Надворешна политика
Максути: Мирот и безбедноста е основните предуслови за економски развој на секоја држава
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/IMG_3617.jpg)
Во Домот на АРМ во четвртокот се одржа меѓународна научна конференција SECURE 2016 во организација на Евро-атлантскиот совет на Македонија, во организација Министерството за одбрана и потпомогната од Секторот за јавна дипломатија на НАТО.
На денешната конференција, на покана на претседателот на АТА Македонија, Исмет Рамадани, учествуваше заменик министерот за одбрана, Беким Максути кој со свое обраќање ја истакна важноста за интеграција на Македонија во северно атлантското семејство и ЕУ, како клучен столб на безбедноста и стабилноста на регионот и пред се на Европа и пошироко.
„Мирот и безбедноста се основните предуслови за економски разој на секоја држава, вклучувајки ја и Македонија“, рече заменик министерот Максути.
Во тој контекст тој додаде дека земјите по пристапувањето во НАТО, бележет значаен и стабилен раст на странските директни инвестиции, а тоа носи позитивни придобивки како, зголемување на кредитниот рејтинг, подобро позиционирање на светскиот пазар, инвестирање во цивилната и воената структура итн.
Заменик министерот Максути пред присутните на конференцијата рече дека има широк консензус како меѓу политичарите така и меѓу граѓаните за членство во евроатлантските семејства. Интересот кон ЕУ и НАТО, континуирано ги унапредува меѓуетничките односи во Македонија. Впрочем високите резултати кои ги постигнува нашата Армија во меѓународните мировните мисии се дело на армија која е пополнета со мултиетнички персонал.
На конференцијата посветена на влијанието на евроатланстките интеграции врз економијата , регионалната безбедност и меѓуетничките односи, учествуваа гости од Албанија, од Секторот за јавна дипломатија од НАТО, академици, професори и претставници од бизнис заедницата./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/mucunski-viena.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mucunski-varheji.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Ukraina-1.jpg)
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.