Контакт

Надворешна политика

Македонија вклучена во петгодишниот план на ISIL за доминација врз светот

Објавено пред

Исламската држава во Ирак и на (Шам) Левантот (ISIL) и формално во неделата го прогласи воспоставувањето на Калифат – или исламска држава – на пространите делови од Блискиот исток кои паднаа во нивни раце и ја зацрта визијата за експанзија во Европа, вклучувајќи ја и Македонија.

dobivaj vesti na viber

Македонија/ОпштествоСкопје, 01.07.2014 (Макфакс) – 

Соопштението на организацијата е оценето како најзначајниот настан во меѓународниот џихадизам од 11-ти септември 2001 наваму, пишува британски Daily Mail.

Во мапата која наголемо беше разменувана преку социјалните мрежи меѓу поддржувачите на ISIL , исламистичката група го оцртува петгодишниот план за тоа како тие сакаат да ги прошират границите на својата контрола надвор од претежно муслиманските држави. Покрај плановите да се прошири Калифатот на Блискиот исток, во Северна Африка и големи делови од западна Азија, мапата, исто така, ги оцртува и плановите за експанзија во Европа.

ISIL планира да јапреземе контролата врз сите балканаски држави, вклучувајќи ги и Грција, Македонија и Романија, и да се рашири кон Источна Европа сé до Австрија. Се чини дека мапата го следи границите на некогашната Австроугнгарска империја.

Натаму, ISIL предвидува контрола и врз цела Шпанија, која била под муслиманска власт (поголемиот дел) цели 700 години, до 1492 година. ISIL планира да ја владее Шпанија до 2020 година./крај/мф/сс

Извор: The Daily Mail

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 минути

Турција сака безбеден премин за 200 цивили заробени во тунелите во Газа

Турција се обидува да обезбеди сигурен премин за околу 200 цивили заробени во тунелите во Газа, откако го олесни враќањето...

Свет49 минути

Сенатот постигна договор: заврши најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на буџетската парализа што блокираше некои јавни услуги рекордни...

Европа1 час

(Видео) Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, за разлика од многу западни лидери, не се плаши од Доналд Трамп и ги...

Свет2 часа

(Видео) Супертајфун ги погоди Филипините: бројот на жртви расте, еден милион луѓе принудени да се евакуираат

Супертајфунот Фунг-вонг ги погоди Филипините вчера, при што загинаа две лица, а еден милион луѓе беа принудени да се евакуираат...

Европа2 часа

(Видео) Нов напад врз Крим: погоден важен руски складишен објект за нафта

Украинските војници во неделата нападнаа руско складиште за нафта во близина на селото Гвардејское на окупираниот украински полуостров Крим, објави...

Европа2 часа

(Видео) Судир на возови во Словачка, десетици повредени

Два воза се судрија ноќеска во Словачка откако едниот се удрил во задниот дел на другиот, при што се повредени...

Македонија10 часа

Ѓорѓиевски: За два дена од Скопје се исчисти над четири и пол илјади тони отпад, скопјани имаат човек на кој може да се потпрат

Над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало...

Топ11 часа

Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром

Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“...

Македонија14 часа

Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да...

Македонија16 часа

Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео...

Македонија19 часа

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...

Македонија22 часа

„Супорт Кочани“ собра 11 милиони денари од донации за настраданите од „Пулс“, државата им наплати 1 милион денари данок

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат...

Македонија2 дена

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...

Топ2 дена

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од...

Топ2 дена

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ2 дена

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија2 дена

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет2 дена

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет2 дена

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет2 дена

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...