Надворешна политика
Јолевски во Кина: Продлабочување на соработката со Кина во областа на одбраната
Министерот за одбрана Зоран Јолевски и неговиот кинески колега генералот Чхан Ванкуан во вторникот на средбата во Пекинг заклучија дека односите и соработката меѓу Македонија и Кина се на мошне високо ниво и ги оценија како одлични, истакнувајќи дека двете страни се определени да продолжат интензивно да работат на натамошно зајакнување и унапредување на соработката во областа на одбраната.
Министерот за одбрана Зоран Јолевски и неговиот кинески колега генералот Чхан Ванкуан во вторникот на средбата во Пекинг заклучија дека односите и соработката меѓу Македонија и Кина се на мошне високо ниво и ги оценија како одлични, истакнувајќи дека двете страни се определени да продолжат интензивно да работат на натамошно зајакнување и унапредување на соработката во областа на одбраната.
„Република Македонија е определена билатералната соработка со Народна Република Кина во областа на одбраната да ја продлабочува и да ја развива во духот на заемното пријателство и поддршка“ рече Јолевски на средбата. Односите со Кина, додаде министерот, од година во година се движат во нагорна линија, што се потврдува со бројните средби на највисоко ниво.
Соработката во областа на одбраната е дел од севкупните билатерални односи и придонесува за нивно натамошно јакнење. На средбата Јолевски се заблагодари за досегашната поддршка од страна на Кина, која вклучува воена обука и едукација на кадри. Притоа беше договорено да се разменат искуства за учеството во мировните мисии на ОН, каде Кина е еден од најголемите контрибутори.
Дополнително, Јолевски изрази задоволство што припадници на кинеските вооружени сили учествуваат на курсевите во Регионалниот центар за односи со јавноста во Министерството за одбрана, како и на меѓународниот летен кампус.
Воедно, во рамките на посетата на Кина, министерот Јолевски го посети и Универзитетот за национална одбрана при што потенцираше дека негов приоритет е унапредувањето на военото образование во Република Македонија.
„Во тек е трансформација на Воената академија во Универзитет за национална одбрана и безбедност, а паралелно воведуваме и дел од предавањата за 3-та и 4-та година на академијата на англиски јазик“, рече министерот Јолевски на средбата во Универзитетот.
За време на посетата т Јолевски имаше средба и со менаџментот на една од најголемите кинески компании „Поли Груп“, која има значајни инвестиции во Европа и во регионот во областа на енергијата, инфраструктура, градежништвото и рударство. Искажан е иницијален интерес на оваа компанија за инвестирање во Македонија во областа на инфраструктурата и енергијата по пат на јавно-приватно партнерство.
Во текот на посетата министерот Јолевски ќе ја посети Академијата за специјални операции каде ќе се запознае со нејзините капацитети и со можностите за соработка на полето на специјалните сили. Македонија и Кина соработуваат на полето на одбраната од 2004-та година кога беше потпишана и Спогодбата за соработка. Истата вклучува соработка на полето на воената наука и технологија, образованието и обуката, културата, спортот и други области./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.