Македонија
Николовски: Шумската полиција работи без гориво и со прастари униформи
Шумските полицајци работат без бенефициран стаж, плата земаат според Правилник, не по закон, униформа последно задолжиле пред седум години, немаат гориво за возилата, се дел од обвинувањата кои во вторник ги упати дополнителниот заменик министер за земјоделство, од редовите на СДСМ, Љупчо Николовски.
Тој рече дека во последниот период добил голем број информации, официјални дописи од вработени и командири од Шумско полициски станици, за алармантно лошата состојба во овој исклучително важен дел од Министерството за земјоделството.„Како дополнителен заменик министер остварив повеќе контакти и разговори со вработените, вклучително и со раководителот на Шумската полиција и по направените анализи за жал може да констатираме дека работата на шумската полиција е пред колапс“, рече Николовски.Овој сектор, смета Николовски бил запоставен, па иако бројот на вработени од 2006 година е тројно зголемен, состојбата со кражбата на дрва е влошена.„На овие овластени службени лица со посебни должности и овластувања кои немаат бенефициран стаж им се исплатува плата по правилник а не според Законот за работни односи и колективниот договор за административни работници. Дополнително, неправилно се пресметуваат надоместоците на плата за работа за време на празници и неработни денови, немаат посбен колективен договор, а само 7 од 30 шумско полициски станици имаат командири“, рече Николовски.Вработените чија работа е теренска, во планина и лоши временски услови, со сериозни ризици, задолжени со лично и формациско вооружување и како што самите вработени велат работа поврзана со криминални банди немаат основни услови за работа, смета дополнителниот заменик министер.„Недозволиво со месеци вработените да немаат гориво за возилата, да функционираат со голем дел неисправни возила, да сами мора да се снајдат за униформа како знаат и умеат бидејќи последен пат со неа се задолжиле пред 7 години. Несериозно и крајно неодговорно е вработените да немаат основни материјално технички средства и опрема, да работат на комјутери од 1999 година“, рече Николовски и праша на кого му одговара ваквата состојба во која што работи и функционира шумската полиција во државата.Јавно побара наместо за споменици, скулптури, мерцедеси и телевизори Владата веднаш да обезбеди средства за работа и функционирање на шумската полиција.„Јасно давам поддршка на писмениот предлог на министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, за итно формирање на работна група од неколку министри што ќе изнајдат решенија за статусот и проблемите на овие вработени“, додаде тој./крај/со/бб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До 15 февруари трае трката за „Млад инженер на годината“: повик до младите таленти до 35 години да се пријават
Инженерската институција на Македонија информира дека повикот за пријавување на инженери за избор за наградата Млад инженер на годината трае до 15.02.2026 година (недела). На овој повик може да се пријават сите млади инженери до 35 години (вклучувајќи и 35 години) на следниот ЛИНК.
Како што потврдуваат од ИМИ, освен возраста, новиот Млад инженер ќе се избира согласно постигнатите инженерски резултати во 2025 година, лидерството и инспирацијата за младите; креативноста и иновативноста; споделувањето знаење, ангажирањето во заедницата и општествено и етичкото влијание на околината.
Свеченото прогласување на новиот млад инженер ќе се одржи на 31.03.2026 година во Холидеј ин. Повод за доделување на признанието е 21 март – Денот на македонските инженери. Целта на оваа иницијатива е да се промовираат младите инженери на национално и меѓународно ниво што ќе придонесе младите луѓе да се насочуваат кон инженерска професија.
Новиот Млад инженер ќе учествува на Европската конференција на млади инженери. Согласно правилата, од сите пријавени кандидати, во потесна селекција ќе бидат избрани 5 лица за кои гласа Комисија на ИМИ и од нив се избира победникот.
Минатата година со ова Признание се закити Филип Попоски од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Партнер на настанот е Друштвото за комуникациски менаџмент Чептер 4.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.

