Контакт

Надворешна политика

Иванов се сретна со шефовите на македонските дипломатско-конзуларни преставништва

Објавено пред

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во понеделникот оствари работна средба со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во странство, во рамки на амбасадорскиот совет што се одржува во Министерството за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

На средбата беа разменети мислења за работата и активноста на македонската дипломатија, приоритетите поврзани со интеграцијата на земјата во Европската унија и НАТО, добрососедските односи, регионалната соработка, ангажманот на мултилатерален план, економската и јавната дипломатија.

„Наша заедничка задача е да продолжиме со несмалено темпо да работиме на евро-атлантската агенда на Република Македонија“, рече Иванов.

Во фокусот на средбата со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во странство беа приоритетите на македонската дипломатија до Самитот на НАТО во Варшава во 2016 година, при што претседателот Иванов  даде насоки и идеи како да се помести статус-кво состојбата во поглед на интеграцијата на Република Македонија.

„Очигледната стагнација во однос на едно важно прашање може и треба да се увиди и констатира од наша страна, но не смее никако да не натера да ја прифатиме како наша постојана реалност, и особено не како наша иднина“, рече Иванов на средбата.

„Македонија се соочува со закани што бара развој на сосема поинаков систем за информирање на сите надлежни субјекти вклучени во сферата на безбедноста“.

„Специјалната војна на Исламската држава и водењето на пропаганда во остварување на нивните интереси бара соодветен одговор содржан во еден таков  систем за информирање”, додаде македонскиот претседател.

Иванов се осврна и на актуелната мигрантска криза, oсобено на безбедносните, економските и хуманитарните аспекти и нагласи дека на сето тоа мора да се пристапи со сериозна анализа, со цел да се преземат соодветни чекори. Претседателот Иванов рече дека мигрантската криза не може да се реши со бирократски средства, туку дека е потребна сериозна акција и организиран европски одговор за нејзино дневно управување.

„Кризата покажа дека Македонија е на главниот европски коридор кон Блискиот Исток и Северна Африка, иако, за жал, земјата сеуште не е членка на ЕУ. За дипломатијата ќе биде клучно интензивно да информираат за мигрантската криза во земјите кадешто се акредитирани и да овозможат дневна координација меѓу безбедносните, разузнавачките и хуманитарните институции на Република Македонија, на Европската унија и земјите-членки“, рече претседателот Иванов.

Тој од шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва побара проактивност, изнаоѓање нови начини за промоција на Македонија, за зајакнување на постоечките и создавање нови пријателства. Претседателот Иванов побара зајакнување на кадровскиот и финансискиот капацитет на дипломатијата.

Клучна улога имаат амбасадорите во непосредното соседство, од кои очекува удвојување на активностите за соработка.

„Во регионот мора меѓусебно максимално да соработуваме во сите сфери од заеднички интерес. На сите регионални собири инсистирам дека дојде време кога декларативноста во регионалните односи мора да ја испратиме во историјата. Неопходна е нова етапа со нови потреби за конкретни проекти во регионалната соработка“.

Тој од шефовите на ДКП-а во странство побара поинтензивен ангажман во однос на јавната дипломатија и афирмацијата на македонските позиции во разни области.

„Не можам да бидам задоволен од активноста на македонската дипломатија во сферата на јавната дипломатија“, и ја посочи како пример пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг од 5 декември 2011 година, која не смее да биде ставена на страна, заборавена, минимизирана. „Пресудата на Меѓународниот суд на правдата е еден од најголемите македонски дипломатски успеси, која има свое влијание и во процесот што се води во Обединетите нации и е потврда за исправноста на македонските позиции“.

На средбата беа разменети мислења околу потребата за обединување на дијаспората и надминување на проблемите со кои се соочуваат, за што побара поголема заложба од шефовите на Дипломатско-конзуларните претставништва./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет58 минути

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет4 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет4 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет5 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет5 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет6 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет6 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија6 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет6 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет7 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет10 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија11 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет11 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет16 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет17 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија18 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет18 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет19 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет19 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...