Контакт

Надворешна политика

Заев се сретна со францускиот пратеник Филип Диран

Објавено пред

Шансите за решавање на политичката криза со помош на меѓународните претставници, актуелните политички предизвици на Македонија, економските проблеми, закочените евро-атлатски процеси, беа темите на коишто во понеделник разговараа претседателот на СДСМ, Зоран Заев и пратеникот во Парламентот на Р.Франција, Филип Диран.

dobivaj vesti na viber

 

 

„Неопходни се споделени гаранции за имплементација на препораките од Извештајот на Прибе, бидејќи посочените критични области се кочничар за демократско функционирање на институциите на системот, коишто се комплетно партизирани, како и за организирање слободни избори“, рече Заев.

 

Двајцата соговорници, како што се наведува во соопштението од СДСМ, констатирале дека процесот Вистината за Македонија откри бројни злоупотреби во највисоките врвови на власта, злоупотреби на релација извршна – правосудна власт, контрола на власта врз медиумите.

 

На средбата е изразена посебна загриженост за проблематичниот Избирачки список, како и за недозволивото функционирање на републичкиот јавниот обвинител, на обвинителот за организиран криминал, на судството, по директиви на актуелната власт.

 

„Доколку утре со помош на пријателите од Европската Унија и САД не бидат договорени организацијата на влада и механизмите што треба да обезбедат демократски институции и избори, СДСМ ќе пристапи кон алтернативните начини за остварување на овие цели“, најави Заев.

 

Францускиот пратеник Диран ги поздрави храброста и одлучноста на претседателот на СДСМ, Заев, СДСМ и опозицијата, во битката за промените коишто се потребни, како на граѓаните на Македонија, така и за иднината на државата, се вели во соопштението од СДСМ. /крај/со/ст

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

(Фото) Двајца доктори од Македонија учествувале во спасување на повредените во терористичкиот напад во Германија

Двајца македонски доктори учествувале во лечење на повредените од синоќешниот напад на Божиќниот базар во Магдебург, објави Амбасадата на Македонија...

Регион8 часа

Албанија го забрани ТикТок откако тинејџер беше смртно прободен минатиот месец

Албанија објави едногодишна забрана за TikTok по убиството на тинејџер минатиот месец, што ги зголеми стравувањата за влијанието на социјалните...

Свет14 часа

(Фото) Расте бројот на жртвите во терористичкиот напад во Германија: пет мртви, 205 повредени

Бројот на загинатите во нападот на божиќниот саем во германскиот град Магдебург се искачи на пет, а 41 лице е...

Македонија14 часа

(Видео) Петрушевски: СДС свесно го оставија Груби да ја краде државата, за тие да продолжат да владеат ден повеќе

„СДС се виновни што Груби неказнето крадеше, сите знаеја дека краде, а никој не смееше да го санкционира“, рече денеска...

Македонија15 часа

Завршува санацијата на главниот водовод, за неколку часа сите во Скопје ќе имаат нормално водоснабдување

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод, информираа од ЈП „Водовод и...

Македонија16 часа

(Видео) Младеновска: Страшно, починале 20 бебиња за 6 месеци – СДСМ бара оставка од Таравари

Сериозно загрижувачки се статистиките за смртноста на деца во изминатите шест месеци, кажа денеска на прес конференција Рената Младеновска, членка...

Македонија16 часа

Институтот за јавно здравје издаде важни препораки за безбедна употреба на вода по прекинот на водоснабдувањето

Институт за јавно здравје издаде препораки во насока за тоа кои чекори треба да се преземат одкако водата ќе биде...

Топ18 часа

Се испитуваат причините за смрт на машко лице пронајдено во водите на Црна Река

Основното јавно обвинителство Кавадарци презема повеќе дејствија за испитување на причините за смртта на 64-годишен скопјанец кој на 16 декември...

Македонија1 ден

МНР му врачи протестна нота на рускиот амабасадор во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека попладнево во министерството бил повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската...

Македонија2 дена

Вода за пиење за Клинички е обезбедена со донација, Таравари ќе се обиде да ги редуцира операциите закажани за утре

Министерот за здравство Арбен Таравари уверува дека Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е подготвен за утрешниот прекин во водоснабдувањето во Скопје,...

Економија2 дена

Големите синџир-маркети не ја поскапеле пакуваната вода, граѓаните да пријават поскапувања во маалските маркети, повика Пазарната инспекција

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, ги повика граѓаните да пријават доколку забележат поскапување на водата во Скопје во...

Македонија2 дена

За Дурмиши, најголеми инспектори се граѓаните: Секое изигрување на цените пријавете го на бесплатниот број 191

Во првите шест дена откога стапи во сила новогодишната кошничка со 10 отсто поевтини цени на над 1.000 производи, нема...

Македонија2 дена

На Вања ѝ било пукано во главата додека клечела на колена, на лентата на нејзината уста најдена ДНК – Обвинителството изведе докази во судот

Во главата на Вања било пукано од непосредна близина. Пред да биде застрелана, таа била жива, а трагите од кал...

Македонија2 дена

Погодена зграда во Киев, каде што се наоѓа Амбасадата на Македонија, МНР го осуди рускиот напад

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев. „Воедно, информираме...

Регион2 дена

(Видео) Едно дете почина по масакрот во училиште во Загреб, тешко повредена наставничка, објавија хрватските медиуми

Хеликоптер на брзата помош ги пренесе повредените од основното училиште во Загреб, кои со нож ги ранил 19-годишник. Повредени се...

Регион2 дена

(Видео) Снимено како децата бегаат од училиштето во Загреб, каде што напаѓач со нож повреди неколку лица

Непознат напаѓач, наводно ученик, утрово со нож нападнал наставник и неколку ученици во основното училиште „Пречко“, а според пишувањата на...

Македонија2 дена

Два термоблока во РЕК „Битола“ утрово исклучени од мрежа, во тек се операции за вклучување на ТЕ „Битола 1“

Термоелектраната „Битола 2“, утрово, во 8.22 часот, поради активирана заштита, е исклучена од функција. Шест минути подоцна, од електроенергетската мрежа...

Македонија2 дена

(Видео) Од 1.1.2025 година задолжително регистарски таблички со ознака НМК

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови, кои имаат ознака...

Македонија2 дена

Дрин Ахмети нема да одговара кривично оти за петардите количината била мала, ќе плати глоба

Дрин Ахмети нема да одговара кривично за превезувањето на пиротехничките средства. Тој со себе носел седум петарди и 15 кутии...

Македонија2 дена

Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците, најавуваат од Студентскиот отпор

Министерството за образование и наука и ЈСП „Скопје“ нека бидат свесни – студентите нема да молчат додека нивното право на...