Контакт

Надворешна политика

Попоски на 12. Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација во Брисел

Објавено пред

Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе го претседава дванаесеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и Европската унија кој ќе се одржи во понеделник, во Брисел.
 

dobivaj vesti na viber

Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе го претседава дванаесеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и Европската унија кој ќе се одржи во понеделник, во Брисел.

 

Сопретседавач од страна на Европската Унија ќе биде словачкиот заменик премиер и министер за надворешни работи и европски прашања Мирослав Лајчак во име на Високиот претставник Федерика Могерини. На состанокот ќе учествуваат и заменикот претседател на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими како и Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан. Советот за стабилизација и асоцијација ќе го разгледа исполнувањето на политичките и економските критериуми и финансиската помош во изминатиот период, како и спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА). Ќе се дискутира за политичкиот развој во изминатите месеци и за планот за спроведување на итните реформски приоритети за пристапување во областите правда и внатрешни работи, фундаментални права, слободата на медиумите и реформата на јавната администрација.За време на работната посета Попоски и Бесими ќе остварат средби и со Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и Потпретседател на Европската комисија Федерика Могерини и со Комесарот за Европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан./крај/со/бб

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

(Видео) Патникот кој ја снимаше внатрешноста на авионот во Казахстан го преживеа падот: објави снимка и по несреќата

Патникот кој го објави видеото од азербејџанскиот авион кој се урна во казахстанскиот град Актау, објави нова снимка на која...

Македонија18 часа

Дурмиши: Ако трговците не ги коригираат цените, ќе бидеме принудени да донесеме одлука за замрзнување цени или маржи

Инспекторите од утрово прават анализи во маркетите во однос на тоа како се движеле цените на основните прехранбени производи во...

Македонија19 часа

Цените пораснаа до 25 проценти кај некои продукти, рече Мицкоски и најави реакција уште денес

На одредени продукти во маркетите цените им се зголемени до 25 проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој најави реакција од...

Македонија19 часа

Мицкоски им се извини на жителите на Арачиново и Липково: Има неодговорни градоначалници, ќе се стапи во контакт со општините за градинките

Постојат неодговорни градоначалници со неодговорни изјави, но тоа не треба да биде пречка, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со...

Македонија19 часа

ВМРО-НП предлага укинување на „Државната лотарија“: Покрај сите досегашни нерегуларности во кои била вклучена институцијата, се нанесува и непотребна финансиска штета

ВМРО-Народна партија со внимание ги следи случувањата во врска со „Државната лотарија“ и во контекст на тоа предлагаме вклучување на...

Македонија19 часа

Трипуновски: Децата ги фрлаа јаболката што ги добиваа, а се потрошија над 40 милиони денари, таа мерка ќе се модификува

Мерката на претходната влада за помош на овоштарството, со која учениците и децата во градинките добиваа јаболка, сегашниот министер за...

Свет20 часа

Во авионот што се урна имало државјани на пет земји – преживеале 28 патници, меѓу нив и деца

Државјани на пет земји имало во авионот што утрово се урна во Казахстан. Во соопштението на Министерството за транспорт на...

Свет21 час

(Видео) Се појави нова снимка од падот на авионот во Казахстан

Новата снимка од падот на авионот во Казахстан покажува дека леталото се запалило кога удрило во земјата. Khoảnh khắc máy...

Македонија21 час

Најмногу снег во Маврови Анови, најладно на Попова Шапка

Утрово најладно било на Попова Шапка каде што се измерени -5 степени, -4 се измерени во Маврови Анови, Крушево, -1...

Свет22 часа

(Видео) Се урна патнички авион, испратил СОС-сигнал над Каспиското Море: драма во Казахстан

Се урна патнички авион на АЗАЛ кој летал од Баку за Грозни, јавува АПА. Авионот испратил сигнал „СОС“ над Каспиското...

Свет23 часа

Само оваа година во Саудиска Арабија беа егзекутирани најмалку 330 луѓе: бројот на казните нагло се зголеми, една третина се странци

Најмалку 330 луѓе беа егзекутирани оваа година во Саудиска Арабија, што е најголем број на егзекуции досега забележани, покажуваат податоците...

Свет23 часа

Данска ја зајакнува одбраната на Гренланд по изјавата на Трамп дека сака да го купи: купуваат дронови и бродови, инвестираат големи пари

Данската влада најави огромно зголемување на буџетот за одбрана на Гренланд, неколку часа откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја...

Македонија23 часа

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на неколку патни правци

Како што извести АМСМ, забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци Крива Паланка – г.п.Деве Баир,...

Европа24 часа

(Видео) Масовен руски напад врз Харков: одекнаа десетина експлозии, објавени првите снимки

Русија изврши масовен ракетен напад врз градот Харков во источна Украина, каде во средата наутро беа пријавени серија експлозии. „Од...

Македонија2 дена

Антикорупциска нема да постапува против директорот на АНБ, Бојан Христовски – за веродостојноста на сертификатот велат дека не се надлежни

Антикорупциската комисија го затвори предметот за именувањето на директорот на АНБ, Бојан Христовски. За сертификатот по англиски јазик, издаден од...

Македонија2 дена

Одлуката за притвор за Груби останува во важност: Кривичниот суд ја одби жалбата

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, ја одби жалбата на одбраната на поранешниот вицепремиер, Артан Груби. „Кривичниот совет при...

Економија2 дена

Мицкоски најави робусна акција и за покачените цени: Апелирам големите трговски синџири да се преиспитаат, срамота е ова што го прават пред празниците

Вонредни инспекции и робусна акција ќе има во следниот период против девијантното однесување на маркетите, кои на сметка на новогодишната...

Топ2 дена

72-годишна скопјанка загина по удар од возило: била прегазена на раскрсница

Синоќа во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје,...

Македонија2 дена

(Видео) ДПМНЕ го пушти Груби да избега: „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат, „случајно“ згрешил службеникот на границата, вели Кузеска

„Со потсмев ги следиме обидите на ДПМНЕ да ја префрли вината за бегството на Груби врз СДСМ. Тоа е само...

Македонија2 дена

Мисајловски најави вработувања: В година ќе има оглас за 300 нови професионални војници и 60 луѓе со цивилни факултети

В година Армијата ќе вработи нови професионални војници, граѓани со цивилни факултети, но и администрација потребна на Министерството за одбрана,...