Надворешна политика
Стефаноски: Придонесот на регионот кон безбедноста и стабилноста е значаен и високо вреднуван
Државниот секретар на Министерството за одбрана, Сашо Стефаноски, во четврток и петок учествува на третиот Форум за Безбедност кој се одржува во Софија, во организација на Софискиот безбедносен форум и Бугарската академијата на науките.
„Придонесот на земјите од овој дел на Европа во унапредувањето на безбедноста, стабилноста и мирот е навистина значаен и високо вреднуван. На регионалната соработка помеѓу земјите се гледа како на значаен предуслов за подобрување на регионалната безбедност, стабилност и економски раст. Дополнителен стимул за јакнење на безбедноста претставува решавањето на отворените билатерални и внатрешни прашања преку меѓусебен дијалог и разбирање“, истакна Стефановски на панелот посветен на темата „Регионална безбедност – предизвици на Балканот и поширокото Црноморска подрачје“.
Државниот секретар Стефаноски, во рамките на своето обраќање порача дека Македонија ќе продолжи кон патот на спроведување на реформите, не само во одбраната туку и во останатите области, вклучително и со континуиран придонес во меѓународните мировни операции.
Посочувајќи ги предизвиците со кои се соочуваат Балканот и Црноморскиот регион, Стефаноски ги истакна и значајните чекори кои Македонија ги превзема за да одговори на предизвиците кои овозможуваат исполнување на условите за членство во НАТО и зајакнување на безбедноста во регионот. Членството во НАТО и во ЕУ, напомна државниот секретар, ќе преставува сериозен исчекор во јакнењето на долгорочна стабилност и безбедност, не само на балканскиот регионот туку и на европскиот континент.
„Меѓутоа, најголемиот предизвик кој ќе помогне да се обезбедат стабилноста и безбедноста на долг рок, е да се одговори на прашањето кога Македонија и останатите земји од Југоисточна Европа ќе станат дел од европските и евроатлантските структури. НАТО има незавршена работа во регионот, а тоа е прием на сите земји аспиранти кои ги исполнуваат критериумите за членство“, истакна Стефаноски.
На маргините на форумот Државниот секретар, Стефаноски се сретна со новиот министер за одбрана на Бугарија, Николај Ненчев.
На седумте панели на форумот учествуваат високи претставници на Владата на Бугарија, како и претставници на Бугарската академија на науките, Обединетите нации, НАТО, Европскиот парламент, голем број професори и претставници на академската фела./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.