Македонија
Нов протест пред Собранието за оставка од Иванов

Како и претходниот ден, во четвртокот во доцните попладневни часови започна протестот против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на 56 лица вклучени во случаи кои произлегуваат од прислушуваните телефонски разговори Собранието на Република Македонија.
Ново барање на денешните протести, за кои како организатор се јави движењето „„Протестирам“, е покрај оставката на претседателот Иванов е и ослободувањето и отфрлање на секакви обвиненија против тринаесетте лица кои беа приведени од вчерашните протести и отпочнување на процес за избор на експертска влада која би го подготвила теренот за слободни и кредибилни избор.
Една група граѓани се собра пред објектот во кој е сместено Специјалното јавно обвинителство, за да искажат поддршка на институцијата која произлезе од четирипартитниот договор на најголемите политички партии во земјата за надминување на политичката криза Втората е пред Собранието на Република Македонија, којашто го очекува спојувањето со првата.
Некои улици во строгиот центар на Скопје засега се блокирани, а забележливо е побројното присуство на полицијата, по синоќешното дивеење на група хулигани кои ја демолираа Народната канцеларија на претседателот на државата..
Повторни се извикуваат паролите „Нема правда, нема мир“ и „Оставка“. Исто така, се бара и итно суспендирање на отпочнатиот процес на распишување на парламентарни избори./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кирков до Арсовска: Знаете ли дека ви изгореа „Дрисла“, „Вардариште“, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советнинкот во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, со објава на социјалните мрежи ја праша градоначалничката Данела Арсовска дали знае, дека изгореа Дрисла и Вардариште а како што вели Скопје е затрупано со смет кој никој не го собира.
„Добар ден градоначалничке?
Како сте?
Знаете ли дека Дрисла ви изгоре, Вардариште исто така, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате. Орце се утепа од работа да го гаси вашиот пожар.
А со ЈСП до каде сте?
Нели Скопје ќе го правевте модерен град“.
За Зоолошка, вели Кирков да не правиме муабет.
„Таму животните умираат од болести од 19 век. Ова се лошите вести, добрите се што Скопје ќе ве преживее.
Си одите уште месец дена“, пишува тој во објавата.
Македонија
Утревечер собир на плоштадот „Македонија“ во Скопје: со ѕвездено небо и молк да обележиме шест месеци од масакрот во Кочани

Утре во 20:16 часот, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, ќе се одржи собир на кој ќе се обележат шест месеци од пожарот во дискотеката во Кочани со 62 жртви и над 200 повредени.
Иницијативата „Кој е следен?“ и студентски активисти повикуваат на достоинствено сеќавање, со ѕвездено небо и молк, како симбол на солидарност и граѓанска одговорност.
„Ова не беше несреќа. Не беше трагедија. Беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Не смееме да отрпнеме. Болката мора да ја почувствуваме сите заедно . таа болка треба да не разбесни и да не поттикне на акција. Вистинската борба за живот или смрт е токму борбата за Кочани“, велат организаторите.
Обвинението, поднесено во јуни, сè уште не е оценето од надлежниот суд, поради обемноста на предметот и бројните приговори од страна на обвинетите. Вкупно 34 физички и три правни лица се соочуваат со обвиненија.
Семејствата на загинатите преку „Марш на ангелите“ во Кочани секоја сабота веќе шест месеци бараат одговорност и правда за нивните деца, а протести се организира и во други градови.
Македонија
Јаневска потпиша протокол: Македонија и Турција ќе разменуваат наставно – научен кадар, ученици и студенти

Македонија и Турција ќе потпишат протокол за соработка во областа на науката, технологијата и иновациите. Дефинирањето на содржината на документот е во финална фаза и за истиот се дискутираше на денешната средба помеѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и турскиот амбасадор Фатих Улусој.
„Двете страни изразија подготвеност процесот да биде заокружен до крајот на годината, а потпишувањето на протоколот ќе ги зајакне односите помеѓу двете држави и ќе обезбеди поголема соработка помеѓу образовните и научните установи, размена на наставно – научен кадар, ученици и студенти“, велат од Министерството за образование.
За време на средбата, министерката Јаневска го претстави концептот за основање на првиот технолошки парк во Скопје, а турската страна изрази подготвеност да ја поддржи реализацијата на оваа идеја преку претставници на турската бизнис заедница во Македонија.
На средбата се зборуваше и за унапредување на наставата на турски јазик во Македонија која ја следат над 8000 ученици, преку повеќе обуки за наставникот кадар и вложување во додатни наставни помагала и опрема.