Надворешна политика
Македонска црковно-државна делегација на ауденција кај папата Франциск
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски во понеделникот ја предводи македонската црковно-државна делегација која во рамките на одбележувањето на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил”, имаше аудиенција кај папата Франциск.
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски во понеделникот ја предводи македонската црковно-државна делегација која во рамките на одбележувањето на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил”, имаше аудиенција кај папата Франциск.
Вељаноски изрази благодарност за срдечниот прием и можноста да се разменат мислења и ставови кои ќе придонесат за развивање на традиционално добрите односи меѓу Светата столица и Република Македонија.
Поглаварот на Римокатоличката црква изрази задоволство од денешната посета и посочи на најзначајните вредности кои треба човештвото да ги негува. Папата Франциск упати апел да се надмине егоизмот и личните задоволства, да се мисли повеќе на другите и на иднината, да се раѓаат повеќе деца и да се почитуваат семејните вредности.
Претседателот на Собранието ја повтори поканата до папата за посета на Република Македонија и регионот, потенцирајќи дека неговата посета би била значајна за сите граѓани, без разлика на нивната верска или етничка припадност и би придонела во јакнењето на целокупната стабилност во регионот. Папата Франциск истакна дека би сакал да ја посети Република Македонија.
Вељаноски го потенцираше значењето на заедничките верски, историски и културни вредности кои длабоко ги поврзуваат Македонија и Рим како што се Светите браќа Кирил и Методиј кои зад себе оставија огромно духовно наследство за што како Македонци и како христијани сме горди и благодарни. Исто така, Претседателот на Собранието посочи дека Република Македонија на своевиден начин ќе партиципира во одбележувањето на канонизацијата на Мајка Тереза која треба да се одржи во септември оваа година.
Вељаноски на папата му подари уникатна рачно изработена митра, којашто е символ на трновиот венец Христов, дело на монахињите од манастирот посветен на „Св. Георгиј Победоносец” во Рајчица.
Во рамките на одбележување на традиционалната манифестација, претседателот Вељаноски оствари средба и со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин.
По завршувањето на посетата на Ватикан, делегацијата присуствуваше и на Благословување на Спомен-плочата на благодарност на македонскиот народ за делото на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј во базиликата „Санта Марија Маџоре” во Рим./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.