Контакт

Надворешна политика

Робин О’Нил: Израелското влијание врз Вашингтон, ќе биде во полза за решение околу името

Објавено пред

Посетата на премиерот Никола Груевски на Израел е мошне силна и важна за Македонија, особено во ова време. Оваа посета на македонскиот премиер на оваа силна држава во светот треба да биде предизвик и за сите претставници на Македонија низ целиот свет да продолжат да инсистират на важноста на меѓународното признавање на Македонија како „Република Македонија“, изјави во екслузивното интервју за Програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ“, поранешниот медиатор во грчко македонскиот спор, Робин О’Нил

dobivaj vesti na viber

 

 

Британскиот дипломат притоа додаде дека станува збор за „добри вести и дека е одлично тоа што премиерот на Македонија, се сретна со неговиот израелскиот колега Натанјаху, пришто беше срдечно пречекан“, како и дека ова може „само да помогне на целата стабилност во медитеранскиот регион“. „Велам медитеранскиот регион затоа што, тоа ги опфаќа и Израел, и сите тие земји во источниот дел на Средоземјето, вклучувајќи ја и Македонија….“, нагласи медијаторот О’Нил

 

Запрашан колку може да помогне влијанието на официјален Тел Авив врз Вашингтон за македонската перспектива, О’Нил ја изнесе оцената дека „Израел има силно влијание врз Вашингтон, и ќе биде корисно доколку тоа влијание се оправда, и се спроведе на директен и можен начин“, оценува О Нил ,и продолжува:

 

„…. Верувам дека САД,сочувствуваат со Македонија и со признавањето на Македонија како Република Македонија. Но, верувам дека САД можат да одиграат и подиректна улога во инсистирање околу ова прашање, доколку така сакаат“…,истакнува британскиот амбасадор.

 

Запрашан каков е неговиот став за иднината на мисијата на Метју Нимиц, како посредник меѓу Македонија и Грција, поранешниот преговарач одговори дека „Пред 23 години, на крајот од мојата мисија за обид да се реши прашањето со името на Македонија, грчката влада инсистираше дека таа мора да биде задоволна околу мерките за градење доверба и околу усвојувањето од страна на Македонија на име избрано од Грција. Денес, грчката влада инсистира пред г-дин Нимиц дека таа мора да биде задоволна со мерките за градење доверба и со усвојувањето од страна на Македонија на име избрано од Грција. Со други зборови, никаков напредок не е постигнат во изминативе дваесет итри години, и покрај сите напори на посредниците да донесат решение за овој проблем, па дури иако се разбира, мерките за градење доверба беа договорени пред многу години“.

 

А ваквиот заклучок, продложи О’Нил, е зацврстен со извештаите од Њујорк за најновите разговори меѓу Македонија и Грција под покровителство на Нимиц. „Ова не е критика за г-дин Нимиц, кој неуморно работеше на изнаоѓање решение. Но, дојде време искрено да се признае вистината, дека целта на грчката влада е никогаш да не се договори решение за прашањето со името на Македонија“, смета Британецот.

 

„Секоја следна влада во Грција знае дека на крајот Македонија ќе биде меѓународно признаена под нејзиното правилно име, Република Македонија. Исто така, секоја следна влада во Грција знае дека кога тоа ќе се случи, ќе има непосредна краткорочна емотивна реакција на непријателство од страна на некои, можеби многу Грци, и дека тоа ќе ја направи тогашната влада непопуларна. Па така, секоја грчка влада работи на неограничено одлагање на било какво решение“, проценува О’Нил.

 

Според него, ваквата состојба во преговорите меѓу Скопје и Атина е вистинита и значи дека Нимиц нема надеж за успех на својата мисија и „по мое мислење, дојдено е времето Владата на Република Македонија да го признае тоа, и да бара други начини за добивање општо меѓународно признавање на правото на Македонија според меѓународното право да го користи името што сама го избрала, како и на обврската на меѓународната заедница да го прифати тоа“, одговори О Нил

 

Британскиот дипломат не ги заобиколи и другите начини на овој спор и потенцира дека „Македонија треба да поднесе жалба директно до меѓународната заедница, со други зборови до сите членки на Обединетите нации, за целосно да ја признаат под нејзиното уставно име во согласност со меѓународното право, односно како Република Македонија. И претходно сугерирав дека ова треба да се направи во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, но, владата на Македонија никогаш не презеде ништо во таа насока“.

 

Другиот пат, што го сугерира О’Нил, е преку Европската унија и НАТО. Пред сè, сите земји-членки на ЕУ (со исклучок на Грција, се разбира), според него, сега треба да ја признаат Македонија под нејзиното уставно име и да инсистираат на постојано користење на тоа име, а и членките на НАТО треба да го направат истото.

 

„Ова ќе ѝ покаже на Грција дека навистина е изолирана по ова прашање и дека нејзината политика на уцени конечно пропадна. Ако, спротивно на меѓународното право и преземените обврски според Времената спогодба од 1995 година, Грција сè уште одбива да размислува за давање согласност за прием на Македонија во овие организации под името ПЈРМ (не го исклучувам тоа како привремен чекор), и ЕУ и НАТО треба да работат на изнаоѓање алтернативни начини за практичен прием на Македонија во дефакто полноправно членство во овие организации. Сметам дека е интересно што одговорниот комесар на ЕУ (за проширување, Јоханес) Хан, сега придава поголем интерес и важност на ова прашање….“, истакна О Нил

 

Британскиот експерт и познавач на случувањата на Балканот, не ја исклучи и анализата на прашањето зошто е ова важно за НАТО и ЕУ, како и за меѓународната заедница во целост?

 

О’Нил притоа даде конкретен одговор: „Сериозниот проблем со имиграцијата со кој се соочува ЕУ зборува сам за себе. Македонија, освен Грција, е клучна точка на патот на мигрантите кои се обидуваат да се пробијат од Турција до дестинациите во ЕУ. Решавањето на ова прашање би било во голема мера потпомогнато доколку Македонија е членка на ЕУ“.

 

„А сериозната безбедносна ситуација во регионот и на Блискиот исток бара силно НАТО, вклучувајќи што е можно повеќе земји во подрачјето на НАТО. Чудно е што Црна Гора е примена во НАТО, а Македонија, која долги години придонесува во неговите мисии, сè уште е исклучена“, забележува Британецот.

 

Според О’Нил, Европската комисија и земјите-членки на ЕУ треба јавно да ја изнесат важноста што ѝ ја придаваат на Македонија ,како дел од решението за мигрантската криза со која се соочува ЕУ, и да кажат дека ова може да се направи само со Македонија како членка на ЕУ. „Тие навистина може да ѝ кажат на Грција дека мора да се откаже од своето противење на членството на Македонија во ЕУ, ако сака целосна соработка на другите земји-членки во справување со големите проблеми со кои се соочува во моментов во врска со напливот на мигранти во Грција…“,дециден е О Нил.

 

Запрашан, каков е интересот на САД за овој проблем, и каква улога може тие да одиграат, Робин О Нил го изложи својот став дека „САД имаат силен интерес за стабилноста на регионот, а надвор од регионот, за нестабилноста на Блискиот исток. Членството на Македонија во НАТО и во ЕУ ќе ги зајакне двете организации и ќе го отстрани елементот на слабост на Балканот“.

 

Вели дека САД можат да одиграат директна и многу важна улога за влегувањето на Македонија во НАТО, и со тоа, да остварат силно влијание врз членките на ЕУ.

 

„Веќе реков дека спорот со името сега е нерелевантен: Грција не е сериозна при барањето алтернативно име за Македонија. Гласот на САД би бил многу моќен во кажувањето на Грција дека сега мора да се откаже од политиката на опструкција која трае 23 години без добивка за никого….“, потецира О Нил…

 

Запрашан за можноста да се одлучи решавањето на прашањето околу името  од македонска страна по пат на Референдум, британскиот дипломат е конкретен во одговорот дека „Референдумот би да биде моќна дипломатско-политичка иницијатива“, истакнува О Нил, и додава:  ..„Тој во голема мера ќе зависи од прашањето што ќе му се упати на македонскиот народ. Ако на референдумот народот на Македонија се праша дали сака името на државата да остане „Република Македонија“, и ако луѓето гласаат цврсто за тоа, на владата ќе и се даде силен мандат и тоа ќе значи крај на процесот на медијација кој трае веќе многу години, секако, со поддршка на Обединетите нации“.

 

Сепак, предупредува дека во тој случај мора да се очекува дека Грција тогаш би рекла дека Македонија еднострано ги прекинува преговорите и затоа, можеби, ќе воведе санкции од своја страна.

 

„Затоа, би било важно тогаш Македонија да започне светска дипломатска иницијатива за да објасни дека постапила така за да го зачува своето име според меѓународното право, по 23 години преговори без никаков напредок. Во исто време, Македонија треба да го изнесе прашањето за името во Обединетите нации, со цел нејзиното исправно име целосно да се признае таму“, вели О’Нил.

 

Оценува дека ваквата иницијатива сама посебе нема да ѝ помогне на Македонија во желбата да влезе во ЕУ и во НАТО. Меѓутоа, вели натаму О’Нил, политиката која ја следеше досега не го постигна ова, па, откако „меѓународната заедница во целост ќе го признае правото на Македонија да го користи името по свој сопствен избор, другите членки на тие организации ќе бидат во посилна позиција да извршат притисок врз Грција или да приговори, или да изнајде алтернативен начин за прием на Македонија.“ изјави , Робин О Нил, поранешен медијатор во грчко македонскиот спор во интервјуто за Програмата Гласот на народот со Слободан Томиќ. /крај/мф/ст

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа3 минути

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет7 минути

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет17 минути

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа22 минути

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион10 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија10 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет13 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија16 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија18 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија19 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија20 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија20 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија21 час

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ22 часа

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа24 часа

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет1 ден

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа1 ден

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...

Европа1 ден

(Видео) Нов голем руски напад врз Киев, градот преплавен од ракети

Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради,...

Регион1 ден

Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак...

Свет1 ден

Шефот на Инстаграм на суд: Апликацијата не предизвикува клиничка зависност

Адам Мосери, шефот на Инстаграм, сведочеше дека не верува дека корисниците можат да бидат „клинички зависни“ од апликацијата за социјални...