Надворешна политика
Македонија и Косово заеднички ќе работат на заштитата на реката Лепенец
Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, во среда во Приштина оствари работна средба со министерот за животна средина и просторно планирање на Република Косово, Ферид Агани на која се дискутираше за унапредување на билатералната соработка во областа на заштита на животната средина.
Помеѓу другото, двајцата министри разговараа за интегрираното управување со водните ресурси, со посебен акцент на реката Лепенец, за координација на активностите за прогласување на прекугранично заштитено подрачје “Шар Планина – Кораб – Дешат” и прогласување на Шар Планина за национален парк, а разменија искуства и во областа на управувањето со отпадот .
Во однос на интегрирано управување со сливот на река Лепенец, министерот Изаири истакна дека е подготвен Аналитички извештај, додавајќи дека следен чекор би бил подготовка на заеднички План за управување со сливот на река Лепенец, за што постои можност за финансиска поддршка од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово во рамките на Инструментот за предпристапна помош од ЕУ – ИПА.
Што се однесува на Шар Планина, министерот Изаири информираше дека во наредниот период, приоритетна активност ќе биде подготовка на целокупната законска документација за прогласување на Шар Планина за национален парк, со што ќе се овозможат услови и за формирање на прекуграничното заштитено подрачје Шар Планина – Кораб – Дешат. Активноста ќе се реализира во рамките на претстојниот проект финансиран од ГЕФ „Остварување на заштитата на биолошката разновидност преку воспоставување и ефикасно управување со заштитени подрачја и вградување на биолошката разновидност во планирањето и користењето на земјиштето“.
Инаку, како информација беше посочено дека првичните иницијативи се покренати уште во ноември 2013 година кога во Тетово е одржана трилатерална средба меѓу претставници на Македонија, Албанија и Косово во врска со предложеното прекугранично заштитено подрачје “Шар Планина – Кораб- Дешат”, кое што, врз основа на Физибилити студија издадена во 2010 година од УНЕП, има потенцијал да стане најголемо заштитено подрачје во регионот на Југоисточна Европа.
Во текот на средбата беше договорено да се формира работна група од претставници на двете министерства за координација на заедничките активности. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.