнети. Ги користиме нашите буџетски средства, средствата на Армијата и на полицијата“, изјави Иванов додавајќи дека е неопходна помош од возила за патролирање, термални камери и друга опрема за поефикасно справување со мигрантската криза.

Иванов се заблагодари за присуството на полициските сили на шесте пријателски земји  а македонско – грчката граница и изрази очекување за нивна поддршка и присуство и во иднина. Македонскиот претседател истакна дека Република Македонија е подготвена за сите предизвици и изрази очекување дека одлуките на ЕУ ќе бидат посоодветни на временските околности и на ново настанатите состојби.

„Сите најави се дека со топлото време ќе дојдат и поголеми бранови мигранти и затоа ние мора да бидеме подготвени да се справуваме, пред сѐ во регулирање на илегалните премини,  и тие што имаат право на премин – бегалците, хумано да влезат и да дојдат до посакуваната дестинација“, изјави Иванов.

Македонскиот претседател во вторникот беше информиран за севкупната состојба на македонско – грчката граница, како и за активностите кои ги врши АРМ и полициските сили за регистрација на мигрантите и заштита на граничната линија од илегални премини.

На Самитот во Лондон посветен на Сирија и регионот, претседателот Иванов ги информираше европските лидери за мерките кои Македонија ги презема за справување со бегалската криза, за заканата од илегална миграција и зголемите безбедносни ризици долж мигрантскиот коридор. Македонскиот претседател викендов ќе учествува на безбедносната конференција во Минхен, а веднаш потоа ќе замине во Прага, каде Македонија е специјално поканета да учествува на вонредниот самит на земјите од „Вишеградската Група“./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Средба Заев-Тигањ: Евроинтеграцискиот процес на Македонија е заеднички интерес

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев денеска ја прими амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, која на средбата ја пренесе благодарноста на државниот врв и на народот на оваа земја за брзата помош и поддршка за граѓаните на Хрватска кои беа погодени од силниот земјотрес.

На средбата беше нагласено дека е од заеднички интерес евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија во ЕУ да добие забрзана динамика уште за време на актуелното претседателство на Португалија за да се создадат услови за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

По однос на прашањето со Бугарија премиерот Заев истакна дека Северна Македонија останува посветена на дијалогот и дека со новата влада на Бугарија ќе биде постигната согласност за надминување на актуелната ситуација и за имплементацијата на Договорот за добрососедство и пријателство.

„Ги почитуваме сите различни европски идентитети и јазици, и подеднакво очекуваме да се почитува и нашиот македонски идентитет, и македонски јазик. Тоа е европска вредност и од земјите членки на ЕУ бараме да опстанат на европските вредности“, рече на средбата премиерот Заев.

Амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, изрази огромно задоволство од можноста припадниците на хрватската заедница во Северна Македонија во пописот да го истакнат својот национален идентитет, како и задоволство од искажаниот интерес за потпишување договор помеѓу Националната радиотелевизија на Северна Македонија и Хрватската телевизија за размена на програмски содржини.

Таа ги пренесе личните поздрави од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, до премиерот Заев придружени со очекување за интензивирање и дополнително динамизирање на веќе одличната соработката помеѓу двете земји.

Премиерот Заев се заблагодари за поздравите на премиерот Пленковиќ и изрази надеж дека наскоро ќе биде реализирана неговата посета на нашата земја која минатата година беше одложена поради ситуацијата со пандемијата, како и очекувањето што поскоро да има и заедничка седница на двете влади.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба Димитров – Шаленберг

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, ја заокружи еднодневната работна посета на Австрија со средба со федералниот министер за надворешни работи, Александар Шаленберг.

Димитров нагласи дека прашањето за почнување на преговорите на земјата за полноправно членство во ЕУ има силни геополитички импликации за Унијата како проект за европско обединување и укажа на загриженоста за негативното влијание на секое понатамошно одолжување на пристапните преговори врз кредибилитетот на ЕУ во регионот, а со тоа и на улогата на Унијата како глобален актер.

„Ова е клучен момент за постигнување чекор напред во евроинтегративниот процес на Северна Македонија со ЕУ, што би значело и преточување на интересот на Австрија како непосреден сосед на регионот на Западен Балкан во конкретен резултат базиран на објективно вреднување на копенхашките критериуми“, рече Димитров.

Министерот Шаленберг ја поздрави посветеноста на земјата во спроведување на реформите што значат вистинско приближување кон европските стандарди и нагласи дека поддршката и интересот на Виена за заеднички успех е сосема јасна.

Соговорниците разменија мислења за продлабочување на билатералната соработка, која се одвива во рамките на континуирана техничка помош, но и преку економската и инвестициската рамка, како и хуманитарната помош во контекст на ковид-кризата. Димитров се заблагодари за солидаризирањето на Австрија со регионот уште од самиот почеток на здравствената криза, информираат од неговиот кабинет.

„Во овие тешки времиња што ги предизвика пандемијата, пријателската помош е повеќе од добредојдена и во тој контекст би сакал да упатам благодарност за континуираната политичка и економска поддршка, но и значајната помош за секторот здравство од Австрија“, истакна Димитров на средбата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николоски на конференција со ЕУ-пратеници: Бугарија да го тргне ветото и да престане со условувањата

Објавено пред

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во својство на претседател на Националниот совет за евроинтеграции учествуваше на онлајн конференција во организација на германската Фондација „Конрад Аденауер“ во соработка со Инстутот за демократија. На конференцијата се дискутираше за улогата и учеството на законодавните домови во процесот на приклучување кон Европската Унија со посебен осврт на Собранието како институција која има клучно учество во овој процес.

Покрај Николоски говорници на овој настан беа европратениците Марион Вилсман од Германија и Владмир Билчик од Словачка, заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски, како и директорот на Конрад Аденауер во Македонија Даниел Браун.

Овој настан има за цел да поттикне дискусија за улогата на Собранието во процесот на приклучување кон Европската Унија и важноста на законодавниот дом во насока на придвижување на европскиот пат на Македонија. На конференцијата заеднички беше нотирано значењето на Собранието во поглед на евроинтеграциите како и односот на Собранието со Европскиот Парламент, но и клучната потреба за дијалог помеѓу институциите и сите политички чинители во земјава.

Со овој настан се продолжува успешната соработка со Германската фондација Конрад Аденауер, која е фондација на владејачката ЦДУ од Германија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Мицкоски за болните пратеници во Собранието: Ова е тероризам, а не 27 април

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го коментира доаѓањето на пратениците болни од коронавирус во Собранието. „Ова во Собрание е тероризам,...

Македонија1 час

Во Македонија 364 нови случаи на коронавирус, починаа 24 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 364 нови случаи на коронавирус, 24 лица починаа, а оздравеа 689 заболени,...

Македонија2 часа

Изгласан петтиот пакет мерки, гласаа и двајца пратеници позитивни на Ковид-19

Собранието го изгласа петтиот пакет економски мерки за помош на стопанствениците и економијата погодени од пандемијата. Изгласани се Законот за...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го загрозува јавното здравје и тера пратеници болни од ковид да одат во Собрание

Зоран Заев го загрозува јавното здравје и тера пратеници болни од КОВИД во изолација, во скафандери да одат во Собрание,...

Свет5 часа

Инцидент на забава во САД – подот од куќата пропадна во подрумот, повредени над 30 луѓе

Најмалку 30 луѓе се повредени на забава кога се урнал подот на двокатна куќа во американската држава Џорџија. Полицијата соопшти...

Свет6 часа

Бабиш: Агeнтите кои го отруја Скрипаљ, се поврзани со експлозијата во Чешка

Двајца руски државјани, обвинети за труење на Сергеј Скрипаљ во 2018 година во градот Солсбери во Велика Британија, се поврзани...

Македонија7 часа

Во ковид центрите во Скопје хоспитализирани нови 42 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Свет7 часа

(Видео) Во Кина пуштен во функција воз без машиновозач

Во Кина почна да работи линија на автономен воз без машиновозач и екипаж. Линијата е отворена во Чонгкинг и е...

Регион8 часа

Белград би можел да биде домаќин на самитот Бајден и Путин

Прашањето дали Белград, како неутрален терен, може да биде домаќин на средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател...

Македонија8 часа

Утре пристигнуваат вакцините на „Фајзер“

Во Македонија утре ќе пристигнат 10 илјади вакцини на компанијата „Фајзер“. Исто толку вакцини се очекува да пристигнат и на...

Свет19 часа

Чешка протера руски дипломати

Чешка одлучи да протера 18 вработени во руската амбасада во Прага, за кои надлежните чешки служби тврдат дека се руски...

Свет20 часа

ФСБ спречи атентат на Лукашенко

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапси две лица кои планирале да извршат воен удар во Белорусија на 9 мај...

Македонија23 часа

Нови 824 заболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.988 тестирања, а регистрирани се 824 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 313,...

Свет23 часа

Познати личности од целиот свет му напишаа писмо на Путин

Повеќе од 70 познати личности од целиот свет му напишаа отворено писмо на рускиот претседател Владимир Путин. Во писмото бараат...

Свет1 ден

(Видео) Погреб на принцот Филип – Цела нација со една минута молк

Принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета Втора, кој почина минатата недела на 99-годишна возраст, ќе биде...

Економија1 ден

Ивент индустријата ќе добие финансиска помош за смислување настани за Денот на независноста

Следната недела ќе биде објавен јавниот повик за финансиска поддршка од 1 милион евра за компаниите да можат да реализираат...

Македонија1 ден

Османи ги претстави првите економски советници кои ќе бидат испратени во Варшава, Минхен, Анкара и Абу Даби

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги престави првите четири избрани економски советници, кои ќе бидат упатени во рамките на...

Македонија1 ден

МЗ: Голема благодарност до семејството на починатата девојка, нејзините органи ќе бидат донирани на десетина пациенти

Пациентот кој го прими срцето од починат донор во втората трансплатанција на срце во државава е на возраст од 22...

Македонија1 ден

Одбраната на Камчев поднесе кривични пријави за судиите кои му одредија притвор

Одбраната на Орце Камчев поднесе кривични пријави против судиите кои му го продолжија притворот за уште 30 дена за предметот...

Регион1 ден

Рама тврди дека го видел документот со промена на границите на Западен Балкан

Албанскиот премиер, Еди Рама, го потврди постоењето на мапа во врска со промената на границите на Западен Балкан, пренесува Газета Експрес....

Досие