Надворешна политика
Попоски – Нуланд: Недвосмилена поддршка од САД за членството на Македонија во ЕУ и НАТО

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во понеделникот се сретна со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд, која престојува во работна посета на Македонија.
Министерот за надворешни работи Никола Попоски во понеделникот се сретна со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд, која престојува во работна посета на Македонија.
Соговорниците изразија задоволство од досегашниот развој на односите меѓу двете пријателски држави, втемелени на Декларацијата за стратегиско партнерство и соработка, како и заемно истакнатиот интерес за нивно натамошно унапредување, во сите области од заемен интерес.
Се разговараше за стратешката определба на Македонија за што е можно поскоро зачленување во НАТО и започнување на преговорите за пристапување во Европската унија, за што САД даваат недвосмислена поддршка.
„Во светло на наредниот самит на Алијансата во Варшава идната година, исполнетоста на критериумите за членство и учеството на припадниците на АРМ во рамките на повеќе мировни мисии, ни даваат полно право да инсистираме на надминување на сите пречки за нашето зачленување. Република Македонија е посветена на почитување на демократските принципи и меѓународното право. Истото го очекуваме и од сите наши партнери“, подвлече Попоски.
Соговорниците разменија мислења и за актуелните внатрешно – политички состојби и предизвици во Македонија, пришто македонскиот министер порача дека што поскорото надминување на политичката криза е во интерес на македонските граѓани и економијата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МНР: Македонскиот јазик е неоспорен и не е условен во предлог преговарачката рамка

Министерството за надворешни работи соопшти дека најостро ги демантира наводите што се споменуваат во јавноста дека македонскиот јазик не е чист во француската предлог преговарачка рамка за почнување на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија.
Ваквите наводи, велат од МНР, се неточни, опасни, ја доведуваат во заблуда јавноста и им штетат на интересите на државата.
Во продолжение целото објаснување од Министерството.
„Ја информираме јавноста дека македонскиот јазик е неоспорен и не е условен во предлог преговарачката рамка, која, меѓу другото, е преведена (и објавена) на македонски јазик од страна на преведувачките служби на Советот на ЕУ.
Став 22 од предлогот недвосмислено кажува дека правото на ЕУ ќе се преведе на македонски јазик: „Северна Македонија ќе треба навремено да направи преводи на правото на ЕУ (acquis) на македонски јазик пред пристапувањето и ќе треба да обучи доволен број преведувачи и толкувачи потребни за правилно функционирање на институциите на ЕУ по нејзиното пристапување“.
Во согласност со позициите консензуално утврдени од страна на нашето Собрание во декларацијата за спорот со Република Бугарија наша цел беше позицијата на Република Бугарија во однос на македонскиот јазик да не стане и позиција на ЕУ, а во оваа предлог-рамка тоа е целосно исполнето.
Практичната потврда за ваква неоспорна употреба на македонскиот јазик ќе биде потпишувањето на договорот за Фронтекс, со стандардна клаузула, каде што е наведен македонскиот јазик (без фусноти или дообјаснувања). Потпишувањето на договорот за Фронтекс е предвидено да се случи веднаш по одржувањето на првата меѓувладина конференција помеѓу Република Северна Македонија и ЕУ и државите членки. Оттука, овој меѓународен договор меѓу Република Северна Македонија и ЕУ, односно државите членки, и на македонски јазик, ќе стане дел од законодавството на ЕУ.
Со овој договор и нему сличните во иднина, како и со преводот на правото на ЕУ на македонски јазик во текот на преговорите за членство, македонскиот јазик ќе биде вклучен на исто рамниште во групата официјални јазици на ЕУ по нашиот прием во ЕУ.
Тврдењето дека Република Северна Македонија требало да бара цврсти гаранции преку внесување на Поглавјето 34 во преговарачката рамка е погрешно и манипулативно. Поглавјето 34 се дискутира на крајот на преговарачкиот процес кога е извесно дека земјата кандидат ќе стане земја членка на ЕУ. Ова поглавје не е ексклузивно посветено на внесување на јазикот на земјата кандидат за членство во семејството на официјални јазици на ЕУ и уште помалку има амбиција да признава јазици.
Во Поглавјето 34 се разработуваат институционалните и процедуралните правила на ЕУ и видовите адаптации кои се неопходни да се направат во постојното ЕУ-право за да ја внесе во прием новата земја членка (на пр., соодветната застапеност на новата земја членка во телата на ЕУ итн.). Земја кандидат нема процедурална можност да го отвора ова поглавје, ниту да го дискутира пред отворањето на преговорите.
Министерството за надворешни работи заедно со Владата на Република Северна Македонија и сите релевантни фактори ќе работи напорно во претстојниот период да ги надмине сите недоразбирања со Република Бугарија во согласност со договорот за добрососедски односи и со цел обезбедување непречени преговори и брза интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ. Предлог-рамката со недвосмислен македонски јазик и идентитет претставува основа за почнување на процесот на преговори“, велат од МНР.
Македонија
Бибер: Францускиот предлог е катастрофа

Францускиот предлог за одблокирање на бугарското вето е катастрофа за проширувањето, смета експертот за Балканот, Флоријан Бибер.
Бибер на Твитер објави дека иако изгледа добро да се стави крај на бугарското вето, тоа постигнува малку и носи големи опасности:
The French proposal for unlocking the Bulgarian blockade is a disaster for enlargement. While it looks good to end the ???????? veto, it achieves little and holds great dangers:
— Florian Bieber (@fbieber) July 6, 2022
„ 1. Го вклучува билатералниот спор во преговарачкиот процес на ЕУ, давајќи им легитимитет и охрабрување на идните членки на ЕУ кои ги блокираат земјите членки,
2. Значително се приближува до бугарските барања отколку позицијата на Македонците, па затоа е неурамнотежена.
3. Во суштина ја прифаќа националистичката логика на бугарската влада и сугерира дека постои прашање за дискриминација на Бугарите во Северна Македонија.
4. Игнорира дека проблемот е (делумно) создаден од ЕУ. 10.000 македонски граѓани добија бугарски пасоши бидејќи се ЕУ-пасоши, не затоа што се бугарски. Граѓаните и нивните барања да бидат граѓани на ЕУ (да работат) се злоупотребени од Бугарија за да тврди дека се „етнички“ Бугари.
5. Ги билатеризира и дискредитира механизмите за вистинските малцински права.
6. Нема да има доволно поддршка во Северна Македонија и нератификувањето на договорот ќе се толкува како неуспех во Северна Македонија, а не како неуспех на бугарските националистички барања.
Наместо лесен излез, францускиот предлог дополнително ќе го наруши угледот на ЕУ и ќе го закопа процесот на проширување“,
напиша Бибер.
Македонија
Шарл Мишел се сретна со Џафери и со координаторите на пратеничките групи

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, се сретна со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој престојува во еднодневна посета на земјата. На средбата присуствуваше и aамбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, и координаторите на пратеничките групи и претставниците на помалите политички партии во Собранието.
Поздравувајќи ја одлуката на претседателот Мишел за посета на земјата во овие моменти со цел да се запознае со разните мислења и ставови, претседателот Џафери посочи дека актуелното раководство и во минатото носело одлуки, кои долгорочно се покажале како правилни за државата и нејзината иднина и дека носи одговорност за донесување стратешки одлуки. Правејќи паралела со помирувањето на Франција и Германија како основа за формирањето на денешната Европска Унија, заклучи дека единствен начин за надминување на билатералните несогласувања остануваат отворениот дијалог и меѓусебното разбирање. Во однос на доставувањето на документите за прифаќањето на преговарачката рамка, претседателот Џафери истакна дека по нив соодветно ќе се пристапи штом бидат доставени до Собранието.
Претседателот Мишел образложи дека доаѓа во име на 27 земји членки на Унијата, кои стојат зад предложената рамка за лично да ги чуе аргументираните и легитимни мислења и резерви на политичките актери нагласувајќи дека има разбирање за фрустрациите и разочараноста во последните години во врска со официјалното непочнување на преговорите. Случувањата во поширокото европско соседство придонесоа за порешителни одлуки на европските лидери во однос на процесот на проширување и спречување трети страни за остварување на нивните интереси, кои се спротивни на интересите на Унијата. Во однос на загриженоста за формулациите во преговарачката рамка, тој појасни дека за македонскиот јазик се упатува јасна порака од Советот на ЕУ дека тој се почитува и сите документи во текот на процесот ќе се преведуваат на македонски јазик. Исто така, потенцира дека добрососедските односи се дел од критериумите и дека е важно тие да бидат надминати, но дека во процесот на преговори се вклучени сите членки на ЕУ, кои будно ќе го следат процесот на преговори.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, искажа благодарност за денешната средба во еден исклучително сензитивен период за државата укажувајќи ја нетранспарентноста во водењето на стратешките прашања како причина за реакциите на пошироката јавност искажувајќи резерва за предлогот со барање да се достави на увид билатералниот протокол со Република Бугарија за да се увери јавноста дали тој е или не е дел од преговарачкиот пакет.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, посочи дека процесот на преговори е комплексен и го образложи револтот кај граѓаните поради непочитувањето на дадените гаранции по преспанскиот договор и за почеток на преговорите со ЕУ. Граѓаните чувствуваат несигурност дали во оваа преговарачка рамка се последните барања за земјата. Тој искажа поддршка и побара помош од ЕУ во текот на процесот.
Координаторот на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми, истакна дека пријателите доаѓаат да дадат поддршка во тешки времиња. Тој алармира за напливот на лажни вести во врска со актуелниот предлог, особено за македонскиот јазик и за почетокот на преговорите само за Република Албанија апелирајќи до сите фактори да го прифатат предлогот, со што ќе се стави крај на овие вести и за рационалност во донесувањето вакви важни одлуки.
Претставничката на Алтернативата, Сафије Садики-Шаини, го поддржа актуелниот предлог повикувајќи на државна и општествена кохезија во процесот.
Координаторот на пратеничката група на Алијансата за Албанците, Илире Даути, го наведе нивниот јасен став за донесување стратешки одуки, како членството во НАТО и сега почетокот на преговорите со ЕУ, давајќи поддршка на актуелниот предлог и искористување на моментот за враќање на надежта, особено кај младата популација во земјата.
Претставникот на Беса, Бастри Бајрами, наведе дека земјата нема друга алтернатива, освен членство во Европската Унија и дека даваат јасна поддршка на актуелниот предлог, со апел за зрелост на политичките субјекти за иднината на следните генерации.
Претседателот Мишел се заблагодари за искажаните ставови посочувајќи дека има многу појасна слика за актуелните случувања охрабрувајќи ги политичките лидери да донесат одлуки според сопствените убедувања. Вратата на ЕУ е отворена: сега од вас зависи дали ќе влезете внатре, заклучи Мишел.