Контакт

Македонија

Одложена комисиската расправа за СЈО, Јанева не дојде

Објавено пред

Претседателот на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците Влатко Ѓорчев ја одложи седницата која што беше закажана за вторник во 12 часот и на која требаше да се разгледува шестмесечниот извештај за работата на СЈО.

dobivaj vesti na viber

Седницата е одложена откако Ѓорчев констатираше дека не е присутна подносителката на извештајот, обвинителкaта Катица Јанева.Јанева уште во понеделникот најави дека нема да се појави повторно пред собраниската Комисија и ја напушти седницата, бидејќи, според неа, тоа што ѝ се прави е класичен мобинг. Таа, исто така рече дека ќе се појави во Собрание само на пленарна седница.Освен Извештајот на СЈО, Комисијата требаше да расправа и за извештајот на државниот обвинител Марко Зврлевски, но тој никако да дојде на ред, а и тој денеска не се појави во Собранието./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Арсовска: „Такво време дојде, ем да тепаат жени, ем да глумат жртви дека се тепани“

Објавено пред

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи пред утрешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, на кое по изведувањето на доказите и сослушување на сведоците, ќе има завршни зборови со кои постапката за насилството влегува во својата последна фаза, информираат од нејзиниот кабинет.

dobivaj vesti na viber

„Командант Барути Љамалари на вчерашното судење се обиде да поднесе кривична пријава за насилство извршено од моја страна врз него.

Тврди дека сум го тепала со лекарски извештај од дигестивен хирург изваден отпосле во градска болница, кој му дал потврда по негово кажување дека повреди имал на ногата ќутекот што го јадел од мене.

Судот и обвинителството вчера одбија од него да прифатат кривична пријава, со која командантов Барути Љамалари тврди дека сум го тепала“, вели Арсовска.

На утрешното судење, додава Арсовска, ќе има завршни зборови, искрено вели, би сакала од него уште еднаш гласно да слушне „како јадел ќутек“.

„Такво време дојде ем да тепаат жени, ем да глумат жртви дека се тепани“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Интервју со Тони Тоневски, директор на „Булмак 2016“: Над милион евра од рудникот годинава ќе отидат во општините Пробиштип, Крива Паланка и Кратово

Објавено пред

Рударската компанија „Булмак 2016“, која управува со рудниците Тораница и Злетово, годинава речиси двојно го зголеми износот за концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини. Со тоа во буџетите на трите општини Пробиштип, Крива Паланка и Кратово ќе се слеат над милион евра. Растот се должи на висината на концесискиот надоместок, кој од јануари годинава е зголемен од 2 на 4 проценти.

dobivaj vesti na viber

Директорот Тони Тоневски, кој е и кандидат за градоначалник на Пробиштип, зборува за тоа како Булмак го гледа својот придонес во локалниот развој, какви се бизнис плановите за наредните години и зошто рударството мора да се гледа како стратешка индустрија за Македонија. Компанијата е дел од групацијата „Минстрој холдинг“.

Рударството повторно станува актуелно во Европа како економски двигател, но овој пат во фокусот на индустријата е постигнување на целите на зелената транзиција. Дали овој бран на промени се чувствува и кај нас?

„Булмак 2016 работи во традиционално рударски регион, но како индустриска гранка се уште има простор да се развива и расте, се разбира, како и досега со примена на европските стандарди за заштита на животната средина. За двата рудника, Злетово и Тораница, Булмак 2016 поседува А-интегрирана еколошка дозвола, и со тоа нашата работа е строго регулирана и под контрола на државните органи. Тоа значи дека сме обврзани да го следиме и пријавуваме секој аспект – од емисии во воздухот, до квалитетот на водите, управувањето со отпад и бучавата. Ова не е формалност, туку законска рамка која гарантира дека рударството е усогласено со европските стандарди. Месечно доставуваме извештаи до Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат, и таа транспарентност е дел од нашата одговорност.

Покрај тоа, инвестираме и во заштита на самите вработени – модерни системи за вентилација, лична заштитна опрема, во обуки на вработените и медицински надзор. Здравјето и безбедноста на луѓето кои работат под земја се наш највисок приоритет.

Македонија има потенцијал да се вклучи во европскиот процес на развој на технологијата на чиста енергија и да имаме свој придонес во таа зелена транзиција. Очекуваме дека најновите законски решенија за рударството ќе го овозможат тоа“.

Годинава рударските компании одвојуваат речиси двојно повеќе средства за концесиските надоместоци за поддршка на општините. Како Булмак 2016 е подготвена за оваа промена?

„Се разбира дека промената влијае, но ние сме подготвени и го прифаќаме како дел од нашата обврска да го зацврстиме општествениот капацитет и локалниот развој. Во интерес и на нас и на локалната заедница во трите општини – Пробиштип, Крива Паланка и Кратово е тие средства да се искористат за вложувања во развој на заедницата. Односно, ако тие пари се вложат во патишта, училишта, болници, директно во тие општини каде работите, сите ќе имаме корист. Овие средства за нас се и алатка која обезбедува транспарентност, која е клучна за компанијата, затоа што сакаме луѓето да гледаат дека дел од вредноста што ја создава рударството се враќа таму од каде потекнува. Ние ќе продолжиме со инвестициски активности и модернизација, бидејќи тоа е предуслов за стабилна работа.

Рударството е столб на економскиот развој на регионот. Нашите рудници обезбедуваат стотици директни и индиректни работни места. Имаме подизведувачи со кои работиме. Значи директно сме вклучени во над 700 домаќинства, а индиректно таа бројка е многу поголема. Поддржуваме и други локални проекти во образование, култура и спорт што ја потврдува нашата цврста заложба дека рударството може да биде симбиотичка алатка на локалните заедници, а не само индустрија.

Како партнер на локалната заедница, на рудниците не гледаме само како на извор на суровини, туку и двигател на општествен живот“.

Дел сте од многу голем рударски ходлинг, колку искористувате од тоа искуство за развој на македонското рударство?

„Булмак 2016 е дел од Минстрој Холдинг, една од најголемите рударски корпорации во регионот со седиште во Бугарија. Поддршката од матичната компанија ни овозможува стабилност и пристап до современи технологии и знаење, што е клучно за долгорочен развој. Тоа ни овозможува во Пробиштип и Крива Паланка да сме значаен фактор за економски раст – обезбедуваме стотици директни и индиректни работни места и ја поддржуваме локалната инфраструктура, спортот и културните настани. Тоа е начин да покажеме дека рудникот е партнер, а не само индустриски капацитет“.

Кои се главните бизнис цели и планови на Булмак2016 за периодот по 2025 година?

„Нашата цел е модернизација на технологијата, зголемување на безбедноста и продолжување на животниот век на рудниците. Работиме на нови истражувања кои треба да потврдат резерви за долгорочна експлоатација. Постојано воведува новини –  системи за управување со производството, како и да ја зголемиме енергетската ефикасност. Паралелно, планираме соработки со образовните инсутуции, од каде во моментов младите доаѓаат за пракса во нашата компанија. Посветуваме внимание на оваа соработка затоа што младите се важен сегмент од општините, сакаме да придонесе за намалување на одливот на млади и да ги задржиме во регионот. За нас, одржливоста значи три нешта: стабилно производство, безбедни вработени и здрава животна средина. На тие три столба ќе градиме и понатаму“.

Вие не сте ново име во политиката – ова е вашата третa трка за градоначалник на Пробиштип. Како ја гледате врската меѓу овој ангажман и раководењето со Булмак 2016?

„Како човек кој двапати ја добил поддршката од моите сограѓани од 2009 до 2017 година, сега влегувам со многу поголемо искуство и докажан успех во јавниот и во приватниот сектор. Раководењето со ’Булмак 2016’ ми даде дополнително практично искуство во управување на големи тимови, испорачување на цели, планирање на инвестиции и финансиска дисциплина – вештини кои особено ќе помогнат во уште поефикасно општинско менаџирање со јасни приоритети и рокови. Од другата страна, искуството од локалната власт ми потврди дека во раководењето со јавните процеси нема место за импровизации: процедурите мора да бидат ефикасни и транспарентни, а тимовите да бидат координирани.

Координацијата помеѓу локалната власт, Владата и бизнис заедницата е единствен начин како да се продуцира економски раст и инвестиции за подобар живот во Пробиштип. Мислам дека тоа можам да го постигнам со моето искуство и контакти. Ако не привлечеме поддршка од Владата и бизнис заедницата, Пробиштип ќе биде запоставен како што е последните години, а можеме повеќе“.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

За 20 проценти се зголемени платите на социјалните работници, вели Мицкоски

Објавено пред

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање посочи дека колективниот договор потпишан од Министерството за социјална политика, демографија и млади, значи зголемување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита за 20 проценти, како и подобрување на условите за работа.

dobivaj vesti na viber

„Станува збор за потпишување на колективен договор во историска смисла на зборот за вработените во социјалните установи и центрите за социјални работи ширум државата. Со тоа ќе имаме значително зголемување на платата, започнувајќи од платата за месец август. Во периодот којшто следи Министерството за социјална политика, демографија и млади прави историски чекор во таа насока, но не е само зголемувањето на платите коешто треба да биде 20тина%, туку станува збор и за услови коишто ќе го подобрат амбиентот на работа на вработените во тие установи и ќе значат дополнителна енергија во рамките на социјалната политика во Македонија како држава“, вели Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Арсовска: „Такво време дојде, ем да тепаат жени, ем да глумат жртви дека се тепани“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи пред утрешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, на...

Македонија15 минути

За 20 проценти се зголемени платите на социјалните работници, вели Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање посочи дека колективниот договор потпишан од Министерството за социјална политика,...

Македонија2 часа

ДУИ: Од Балансер до Бадeнтер, план за рушење на уставниот поредок

Северна Македонија никогаш немала влада- по настроена против Охридскиот договор, против европската иднина и европската интеграција и повеќе од рамнодушна...

Свет3 часа

Сијарто: Европските политичари се најжестоките противници на мирот во Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека европските политичари во моментов се „најжестоките противници на мирот во Украина“,...

Топ4 часа

Го удирале со боксови по целото тело и глава: преку психијатриско вештачење ќе се утврди дали тројцата осомничени свесно го извршиле убиството во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како...

Македонија4 часа

На ГП Меџитлија откриени над 300 шишиња со хемиски препарати за прскање: спречен обид за криумчарење

Царинските службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија. Во раните...

Свет4 часа

(Видео) Напаѓачот од САД се претставувал како жена: оставил морничави пораки

Напаѓачот во училиштето во Минеаполис, кој уби две деца и рани најмалку 17 други, е идентификуван додека полицијата истражува манифест...

Македонија17 часа

СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за...

Македонија19 часа

Родителите од Демир Хисар револтирани: Законот ги принудува учениците на сместување во домови за да добијат превоз

Родители од Демир Хисар изразија незадоволство од измените на законот за средно образование и изразија загриженост за превозот на децата...

Македонија22 часа

(Видео) „Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалира со ДУИ“, вели Стојаноски

„Денешната прес-конференција на Венко Филипче е најдобар доказ дека СДС е изгубена во сопствените лаги и дека се обидува со...

Македонија22 часа

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година, и тоа по сите предмети, велат од МОН

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во...

Топ23 часа

МВР со детали за пожарот кај „Зебра“: четири возила зафатени од огнот

Денеска, во 2.05 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територијата на Центар, било опожарено патничко моторно...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт основните трошоци се зголемени за 4.300 денари, а минималната платата за 1.800 денари

ВМРО-ДПМНЕ за една година ја доведе државата во најголема економска несигурност што сме ја виделе досега, а граѓаните живеат сé...

Македонија1 ден

„Кандидатурата на Мециновиќ за Скопје е договор на партијата Левица да им помогне на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ е дил на Левица за помош на ДУИ и СДС, со математика Орце...

Топ1 ден

Убиство во Кавадарци, тројца уапсени

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во...

Македонија1 ден

Муцунски за „Политико“: Државата не е подготвена за уставните измени што ги бара Бугарија без цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното такво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за политичкиот...

Свет1 ден

Макрон до Нетанјаху: Обвинувањата за антисемитизам се навреда за Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кое остро реагираше на неговите обвинувања дека Париз...

Македонија1 ден

Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра. Според последните информации огнот се проширил и зафатил...

Свет1 ден

Премиерот на Канада: Путин се плаши да се сретне со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за условите за...

Свет1 ден

Зеленски: Од украинска страна сè ќе биде што е можно поподготвено за да се стави крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во текот на оваа недела претставниците на таа земја ќе имаат повеќе меѓународни контакти,...