Надворешна политика
Иванов-Шир: Утврдени одличните односи меѓу Македонија и Канада
Политичките односи меѓу Македонија и Канада ги карактеризира позитивна развојна динамика без отворени прашања, континуиран политички дијалог и значајна соработка во повеќе области од заемен интерес, беше констатирано на средбата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов што во понеделникот ја имаше со претседателот на Претставничкиот дом на парламентот на Канада, Ендру Шир, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.
На средбата беше разговарано и за натамошно јакнење на билатералните односи меѓу двете земји, за соработката на мултилатерален план, како и за состојбите во врска со членството на Македонија во НАТО.
Претседателот Иванов, притоа, изрази задоволство од „успешниот развоен тренд на односите меѓу двете пријателски земји и од плодниот политички дијалог“, реафирмирајќи ја подготвеноста на македонската страна за зајакнување и продлабочување на политичките односи, и зголемување на соработката во сите полиња од заемен интерес.
Во однос на македонското членство во НАТО, претседателот Иванов се заблагодари за принципиелната поддршка од Канада, и побара поддршка и ангажман и на претстојниот НАТО Самит во Велс. Во контекст на тоа, македонскиот претседател го запозна соговорникот со импликациите од статус-кво состојбата во однос на нашите евроатлантски интеграции, како и за состојбата во разговорите за разликата околу името, кое претставува единствена пречка на нашиот евроатлантски пат.
На средбата, претседателот Иванов ја поздрави парламентарната соработката помеѓу двете држави, која бележи позитивен и успешен развој, за што голем придонес имаат Парламентарните групи за пријателство формирани во двата парламента.
Македонскиот претседател изрази очекување за унапредување на соработката во сферата на одбраната и економијата, и за зголемување на канадските инвестиции, при што ја истакната потребата од унапредување на договорната правна рамка помеѓу двете држави и што поскоро потпишување на конкретни договори, како и потребата од либерализација на канадскиот визен режим во однос на македонските граѓани.
Иванов и Шир, исто така, ја реафирмираа подготвеноста за продлабочување на соработката, како на билатерален, така на мултилатерален план./крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.