Надворешна политика
Мартин Ердман: Во НАТО секогаш постои солидарност со оној кој е член на `клубот`
Германскиот амбасадор во НАТО, Мартин Ердман во интервју за Deutsche Welle порачал дека и покрај тоа што Македонија е надвор од НАТО, за неа постојано се дисктира во Алијансата, но во однос на нејзиното членство и блокадата од Грција, во воениот сојуз важи правилото дека членките секогаш имаат солидарност со онаа земја којашто е членка на овој „клуб“.
„Да, Македонија е тема во НАТО во Брисел! Второ, ние сите, па и јас во име на германската влада, сме благодарни за придонесот на Македонија во различните операции на НАТО. Учеството на Македонија го третираме како придонес во солидарноста со Алијансата во нејзините операции и мисии. Трето, сите делегации во меѓусебните разговори јасно кажаа дека предусловот за членство на Македонија, како што беше кажано и во Букурешт во 2008 година, останува решавањето на спорот со името. Грчката влада повоторно и повторно појаснува, како што на пример тоа го стори и пред една седмица грчкиот министер за надворешни во Брисел, дека не станува збор за билатерално, туку за меѓународно прашање, кое во рамките на ОН се третира преку посредникот (Метју) Нимиц. Значи, ова е констелацијата на НАТО нациите, освен на Грција – сите чекаат прашањето околу името билатерално или интернационално да се реши, по што патот за членството на Македонија ќе биде отворен“, вели Ердман.
Запрашан за Хашката пресуда која беше во полза на Македонија, Ердман вели дека пораките од Алијансата на Самитот во Букурешт во 2008 година се јасни, земјата ќе стане дел од НАТО откаако ќе се реши спорот за името.
„Одговорот гласи: така е утврдено во коминикето од Букурешт! Ова значи има консензус од тогашните 26 членки (Албанија и Хрватска не беа членки, н.з.) кој вели: кога еднаш спорот со името е решен, ФИРОМ ќе стане членка на НАТО. Значи вакиот постигнат конзензус би требало најпрво да се раскине, во име на еден нов консензус. Таква е регулатривата во НАТО. И доколку нема нов консензус, а Грција тој нов договор никогаш нема да го прифати, значи нема ниту нова состојба, ситуација“, потенцира Ердман, додавајќи дека во моментов нема подготвеност од земјите како Германија, САД, Франција и Британија, да побараат од Грција да го почитува меѓународното право и да ја отстрани блокадата, бидејќи „Грција е членка на ’клубот’, а секогаш солидарност се гради со оној кој е член на клубот“, вели Ердман.
Германскиот амбасадор се осврнува и на претстојниот Самит на Алијансата во септември во Велс, потенцирајќи дека министрите за надворешни работи на земјите членки се согласиле проширувањето да не биде тема на тој собир, туку една година подоцна, кога се очекува НАТО да ја покани Црна Гора да стане дел од сојузот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.