Надворешна политика
Македонија го презема претседавањето со ЦЕИ
Премиерот Никола Груевски во понеделник во Виена присуствуваше на завршниот состанок од австриското претседавање со Централно-европската иницијатива(ЦЕИ).
На истиот овој форум Република Македонија го презема претседавањето со иницијативата од страна на досегашниот претседавач Република Австрија. Притоа премиерот Груевски пред шефовите на влади кои што беа присутни на Централно-европската иницијатива ги истакна политичките и економските приоритети на македонското претседателство и го претстави нацрт календарот на активности врз основа на кој што ќе се врши реализација на целите и приоритетите.
„Ги истакнав приоритетите на нашето претседавање во наредната година, во кое што освен зачленувањето на сите земји од Западниот Балкан во ЕУ како основен политички приоритет ги вброив и економските приоритети, а тоа се приоритети поврзани со градба на инфраструктурата, туризмот, земјоделието и културата. Притоа имав можност да ги истакнам и приоритетите на Република Македонија на политички и економски план кои всушност се преклопуваат со овие регионални приоритети”, изјави премиерот Груевски.
На форумот присуствуваа премиерите на поголем број на држави од Централна и Југоисточна Европа со кои што премиерот Груевски оствари и кратки средби.
„Имав можност да остварам комуникација и разговор со поголем број на премиери, тргнувајќи од австрискиот премиер, домаќинот на настанот Вернер Фајман, а се запознав и разговарав и со премиерот на Италија Ренци, како и со новиот премиер на Словенија Церар со кого што договаравме и одржување на билатерална средба во идниот период. Остварив средби и со хрватскиот премиер Милановиќ, со црногорскиот премиер Ѓукановиќ, со босанскиот премиер Беванда, како и разговарав со поголем број на други колеги кои што беа присутни на настанот. Ова беше одлична прилика да се разменат мислења, да се зајакнат меѓучовечките односи на ниво на премиери, да се споделат информации околу заедничките цели и интеграцијата во Европската Унија, како и економскиот просперитет, раст и развој на регионот. Се на се беше одлична можност за добри контакти, но и одлична можност за промоција на приоритетите на претседавањето на Република Македонија со Централно-европската иницијатива”, истакна Груевски.
Централно-европската иницијатива е една од позначајните регионални мултилатерални инцијативи која што е формирана пред 25 години и која што обединува поголем број на држави од регионот на Средна и Југоисточна Европа кои соработуваат на различни теми од взаемен интерес и на политички и на економски план. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.