Надворешна политика
Лидерскиот состанок во Брисел и учеството на Иванов во интерес на светските медиуми
„Балканските земји се согласија заеднички да справуваат со мигрантската криза“, „Европските лидери договорија отворање на нови прифатни центри“, „Трнливи разговори меѓу балканските земји за напливот на бегалци“, се дел од насловите во светските медиуми, кои известуваа за неделниот состанок во Европската Комисија, во Брисел посветен на бегалската криза,
Меѓу пораките од Јункер, Туск, Меркел, и останатите ЕУ челници, во фокусот на интерес на странските медиуми, беа и пораките кои ги испрати македонскиот претседател Ѓорге Иванов. „Бегалскиот коридор се претвора во мигрантски коридор“, изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов европското издание на Politico, за време на неговото учество на лидерскиот состанок „Низ земјата, со само два милиона жители, досега транзитираа 420.000 бегалци, покажуваат податоците на властите“, пишува Politico во својата опсежна анализа по неделниот состанок во Брисел. За лидерскиот состанок и учеството на претседателот Иванов јавија дел од највлијателните светски медиуми. Под наслов „Европските лидери повторно бараат единствен одговор за мигрантската криза“, The New York Times пишува: „Ѓорге Иванов, лидерот на Македонија, низ која поминуваат најголемиот број баратели на азил на својот пат од Грција до северна Европа, рече дека и до 10.000 лица влегуваат во неговата земја секоја ден. – Ако не се држиме заедно, ќе висиме одделно“, рече тој, парафразирајќи го Бенџамин Френклин“. „Македонскиот претседател Иванов предупреди дека неговата мала балканска земја, клучна за транзитот, може да прими максимум 2.000 мигранти ако премините бидат затворени“, пишува весникот The Daily Star. Дел од медиумите јавуваат и за разговорот на претседателот Иванов со грчкиот премиер Ципрас околу потребата за размена на информации и податоци околу протокот на мигрантите. Лидерскиот состанок во Брисел, на кој учествуваше претседателот Иванов, предизвика внимание во стотици европски и светски медиуми. За пораките од него меѓу другите известија светските медиуми CNN, BBC, Russia Today, Guardian, Reuters, DPA и други./крај/мф/сс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.