Надворешна политика
Јолевски: Политиката на отворени врати на НАТО мора да продолжи и по самитот во Варшава
Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски во вторникот во Варшава учествуваше на конференцијата „Политиката на отворени врати на НАТО во Варшава и по Самитот“, организирана од страна на German Marshall Fund.
Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски во вторникот во Варшава учествуваше на конференцијата „Политиката на отворени врати на НАТО во Варшава и по Самитот“, организирана од страна на German Marshall Fund.
„Политичкиот и општествен консензус за остварување на европските и евроатлански перспективи е константа. Овој стратегиски приоритет беше мотивирачки фактор Република Македонија повеќе од две децении да инвестира во длабоки и сеопфатни реформски процеси кои ги опфаќаат сите сегменти на општествениот живот. Преку овие реформи Македонија изгради Армија која е гарант за територијалниот интегритет и суверенитет на земјата, но и е целосно интеропративна со армиите на НАТО членките. Со пожртвуваност и многу работа Република Македонија ја заработи поканата за членство во НАТО“, истакна Јолевски во своето обраќање.
Министерот додаде дека Македонија ќе продолжи кон патот на НАТО и дека членството во НАТО ќе придонесе за постабилна и посигурна безбедносна ситуација на Балканот и во Регионот. За време на панелот Јолевски ја искористи шансата уште еднаш да упати честитка до Црна Гора за реформските процеси кои ја доведоа поблиску до Алијансата. Заменик министерот за надворешни работи Марек Жулковски во воведното излагање истакна дека Полска ќе продолжи да ги поддржува аспирациите на Македонија за членство НАТО, и дека Македонија заслужува што поскоро да стане членка на алијансата.
Покрај учеството на Конференцијата, Јолевски оствари средба со претседателот на Комисијата за одбрана од Парламентот на Република Полска, Михал Јах. На состанокот беше разговарано за безбедносните предизвици со кои се справува Македонија и воедно се дискутираше за членството на Македонија во НАТО. Јолевски порача дека Македонија заслужува да добие покана за членство во НАТО имајќи ги предвид напредокот и реформите спроведени во армијата кои беа очигледни за време на една од најголемите интероператибилни вежби „Анаконда 2016“ која заврши пред неколку денови во Полска. Михаил Јах се заблагодари на министерот за одбрана на неговата посета и истакна дека Македонија ја има целосната поддршка од полскиот Парламент.
Во Полска Јолевски оствари средба и со неговиот поранешен колега, бившиот министер за одбрана на Република Полска, Томаш Шимоњак. Двајцата соговорници дискутираа за членство на Македонија во НАТО и истакнаа дека е очигледно дека Македонија заслужува членство во Алијансата. Шимоњак порача дека имајќи ги предвид учеството на Македонија во мировните мисии и нејзиниот придонес за стабилност во Регионот и Балканот се индикации дека Македонија претставува исклучителна држава чии придонеси мора да бидат земени во предвид за членство во НАТО.
Јолевски додаде дека Армијата на Република Македонија и Министерството за одбрана се фокусирани кон исполнувањето на условите за членство во НАТО и дека приоритет на Владата на Република Македонија ќе остане членството во евроатлантските структури./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.