Општество
Ден на Мајкрософт посветен на НВО секторот „Tech4Good“
Во вторникот на просторот на Скопски саем се одржа настанот „Tech4Good“ или Денот на Мајкрософт посветен на НВО секторот, организиран од страна на Фондацијата Метаморфозис со поддршка на софтверската корпорација Мајкрософт.
Овој настан им овозможи на претставниците на граѓанскиот сектор да дознаат повеќе за можноста да добијат софтверски донации од програмата на Microsoft за поддршка на граѓанскиот сектор, која ја спроведува Метаморфозис, преку платформата Теchsoup Balkans.
„Нашата амбиција како Мајкрософт е преку нашите производи да ја поттикнеме продуктивноста, соработката, споделувањето на идеи и креативноста, кои се неопходни во нивното работење. Оffice 365 и Office 2016 се дизајнирани да им овозможат да луѓето да се фокусираат на прогресот, не на процесот, на заедничкото работење, споделување на ресурси во било кое време на било кој уред. Ние во Мајкрософт од секогаш сме ја препознавале важноста на работата на непрофитните организации и верувавме дека може да им помогнеме со тоа што ќе има ја ставиме на располагање нашата најнова технологија. Така, во рамки на нашите програми за општествена одговорност ја креиравме иницијативата Technology for good за да придонесеме кон решавање на комплексните социјални и општествени проблеми. Микрософт е горд што има можност да соработува и поддржува повеќе од 86.000 непрофитни организации ширум светот вклучувајќи ја и Македонија, на кои им овозможува технологии кои што им се потребни да работат со локалните заедници“, рече Влора Адеми, менаџер за академските програми на Мicrosoft.
Според извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари, ваквиот вид на настани се организираат веќе трета година по ред во Македонија и се дел на континуираните напори за градење на капацитетите на граѓанските организации, со цел тие да станат поефикасни, подобри и поактивни во исполнување на нивните мисии.
„Метаморфозис го помага градењето на капацитетите на НВО преку ширење знаење со помош на обуки и менторства, обезбедување пристап до знаења преку издавачка дејност, а и преку обезбедување пристап до различни софтверски решенија – како што се во овој случај технологиите на Мајкрософт. Конкретно, Метаморфозис овозможува софтверски донации преку платформата Techsoup Balkans. Со поддршката на Мајкрософт, Метаморфозис на НВОта од Македонија, Косово и Албанија им нуди можности за добивање легален софтвер во форма на донации. Како дел од платформата, Метаморфозис овозможува и директни консултации за граѓанските организации во рамки на отворените денови (секој втор петок), како и на индивидуално барање, со цел што повеќе организации од Македонија да имаат прилика да ги искористат можностите за донации“, појасни Јашари./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

