Контакт

Надворешна политика

ССА повика брзо да се спроведе договорот од 15 јули

Објавено пред

Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија на дванаесетти состанок го поздрави договорот кој лидерите на четирите главни политички партии го постигнаа на 15 јули, со посредство на Европската унија, за да се стави крај на политичката криза и повика договорот да биде брзо спроведен во добра волја, вклучувајќи ги и итните реформски приоритети за системските прашања од владеењето на правото за кои сите страни се обврзаа.
 

dobivaj vesti na viber

Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија на дванаесетти состанок го поздрави договорот кој лидерите на четирите главни политички партии го постигнаа на 15 јули, со посредство на Европската унија, за да се стави крај на политичката криза и повика договорот да биде брзо спроведен во добра волја, вклучувајќи ги и итните реформски приоритети за системските прашања од владеењето на правото за кои сите страни се обврзаа.

 

Со состанокот претседаваше Никола Попоски, министер за надворешни работи,  а од страна на Европската унија со состанокот сопретседаваше Лајчак, заменик премиер и министер за надворешни и европски работи на Република Словачка, во име на Високиот претставник, Федерика Могерини. Комесарот Јоханес Хан ја преставуваше Европската комисија, а на состанокот исто така учествуваше и Фатмир Бесими, заменик претседател на Владата на Македонија  задолжен за европски прашања.Советот за стабилизација и асоцијација го зеде предвид настојувањето на земјата за започнување  преговори за пристапување, во контекст на препораките на Европската комисија. Исто така, ги зеде предвид Заклучоците на Советот кои беа донесени на 16 декември 2014 година, потоа на 21 април 2015 година и на 23 јуни 2015 година.На состанокот се разгледаа клучните настани од претходниот период кои се однесуваат на исполнувањето на политичките критериуми. Советот за стабилизација и асоцијација дискутираше за продолжената политичка криза во земјата, како и за сериозните и системски прашања поврзани со владеењето на правото, а во врска со следењето на комуникациите. Го поздрави договорот кој лидерите на четирите главни политички партии го постигнаа на 15 јули, со посредство на Европската унија, за да се стави крај на политичката криза и повика договорот да биде брзо спроведен во добра волја, вклучувајќи ги и итните реформски приоритети за системските прашања од владеењето на правото за кои сите страни се обврзаа. Беше речено дека Владата подготвила нацрт Акциски план за реализација на итните реформски приоритети во областите на владеењето на правото и судството, јавната администрација, медиумите, реформа на изборното законодавство, меѓу-етничките односи и економското управување, како и за спроведување на препораките на Комисијата за испитување на настаните од 24 декември, земајќи исто така превид дека Владата веќе спроведува некои од тие активности, имено активностите во однос на владините јавни информативни кампањи, законот за лустрација и статистичките податоци за јавната администрација. На состанок на Пристапниот дијалог на високо ниво кој ќе се одржи во септември, а кој ќе ги вклучи и опозицијата и граѓанскиот сектор, ќе се разгледа постигнатиот напредок. Советот за СА исто така го зема предвид повикот на ЕУ за темелна и независна истрага за сите наводи, вклучувајќи ги и оние на потенцијалните престапи обелоденети во објавените снимки од прислушуваните разговори, со целосна почит на процедуралните правила, начелата на независност на обвинителството и судството и презумпцијата на невиност.Се потсети дека регионалната соработка и добрососедските односи остануваат суштински, а за поздрав е и континуираното активно учество на земјата во регионалната соработка, како и претседавањето со Централно европската иницијатива.Беше разгледан и миграцискиот притисок со кои се соочува земјата и целиот регион, напорите кои биле преземени до сега, како и планираната конференција на високо ниво која треба да се одржи во месеците кои престојат, како што е наведено во заклучоците на Европскиот совет од 25-26 јуни 2015 година.Во врска со економскиот развој, Советот за стабилизација и асоцијација забележа дека економијата на земјата продолжи да расте минатата година, дека се одржува макро-финансиска стабилност, како и дека инфлациското опкружување останува добро. Ја поздрави изготвената Програма за економски реформи (ПЕР) за периодот од 2015 до 2017 година и ја повика Владата да спроведе активности врз основа на препораките во рамките на Економскиот и финансиски дијалог, одржан во мај 2015 година. Ја зеде предвид и ја охрабри тековната работа во однос на управувањето со јавните финансии. Се изрази задоволство од напредокот во однос на програмирањето на идната помош од ЕУ, како и напорите за надминување на недостатоците во апсорпција на фондовите на ЕУ и за подобрување на капацитетите на институциите задолжени за спроведување на истите. Советот за стабилизација и асоцијација исто така го зеде предвид добриот напредок постигнат во разни области опфатени со Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Го поздрави и високото ниво на трговска интеграција и пристапувањето на земјата кон Конвенцијата на ЕУ за заедничката транзитна постапка. Советот за стабилизација и асоцијација потсети на предлогот од Комисијата од октомври 2009 година за преминување во втората фаза на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Потврди дека одлуката за предлогот останува во Советот на ЕУ./крај/мф/бб

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија2 часа

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија3 часа

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија4 часа

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...

Македонија4 часа

(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче...

Македонија4 часа

Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: Се загрозува независноста со економски притисок

Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на...

Македонија4 часа

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија....

Македонија5 часа

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –...

Македонија5 часа

Утре без струја неколку скопски населби

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година,...

Економија5 часа

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми....

Македонија6 часа

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае...

Европа7 часа

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...

Свет7 часа

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет8 часа

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет8 часа

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете научници, ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на Австралија....

Свет8 часа

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет9 часа

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија22 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија1 ден

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ1 ден

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...