Контакт

Општество

Анализа: Квалитетот на лекот „Ефералган“ не е спорен

Објавено пред

Квалитетот на лекот „Ефералган“ не е спорен, покажаа резултатите од анализата на Фармацевтскиот факултет и Институтот за Јавно здравје за контрола на квалитетот.

Од Агенцијата за лекови и медицински средства(МАЛМЕД), лекот е повлечен на барање на прозиводителот како мерка на претпазливост по откривањето на мали пластични честички (неинфективни) при рутинска проверка на опремата за пакување на производот (надворешно).

 МАЛМЕД одобри повлекување на лекот EFFERALGAN орален раствор 30mg/ml со сериски броеви:  Р1447, Р4737, Р6077, Р9468, R1767 и R3180 до ниво на аптека, а не до ниво на пациент.

 Лекот доброволно се повлекува од пазарот во сите земји. /крај/со/ст

 

Македонија

Повеќе од 400 поими и нивните дефиниции за родова еднаквост достапни на македонски јазик

Објавено пред

Од денеска на македонските граѓани им се достапни повеќе од 400 поими и нивните дефиниции од терминологијата за родова еднаквост, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Од таму посочуваат дека Европскиот институт за родова еднаквост (ЕИГЕ) ги превел Поимникот и Речникот, кој ги содржи сите синоними и сродни концепти и на македонски јазик.

„Целта на Поимникот и Речникот со македонски зборови е заедничко разбирање на поимите за родова еднаквост во чувствителната комуникација на оваа тема во ЕУ и пошироко“, објаснуваат од Mинистерството.

Додаваат и дека на темата „Родово чувствителна комуникација“ била организирана дводневна регионална виртуелна работилница, на која повеќе од 60 учесници од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и во Турција имале можност да научат како да го употребуваат и промовираат родово одговорниот и инклузивен јазик во нивната работа, во националните документи, како и во јавната комуникација.

Поимникот и Речникот со кој се гради заедничко разбирање за поимите за родова еднаквост, освен на македонски јазик, преведен е и на албански, српски и на босански јазик.

Речникот е достапен на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба Шаќири – Силвестри: Во фокусот сајбер-безбедностa и дигитализацијата

Објавено пред

Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, денес се сретна со амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри.

На средбата министерот Шаќири го информира амбасадорот Силвестри за достигнувањата и процесите што веќе се почнати во областа на дигитализацијата и сајбер-безбедноста.

За време на состанокот особено внимание беше посветено на сајбер-безбедноста. Се разговараше за растечкиот тренд на сајбер-нападите и мерките што треба да се преземат. Разгледани се неколку можности за соработка во конкретни проекти во областа на сајбер-безбедноста за подобрување на условите, подобра заштита, процена на ризик и мерки за спречување на сајбер-ризиците.

Министерот Шаќири изрази голема благодарност за подготвеноста на амбасадорот и италијанската држава да ја понудат својата помош во иницијативите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Народниот правобранител со апел до оние што сакаат да патуваат да се информираат за условите за патување

Објавено пред

Народниот правобранител упатува апел до граѓаните пред планираните патувања да се информираат за условите за патување што важат при излез и напуштање на државата, како и за условите и правилата што важат во земјата што е нивна конечна дестинација.

Од канцеларијата на народниоот правобранител укажуваат дека доколку граѓаните ги исполнуваат условите за соодветната земја, а не им биде овозможено патување, односно бидат вратени назад, да се обратат во канцеларијата на народниот правобранител со поднесување претставка заедно со документацијата што ја поседуваат како потврда за исполнетост на условите.

Претставката може да се поднесе лично во главната канцеларија во Скопје или по електронски пат, како и во подрачните канцеларии во Тетово, Кичево, Битола, Струмица, Штип и во Куманово.

Овој апел и реакција на народниот правобранител, како што информираат од таму, се по добиени сознанија за постоење индиции за незаконско и дискриминаторско постапување на вработените службеници на „ТАВ аеродроми“, кои неосновано не им дозволуваат на граѓаните Роми да си го чекираат багажот и да им биде издаден бординг-пас за летот за кои имаат купено билети.

Имено, според информациите од народниот правобранител, станува збор за наводна појава на дискриминација во областа на пристапот до добра и услуги по основ на етничка припадност, боја на кожа и расна основа кон етничките Роми, кои се државјани на РСМ и кои имаат уредна документација за патување (патна исправа, сертификат за извршена вакцинација, сертификат за прележан Ковид-19 или, пак, потврда за негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа или брз антиген-тест не постар од 48 часа) поради нееднаквиот третман со другите граѓани на државата што патуваат со авион во странство.

„Доколку добиените сознанија се точни, народниот правобранител го оценува овој чин како срамна дискриминација кон нашите сограѓани Роми поради што го повикува менаџментот на ‘ТАВ аеродроми’ и нивните вработени веднаш и неодложно да го променат нивниот однос кон оваа група патници воспоставувајќи еднаков третман кон сите граѓани на Република Северна Македонија што се упатуваат кон одредена детстинација, а располагаат со сите потребни документи“, стои во писмениот допис од оваа институција.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

Третата доза на „Фајзер“ значително ја зголемува заштитата кај оние над 60 години, покажа израелска студија

Третата доза на вакцината на „Фајзер“ против Ковид-19, значително го зголемува заштитниот ефект кај луѓето постари од 60 години, покажа...

Европа30 минути

Австрија го блокира надоместокот за невработените лица што одбиваат вакцинација

Австриската служба за вработување одлучи да ги блокира надоместоците за невработеност за оние кои не сакаат да се вакцинираат. Од...

Свет49 минути

Кина сака пристап до транспацифичкиот партнерски сојуз

Министерот за трговија на Кина во писмена форма му го го предаде барањето за придружување кон договорот за слободна трговија...

Европа1 час

Орбан: Унгарија ќе биде меѓу последните што ќе ја напушти ЕУ доколку некогаш се расформира

Унгарија мора да остане членка на Европската Унија за да обезбеди постојан пристап до нејзиниот единствен пазар, изјави денеска премиерот...

Регион2 часа

Словенија воведе задолжителна вакцинација за вработените во јавната администрација

Сите вработени во јавната администрација во Словенија, кои не прележале коронавирус и кои не се вакцинирани, задолжително ќе мора да...

Свет2 часа

И Холандија воведе сертификат за вакцинација за влез во ресторани, кафулиња, музеи…

Во Холандија од 25 септември за влез во кафулињата, рестораните, музеите, театрите и на културни настани ќе биде потребен сертификат...

Македонија21 час

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за...

Македонија1 ден

Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови ковид-правила за патниците што влегуваат во нивните земји.  За Швајцарија, повеќе не е во...

Свет1 ден

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време...

Македонија1 ден

МВР: На Рашковски му е дозволено да излегува од куќен притвор за да оди на лекар

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, тврдат од...

Свет1 ден

Француската војска уби лидер на ИСИС

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека припадниците на француската војска го убиле водачот на Исламската држава во Сахара, Аднан Абу...

Македонија1 ден

Во соработка на македонската и германската полиција запленета марихуана вредна над 100.000 евра

Во Германија е запленета марихуана вредна над 100.000 евра во заедничка акција на полициите на Македонија и Германија, соопшти МВР....

Регион2 дена

(Видео) Протести против ковид – мерките во Љубљана: полицијата употреби солзавец и водени топови

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера противниците на мерките во борбата против коронавирусот кои вечерва се...

Македонија2 дена

(Видео) Уште 44 бегалци од Авганистан пристигнаа во Македонија

На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево пристигнаа уште 44 бегалци од Авганистан. Од Владата соопштија дека станува збор за активисти...

Топ2 дена

Кривична пријава за жена од Дебар, го тепала нејзиниот осумгодишен син и го терала да питачи

Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишна жена од Дебар која физички го малтретирала нејзиниот син и го терала да питачи....

Европа2 дена

Шведскиот модел сепак успешен – без строги мерки до нула починати

Рекорден број заразени и починати од Ковид-19 во Европа, а во Шведска нула починти. Оваа европска земја беше ставена на...

Топ2 дена

(Видео) Откриени две илегални лаборатории за производство на марихуана во Скопје

Вчера, полициски службеници од одделот за крим-полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи и полициски службеници...

Македонија2 дена

Заев: Демократијата е двонасочен дијалог меѓу граѓаните во општеството, ние ја градиме на еднаквоста на сите

Демократијата доаѓа од народот за да му служи на народот, напиша, меѓу другото, премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил по...

Европа2 дена

Меркел од Албанија: Кој и да биде нов германски канцелар, ќе го задржи интересот за овој регион

Германската канцеларка, Ангела Меркел, на средбите во Тирана го потврди интересот на Германија за земјите од Западен Балкан. „Без оглед...

Свет2 дена

Тепачки и расправии – внатрешни конфликти за новата влада го разнишаа талибанското раководство во Авганистан

На врвот на талибанското движење дошло до голем внатрешен конфликт за составот на новата влада. Конфликтот помеѓу коосновачот на талибанското...

Досие