Македонија
Обвинителство оформи 42 предмети поврзани со изборни нерегуларности
Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека до овој момент врз основа на случени кривично правни настани се оформени вкупно 42 предмета.
Од нив 20 предмети се оформени по службена должност по допрен глас по наводите објавени во медиумите, на порталите, по социјалните мрежи. Оформени се три предмети по кривични пријави поднесени од физички лица за сторено кривични дела поврзани со изборниот процес.
Деветнаесет предмети се оформени и по нив се постапува од поднесоци доставени од здруженија на граѓани, политички партии и институции. Од нив, два предмети се оформени по испратен поднесок на електронската адреса на Комисијата за следење на изборни нерегуларности, останатите седумнаесет се оформени по писмено доставување по пошта на пријави.
Голем дел од пријавите поднесени од здруженија на граѓани или политички партии, пристигнаа по оформување на предмети по допрен глас за истите настани. Стигнатите кривични пријави беа придружени кон основниот предмет оформен по допрен глас и препратени кај надлежните обвинителства на натамошно постапување.
Сите 42 оформени предмети ги препрати на итно постапување до надлежните Основните јавни обвинителства. При тоа, согласно дадените насоки од Јавното обвинителство, Основните јавни обвинителства во секој од предметите итно преземаат мерки и дејствија со цел расветлување на настаните, утврдување на фактите за откривање на евентуална кривична одговорност. Се испитуваат подносители на пријавите, сведоци, лица кои можат да помогнат во откривање на настаните, издадени се бројни наредби до Министерството за внатрешни работи за прибирање на потребни факти и податоци во предметите, како и до други институции за прибирање на потребни информации. Постапувањето на Основните јавни обвинителства ќе продолжи се до утврдување на фактичката состојба и донесување на јавно обвинителска одлука.
Јавното обвинителство преку Комисијата за следење на изборни нерегуларности и преку редовното работење на надлежните Основните јавни обвинителства ќе продолжи со постапување во сите предмети, стручно, професионално и итно, ценејќи ги сите основи кои укажуваат на основи на сомнение или основано сомнение за сторени изборни нерегуларности.
Воедно, Јавното обвинителство на Република Македонија ја повикува јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции, сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес, да достават поднесок / пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности на електронската адреса [email protected] и до сите надлежни Основни јавни обвинителства./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

