Македонија
Новинарот на „Фокус“: Изворот кој ми ги даде личните карти е пратен од некој кој знае многу повеќе
Новинарот на неделникот „Фокус“, Љубиша Арсиќ во понеделник сведочеше во судот за случајот со фалсификувани лични карти во којшто обвинет е Захир Бекири – Чаушот и неговиот брат.
Не откри кој му ги дал фалсификуваните лични карти, случај за којшто овој неделник пишуваше во неколку продолженија, но се сомнева дека човекот бил пратен од „некого кој знае многу повеќе од него“.„Не сакам граѓаните, идни пријавувачи на кривични дела, да ги ставам во загрозена позиција и да ги одвратам од пријавување. Многу извори прво ги пријавуваат криминално-корупциските случаи во медиумите наместо во институциите. Не сакам да отворам простор за спинување на информацијата знаејќи ја медиумско-политичката спрега. Не сакам да ги изневерам моите колеги новинари и овој извор за мене останува анонимен“, изјави Арсиќ одговарајќи на прашањето на Јавната обвинителка, дали му е познат идентитетот на лицето што му ги дало личните карти.Изворот му ги предал личните карти на улица и го замолил да не го открива неговиот идентитет, иако новинарот не го ни познавал. Му нагласил дека има лица кои многу повеќе знаат од него, но чекаат погоден момент кога ќе го соопштат тоа. Арсиќ изрази сомнеж дека човекот е испратен „од некого што знае повеќе од него и што има повеќе информации од него“. Му предал вкупно 105 примероци од лични карти завиткани во бел лист хартија кој не бил целосно завиткан. Му кажал дека се фалсификувани и дека се изработуваат на две локации и дека немаат метална фолија. Според изворот, постоеле триесетина илјади такви лични карти коишто биле употребени на избори. Ова за новинарот биле иниции да започне новинарско истражување, но случајот најпрвин го пријавил во централата на Министерството за внатрешни работи, каде го примил Директорот на Бирото за јавна безбедност. „Тоа што за нас како редакција беше важно во случајот, имајќи во предвид дека имаме постојани контакти со анонимни и непознати извори, не ни беше важно да се занимавме со фалсификувањето, тоа е обврска на институциите, тргнавме кон истражување на еден поширок контекст. Кои се лицата на фотографиите, дали постојат, дали личните податоци се нивни и вистинити и да се обидеме да одговориме на дилемата дали навистина ваквите лични карти завршиле на избори. И по 7-8 месеци и за мене и за ‘Фокус’ и за јавноста остана непознато кој ги изработувал личните карти, каде, со каква цел, дали е нечија нарачка, дали некој плати, зошто сум избран јас и зошто е избран „Фокус“ како медиум“, рече Арсиќ. Судењето продолжи со сослушување на лице, чии лични карти биле злоупотребени.На минатото рочиште како сведок на Обвинителството беше сослушан Сашо Јовановски, началник на Одделението за финансиски криминал во Бирото за јавна безбедност при МВР.Сведокот потврди пред судот дека во компјутерите запленети од домот на Бекири биле пронајдени фајлови кои се совпаѓаат со податоците од 105 лични карти кои новинар на неделникот „Фокус“ ги пријавил во Министерството за внатрешни работи. Јовановски истакна дека на 54 лица им биле злоупотребени личните податоци од нивните лични карти.Захир заедно со својот брат Имер се сомничат дека стојат директно зад аферата со фалсификуваните лични карти.Според обвинението, Захир Бекири во својот дом имал работилница за изработка на фалсификувани документи, преса, секачи, амблеми, фалсификувани полномоштва од нотари./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До 15 февруари трае трката за „Млад инженер на годината“: повик до младите таленти до 35 години да се пријават
Инженерската институција на Македонија информира дека повикот за пријавување на инженери за избор за наградата Млад инженер на годината трае до 15.02.2026 година (недела). На овој повик може да се пријават сите млади инженери до 35 години (вклучувајќи и 35 години) на следниот ЛИНК.
Како што потврдуваат од ИМИ, освен возраста, новиот Млад инженер ќе се избира согласно постигнатите инженерски резултати во 2025 година, лидерството и инспирацијата за младите; креативноста и иновативноста; споделувањето знаење, ангажирањето во заедницата и општествено и етичкото влијание на околината.
Свеченото прогласување на новиот млад инженер ќе се одржи на 31.03.2026 година во Холидеј ин. Повод за доделување на признанието е 21 март – Денот на македонските инженери. Целта на оваа иницијатива е да се промовираат младите инженери на национално и меѓународно ниво што ќе придонесе младите луѓе да се насочуваат кон инженерска професија.
Новиот Млад инженер ќе учествува на Европската конференција на млади инженери. Согласно правилата, од сите пријавени кандидати, во потесна селекција ќе бидат избрани 5 лица за кои гласа Комисија на ИМИ и од нив се избира победникот.
Минатата година со ова Признание се закити Филип Попоски од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Партнер на настанот е Друштвото за комуникациски менаџмент Чептер 4.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.

