Контакт

Надворешна политика

Иванов прими четворица нови амбасадори

Објавено пред

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, во среда ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Финска, Швајцарската Конфедерација, Република Естонија и на Ирска.

dobivaj vesti na viber

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Република Финска, Н.Е. Перти Иконен, македонскиот претседател ја истакна можноста за интензивирање на македонско-финските односи како на билатерален, така и на меѓународен план, изразувајќи надеж за продлабочување на соработката меѓу двете земји, особено во сферата на економијата. „За нас од особено значење беше споделувањето на финските искуства во различни области што беше реализирано во рамките на финската развојна помош и твининг проектите. Се надевам дека и во наредниот значаен период ќе можеме да сметаме на финската поддршка. Тоа е особено значајно денес, кога Европа се соочува со сериозни предизвици. Искрено се надевам дека во наредниот период и Алијансата и Унијата ќе ги имаат предвид интересите на Република Македонија, на нашиот Регион, и со поголема решителност во носењето на одлуки, ќе придонесат за натамошна консолидација, стабилност и просперитет во регионот на Југоисточна Европа“, рече претседателот Иванов. Амбасадорот Иконен рече дека Финска секогаш е подготвена да ги споделува своите искуства и најдобри практики со своите партнери, а таков е случајот и со Македонија – фински експерти сега работат во Скопје во рамките на два твининг проекти финансирани од Европската унија со цел постигнување на добри резултати во неколку области. „Македонија ги зацврстува своите односи со Европската унија и ве уверувам дека иднината на Македонија е во рамките на ЕУ”, порече амбасадорот Иконен упатувајќи честитки за постигнатиот досегашен напредок и уверувајќи дека Финска е конструктивен пријател на земјава во нејзините континуирани напори да ги исполни критериумите за проширување, за што е подготвена да ги сподели своите знаења и експертиза како помош да стане земја-членка на ЕУ. На средбата со новоименуваниот амбасадор на Швајцарската конфедерација, Н.Е. Сибиле Сутер Тејада, претседателот Иванов изрази задоволство од развојот на билатералните односи и од соработката меѓу двете земји во изминатиов период. „Дозволете ми да се заблагодарам за сета досегашна помош и поддршка од Швајцарската Конфедерација. Благодарение на развојната поддршка од швајцарската Влада, која трае години наназад, во Македонија реализирани се бројни проекти во разни области, кои придонесоа за подобро функционирање на одредени институции и за подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните во одредени региони”, порача претседателот Иванов. Амбасадорката Сутер Тејада истакна дека повеќе од две децении двете земји негуваат пријателски односи , а главен елемент на билатералните односи е Швајцарската програма за соработка со Македонија. Во таа насока, амбасадорката Сутер Тејада најави дека нејзината земја и во следните четири години ќе ја продолжи програмата за соработка со Македонија, за што ќе бидат одвоени 71 милиони швајцарски франци. „Денес, Швајцарија е најголемиот билатерален донатор во Македонија. Нашата програма за соработка се фокусира на демократско владеење и децентрализација, економски развој и вода. Дизајнирана е да даде поддршка на приоритетите на македонската Влада  и прогресивната интеграција на земјата во европските структури”, порача амбасадорката Сутер Таједа Досегашните македонско-естонски односи бележат успешен развој, рече претседателот Иванов на средбата со новоименуваниот амбасадор на Република Естонија, Н.Е Даниел Ерик Шаер и изрази уверување дека со заеднички напори, пријателството и соработката меѓу двете земји ќе продолжи со јакнење и збогатување како на билатерален, така и на мултилатерален план. „Република Македонија недвосмислено опстојува на зацртаните стратешки цели, членство во НАТО и во Европската унија. Високо ја цениме и сме благодарни за поддршката од пријателска Естонија во остварувањето на нашите стратешки цели”, порача македонскиот претседател. Амбасадорот Шаер, истакнувајќи ја силната поддршка на Република Естонија во нејзините евроатлански аспирации рече дека Европската унија заедно со Естонија ги препознава потешкотиите со кои се соочува Македонија како резултат на мигрантската криза и предизвиците за изнаоѓање на дологорочни решенија за олеснување на кризата во регионот. „Една од моите цели ќе биде да се зголемат бизнис контактите од заеднички интерес помеѓу двете земји. Верувам дека, исто така, треба да се максимизира користењето на расположливите алатки за да и се помогне на Естонија да ги споделува своите искуства во формирање на ефективни институции и динамична економија со Македонија”, порача амбасадорот Шаер. На средбата со новоименуваниот амбасадор на Ирска, Н.Е Дерек Фили, претседателот Иванов изрази задоволство од стабилните политички односи базирани на взаемна почит, меѓусебно разбирање и солидно ниво на меѓусебна соработка во повеќе области меѓу двете земји и изрази благодарност за континуираната поддршка од Ирска која што и понатаму ќе биде значаен поттик за Република Македонија на патот кон нејзиното интегрирање во Европската унија. „Истовремено, би сакал да го истакнам и своето убедување дека меѓу нашите две земји сѐ уште постои неискористен потенцијал и простор за натамошно продлабочување на соработката, и во таа насока, убеден сум дека Вашиот ангажман ќе биде од големо значење. Притоа, посебно би сакал да го потенцирам нашиот интерес за интензивирање на економската соработка, како и нашата желба за збогатување на нормативно-правната рамка за уредување на меѓусебните односи”, истакна претседателот Иванов. Амбасадорот Фили посочи дека Ирска ги цени постигнувањата на Република Македонија на економски план, и во наредниот период ќе се фокусира на продлабочување на билатералната соработка во сите сфери од заемен интерес. Претседателот Иванов на новоименуваните амбасадори им посака успех во извршувањето на должноста и изрази очекување дека нивните ангажмани ќе придонесат во унапредување на билатералните односи./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија1 час

„Дафина Стојановска итно да си поднесе оставка – пратеничката функција е сосема спротивно од ова што таа го демонстрира“, велат од Левица

​​​​​Левица бара итна оставка од пратеничката од редовите на ДПМНЕ, Дафина Стојаноска од гостиварско, „која очигледно и веќе во неколку...

Македонија1 час

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија2 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион2 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија3 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија3 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет4 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет4 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа5 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет5 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет5 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа5 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион14 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија15 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет17 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија21 час

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија23 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија23 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија1 ден

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...