Контакт

Надворешна политика

Заев: Гледаме напред, ги поставуваме темелите на обновата

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во петокот оствари средба со новоименуваниот амбасадор на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.

dobivaj vesti na viber

На средбата било нагласено дека од врвен приоритет за Македонија се кредибилни избори на 11-ти декември и стабилизација на земјата по изборите, соопштуваат од СДСМ.

„Сите напори на СДСМ се насочени кон обезбедување на слободната волја на граѓаните на Македонија. На 11-ти декември мора да победи и ќе победи Република Македонија. За таа цел се министрите и дополнителните заменици министри на СДСМ во техничката Влада, за таа цел партијата донесе одлука за тематски Конгрес за отворање простор за широк фронт против режимот. Промените се почнати, СДСМ гледа напред, заедно со граѓаните веќе ги поставува темелите за обнова на Македонија“, рече Заев.

Голем дел од разговорот беше посветен на Програмата на СДСМ со којашто Социјалдемократскиот сојуз економски ќе ги стабилизира семејствата и претпријатијата, ќе обезбеди социјална правда, институции на граѓаните, демократско општество со независно судство и професионални медиуми, практично се она што е наведено како приоритет во Извештајот на Прибе, додаваат од СДСМ.

На средбата е изразена заедничка согласност дека местото на граѓаните и на Македонија е во Европската унија и во НАТО и дека тој пат може да го трасира само демократска и одговорна Влада избрана на слободни и регуларни избори./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Спасовски: СДСМ ги повлекува сите амандмани, бараме средства за справување со пожарите и настраданите во Кочани

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција најави дека СДСМ и коалицијата ќе ги повлечат сите...

Македонија4 часа

МНР го осуди говорот на министерот Георг Георгиев, бугарскиот амбасадор повикан на разговор

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон претседателот на Владата и институциите на...

Македонија4 часа

Ангелов со апел до граѓаните: Пријавете на 112 ако видите сомнително однесување поврзано со пожарите

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска упати силен апел до граѓаните да пријават какво било сомнително...

Македонија6 часа

Не само што се сомневаме, туку имаме и докази дека пожарите се подметнати, рече Мицкоски

Не само што се сомневаме, туку имаме и докази, изјави премиерот, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ветуваше подобра преговарачка позиција, донесе единствено понижувања на државата

По преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ наследи стабилна и јасна позиција во евроинтегративниот процес со загарантиран македонски јазик во Европската Унија...

Македонија7 часа

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на прес-конференција во Владата информира дека статусот на Охридското Езеро...

Македонија8 часа

Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побаран притвор за двете лица што нападнаа новинарска екипа

Постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, скопското Обвинителство поведе итна постапка против две лица – маж и жена...

Македонија10 часа

Димитриевски: Македонија мора да се обедини доколку сака да се зачува и да опстане

Претседтелот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски на денешната прес-конференција рече дека вчерашниот ден, на прв поглед,...

Македонија11 часа

Успеавме да спречиме ЕП да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски, вели бугарскиот шеф на дипломатијата

„Успеавме да спречиме Европскиот парламент да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски. Северномакедонскиот премиер очигледно не е возбуден...

Македонија11 часа

СДС се сити на пожарите, постојано се подметнуваат, а тие шират политички хаос и прават политички маркетинг, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Според партијата на власт, во СДС ништо не се менува и СДС продолжува со истата политичката матрица секогаш кога има...

Македонија12 часа

„Вреди“ до ДУИ: Доста со лаги, Албанците не се бројки за манипулација, ниту нули за игнорирање

Секојдневно, ДУИ шири ниски и бесрамни лаги против владењето на „Вреди“, обидувајќи се да ја измами јавноста со празни тврдења...

Македонија12 часа

Активни девет пожари во државата: сè уште гори во Чучер-Сандево, Визбегово, Дојран, Македонски Брод

Центарот за управување со кризи информира дека во моментов се активни девет пожари, меѓу нив и пожарот на депонијата во...

Спорт13 часа

Вимблдонска приказна што треба да ја прочитаат Сиљановска и Мицкоски: Чилеанец со македонско потекло, кој се гордее со тоа

Од специјалниот известувач од Вимблдон По скандалите со доделувањето на македонски пасоши на белосветски криминалци и нарко-босови, вистински потег на...

Свет14 часа

Рубио денес ќе се сретне со Лавров

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на состанокот...

Европа14 часа

(Видео) Експлозии одекнуваат во Киев, во тек е масовен руски напад, има жртви

Русија изврши масовен воздушен напад врз Украина втора ноќ по ред, а Киев беше најтешко погоден, каде што експлозиите одекнуваа...

Македонија14 часа

Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај

Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП...

Македонија23 часа

(Фотогалерија) Армијата вклучена во гаснењето на пожарите

Армијата согласно одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за учество на дел од припадниците на Армијата во гаснењето на пожарите и...

Македонија1 ден

Тошковски: Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека денеска бил тежок ден со вкупно 20 пожари ставени под контрола, а...

Македонија1 ден

Ангажирани 60 војници за пожарот кај Ѓорче Петров, грчките канадери упатени кај Дојран

По барање на Центарот за управување со кризи, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај селото Николиќ, во близина на...

Македонија1 ден

Најдено починато лице во близина на пожар во Кривопаланечко

Едно лице е најдено починато во близина на пожар во сeлото Лозаново, Кривопаланечко, соопшти МВР. Во присуство на јавен обвинител...