Надворешна политика
Анкета на IRI: Над 80 отсто од граѓаните го поддржуваат членството на Македонија во ЕУ и НАТО

Американскиот републикански институт (IRI) во понеделникот излезе резултати од истражување на јавното мнение по повеќе прашања, за други актуелни теми и области од претходно спроведената анкета, а според анкетата најважно надворешнополитичко прашање е признавање на името на државата Република Македонија за што се определиле 29 отсто од испитаниците, додека 23 проценти сметаат дека тоа е почеток на преговори со ЕУ и интеграција на државата во Европската унија.
Американскиот републикански институт (IRI) во понеделникот излезе резултати од истражување на јавното мнение по повеќе прашања, за други актуелни теми и области од претходно спроведената анкета, а според анкетата најважно надворешнополитичко прашање е признавање на името на државата Република Македонија за што се определиле 29 отсто од испитаниците, додека 23 проценти сметаат дека тоа е почеток на преговори со ЕУ и интеграција на државата во Европската унија.
Високи осумдесет проценти од граѓаните поддржуваат Македонија да стане член на ЕУ, што укажува дека се спротивставуваат на деструктивните сценарија за нејзино одалечување од членство, а само 14 се изјасниле дека се против државата да стане член на ЕУ. За членство на земјата во НАТО, исто така, е голема поддршката, односно изнесува високи 83 отсто, а 12 проценти се против.
Шеесет иседум проценти од испитаниците одговориле дека ниту биле лично подложни на притисок за време на изборите како што се присила, закани, поткуп или друг нелегално средство за да гласаат на одреден начин, ниту, пак, познаваат луѓе кои биле подложни на такво нешто.
Во однос на тоа дали ги слушнале аудио материјалите кои изминатите неколку месеци беа објавени од страна на опозицијата, 37 отсто од анкетираните одговориле дека ги имаат слушнато најголемиот дел од тие разговори, а 43 проценти, пак, рекле имаат слушнато дел од разговорите, додека 14 отсто рекле дека ги немаат слушнато, иако се информирани за нив.
Анкетата на IRI – Интернационалниот републикански институт е направена од 6-ти до 16-ти јуни, врз репрезентативен примерок од 1.105 испитаници./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МНР го поздрави повикот на ЕП за надминување на билатералните прашања надвор од пристапниот процес

Министерството за надворешни работи го поздравува усвојувањето на резолуцијата на Европскиот парламент за Република Северна Македонија на денешната пленарна седница во Стразбур.
„Како и досега, Европскиот парламент упати јасна политичка порака за важноста од забрзување на европскиот интегративен процес и почнување на преговорите за пристапување во Европската Унија со Северна Македонија веднаш. Охрабрува фактот што текстот на резолуцијата доби поддршка од огромен број членови на Европскиот парламент, што ја отсликува поддршката од поширокиот политички спектрум во рамките на ЕУ“, се наведува во соопштението на МНР.
Во него се додава дека особено е важно што Европскиот парламент ја реафирмирал стратешката важност на Северна Македонија и целиот регион на Западен Балкан и нивната иднина како дел од европското семејство.
„Почетокот на пристапните преговори и членството во ЕУ е силна инвестиција за стабилност не само за земјите од регионот туку и за ЕУ, особено во актуелниот безбедносен контекст во Европа. Во таа смисла го поздравуваме повикот на Европскиот парламент за надминување на билатералните прашања надвор од пристапниот процес, што е во духот и принципите на пристапниот процес. Парламентот исто така го препознава реформскиот напредок на земјата и нејзината подготвеност веднаш да ги почне преговорите со ЕУ“, посочуваат од МНР.
Македонија
Маричиќ: Иднината на Европа зависи од следните чекори на Унијата

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес учествуваше на панел-дискусијата „Демократијата во Европа – 30 години по Мастришкиот договор: Нови прашања за европската иднината и дилемите поврзани со проширувањето“, на која рече дека Северна Македонија постојано докажува дека е искрен и доверлив партнер на Унијата и дека одамна ја има надминато стратешката крстосница.
„Постојано докажуваме дека сме искрен и доверлив партнер на Унијата и цврсто чекориме кон реализација на целите, со целосен фокус и посветеност на реформите за да го скратиме периодот на постигнување европски квалитет на живот, што е најмоќната инспирација за граѓаните кои нè поддржуваат. Затоа очекуваме државите членки на Унијата да ја приспособат оптиката на реалноста и да одговорат на денешните предизвици, од кои ќе зависи и иднината на Европа“, кажа Маричиќ.
Истакна дека дилемата за иднината на Европа стана прашање во јавниот дискурс по стагнацијата на проширувањето на Унијата и со почетокот на војната во Украина, но дека за него нема дилеми.
„Иднината на Европа е сигурна само доколку перспективата е заедничка, обединета и со Западен Балкан во неа. Останува да се чуе гласот на Унијата, истата да ги направи нашите цели остварливи со лидерски чекор за старт на преговорите, за да обезбедиме подинамичен развој и да го направиме европскиот квалитет на живот јасно остварлив за граѓаните на Северна Македонија“, истакна Маричиќ.
За односите со Бугарија вицепремиерот рече дека стратешко долгорочно пријателство се гради постојано, дека лесно се рушат мостови, но тешко и долго се градат.
„Ние покажавме дека знаеме да градиме мостови со соседите и да подадеме рака. Денес бугарските власти имаат историска можност да подадат рака да изградиме мост на доверба и пријателство. Први соседи сме, сојузници сме во НАТО, ќе бидеме заедно и во ЕУ“, додаде Маричиќ.
Македонија
Николоски за предлогот на Макрон: Mестото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денес присуствуваше на настан посветен на одбележувањето на Денот на Европа, кој се одржа под насловот ,,Демократијата во Европа – 30 години по Мастришкиот договор” и посочи дека нашата држава е силно проевропски ориентирана.
Николоски говореше на тема за која рече дека некако се избегнува во Македонија, а која, како што кажа, не треба да се сфаќа несериозно.
„Имено, претседателот на Франција Емануел Макрон по последната победа на претседателските избори, мислам дека излезе досега со најјасен концепт за скицата на идниот европски модел. Како што гледаме, тој концепт од некои земји членки на ЕУ дури беше и поддржан, а вчера претседателот на Европскиот совет најави дека ќе свика еден собир на кој ќе се разговараа за оваа идеја. Накратко кажано, скицата е многу едноставна, ЕУ на постојните членки плус некоја нова земја доколку ги исполни економските, правни и системски критериуми на ЕУ, сите останати кои не сакаат да се дел од ЕУ која е една мала група од веројатно Велика Британија, Швајцарија и Норвешка и оние кои не ги исполнуваат критериумите за членство во ЕУ, секако тоа една далеку поголема група, тука се балканските земји и земјите од Истокот на ЕУ да бидат дел од т.н. Европска политичка заедница“, посочи Николоски.
Според потпретседателот на ВМРО-ДПНЕ, таа Европска политичка заедница би била лабава форма на сојузување, без цврста хиерархија, без извршна економска моќ, некоја напредна форма, на Советот на Европа или ОБСЕ.
„Во превод, далеку од европскиот сон кој го сонуваат генерации и генерации Македонци. Оттука, за мене збунува игнорантноста на македонската владејачка структура, како и на општествената елита за овој предлог. Воопшто не се отвора дебатата, а дури одредени структури се огласија и мислат дека е добра идеја. Јас лично, мислам дека за Македонија, членството во ЕУ нема и не смее да има алтернатива“, рече Николоски.