Надворешна политика
Попоски – Црнадак: Унапредувањето на билатералната и регионалната соработка за што поскора интеграција во ЕУ и НАТО
Македонија и Босна и Херцеговина (БиХ) ќе работат на динамизирање на севкупната соработка и политичкиот дијалог меѓу двете земји, како и за што поскора интеграција во Европската унија (ЕУ) и НАТО, согласни шефовите на дипломатиите на двете земји, Никола Попоски и Игор Црнадак.
Македонија и Босна и Херцеговина (БиХ) ќе работат на динамизирање на севкупната соработка и политичкиот дијалог меѓу двете земји, како и за што поскора интеграција во Европската унија (ЕУ) и НАТО, согласни шефовите на дипломатиите на двете земји, Никола Попоски и Игор Црнадак.
Според Попоски, во рамките на Берлинскиот процес, и двете земји очекуваат дека регионот што поскоро ќе биде во состојба сам да испорачува и да стане подготвен за членството во евро и евроатланските институции, а при тоа приоритет останува севкупната соработка меѓу Скопје и Сараево.
„Во поглед на очекувањата од Берлинскиот процес, односно процесот кој гарантира дека сите земји од регионот ќе бидат дел од ЕУ, како регион очекуваме дека се повеќе ќе можеме сами да испорачуваме и да не очекуваме дека секогаш ќе треба некој друг или пак само да инвестира во соработката и просперитетот на регионот, туку дека можеме и самите да бидеме чинител кои ќе им даде сигурност на нашите европски партнери дека час поскоро ќе бидеме дел од европското семејство“, потенцираше министерот за надворешни работи.
Босанскиот министер Црнадак пак, порача дека посакува успешен завршеток на постигнатиот политички договор во Македонија со кој и беше ставен крај на политичката криза во земјата.
„Зборувавме и околу процесите на евроинтеграциите и за состојбата на овие процеси во БиХ и Македонија. Сакам да посакам успешен завршеток на договорот кој постои за новите избори во Македонија и тоа да биде една победа на демократијата и потврда за тоа дека Македонија е целосно подготвена да го спроведе на демократски начин и на истиот начин да ги спроведе и изборите“, изјави Црнадак.
Во заедничката изјава на двајцата министри пак наведени се и сферите на соработка во кои двете земји ќе посветат внимание, односно динамизирање на економските односи и економската соработка преку создавање поволна бизнис клима, взаемно поттикнување на инвестиции, вклучително преку организација на бизнис форуми, како и унапредување на соработката во областа на туризмот.
Важен елемент во соработката меѓу двете земји е и натамошното олеснување на комуникацијата на граѓаните на двете држави вклучително, преку отпочнување на процесот за заемно овозможување на влез и престој на државјаните на двете држави со биометриски лични карти, заклучија Попоски и Црнадак, најавувајќи дека овој процес ќе започне што е можно поскоро./крај/мф/бс
Извор: Фото/МИА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.