Контакт

Општество

ЈПДП: Прецизно е одреден курсот според кој се наплаќаат патарините во Македонија

Објавено пред

Сосема тенденциозна е изјавата на СДСМ за наплатата на патарините во Република Македонија, а разликата во цената за наплата на надоместокот за патарина се должи на големиот процент на провизија којашто за промена на евро монетите во денари го наплаќаат домашните и странски банки, a кој што не е фиксен и изнесува повеќе од 25 отсто, одговорија во петокот од Јавното претпријатие за државни патишта одговарајќи на прес-конференцијата на опозициската партија а која беше изнесено сомневањето дека патарините се наплаќаат според непознат девизен курс.

Од тие причини постои разлика од официјалниот курс на НБРМ, и таа разлика, која е вкалкулирана и заокружена 0,5 и 1 евро, ја плаќаат корисниците на патот коишто сакаат да платат во евра, се додава во соопштението во кое се истакнува и дека на секој пат постои можност за плаќање на патарината во денари, со промена на странската валута во денари на граничните премини, како и плаќање со кредитни картички, појаснуваат од ЈПДП.

За наплатената патарина во денари и евра, корисниците на патот добиваат соодветно изразена фискална сметка во денари или евра.

На крајот од работниот ден на секоја наплатна станица, електронскиот систем за водење евиденција, поткрепен со фискалните сметки, дава точна збирна евиденција, колку МКД и колку ЕУР се собрани на секое наплатно место. Сите наплатени средства, денарски и девизни, се трансферираат во една од поголемите македонски банки со нивно професионално обезбедување за понатамошно процесуирање, појаснуваат од јавното претпријатие .

„Сакаме да нагласиме дека строго се води евиденција од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) за фискалните сметки во денари и евра, а сите шпекулации, инсинуации и дезинформации од страна на СДСМ сакаме најостро да ги демантираме. Висината на цената на патарината и на регистрација на моторните возила не е зголемена, туку е вратена на нивото од 2008 година, кога истите беа намалени со антикризините мерки на Владата на Република Македонија заедно со цената на горивото“, се истакнува во реакцијата

„Ваквите критики на СДСМ единствено можеме да ги сфатиме како нивна немоќ, оправдување и одбранбен механизам за сé што не го направија во патната инфраструктура, а можеле за време на нивното владеење“, се додава.

Според раководството на Јавното претпријатие за државни патишта, со изјавата што претходново петокот ја даде Хари Локвенец, член на Извршниот одбор на СДСМ, се сака да ја дефокусира јавноста „од фактот дека во овој момент во Република Македонија се одвива инвестициски бум во патната инфраструктура“.

Притоа се наведува дека во моментов се градат автопатите: Демир Капија – Смоквица, Кичево – Охрид, Скопје – Свети Николе – Штип, а почнато е со реконструкција на автопатот од Велес до Катланово. Се гради и проширува до ниво на експресен пат со брзина од 100 км/час патот од Велес до Кадрифаково. Се гради нов пат од Опае преку Белановце до Станчиќ – граница со Република Србија, се реконструира патот од Арачиново до Липково и Оризари, а се направија многубројни локални патишта низ целата територија на Република Македонија. Во завршна фаза се санациите на мостовите: Мелнички мост кај Дебар, мостот Гемиџии – Велес, се градат мостовите во Злеово – Радовишко и кај Пишица општина Чешиново – Облешево. Во фаза на проектирање се: рехабилитациите на автопатите Миладиновци – Куманово, Гевгелија – Смоквица, Неготино – Демир Капија, градбата на автопатската делница од Требениште до Струга, експресниот пат Крива Паланка – Ранковце, Градско – Прилеп, Штип – Кочани и Штип – Радовиш, магистралниот пат Кочани – Делчево и Битола-Ресен–Охрид, регионалниот пат од Кичево до Дебар, Маврово – Дебар, регионалниот пат Тетово – Брвеница – Гостивар, Крива Паланка – Македонска Каменица, Кривогаштани – Воѓани и други.

Реализацијата на проектите на сите овие проекти ќе се одвива во 2015, 2016 и 2017, а за кои Владата во својата програма има јасно дефинирани рокови за извршување на истите./крај/мф/сн

 

Извор: Макфакс

Македонија

Свеченостите за 2 Август без масовни собири и со заеднички лајтмотив – „Победа за сите“

Објавено пред

Поради пандемијата на Ковид-19, свеченостите по повод државниот празник Илинден, годинава ќе се одржат во посебни услови во согласност со протоколот за одбележување државни празници, без масовни народни собири, информираат од Владата.

Годинешните свечености во Крушево, Пелинце и во Скопје, со кои ќе се одбележи 76-годишнината од Првото заседание на АСНОМ и 117 години од Илинденското востание, ќе се одржат со заеднички лајтмотив – „Победа за сите“.

Во протоколите, покрај бројот на учесниците, опфатени се и здравствено-безбедната организација на местата каде што ќе се одржат свеченостите, транспортот и движењето до локациите и местата за посетителите и учесниците, со обезбедена дистанца и заштита.

Програмата во Скопје ќе се одржи на настан на кој ќе се обрати претседателот на Владата, Оливер Спасовски, на скопската тврдина Кале.

Оваа година претседателот на државата, Стево Пендаровски, ќе се обрати на свеченоста во Меморијалниот центар „Пелинце“.

Во Крушево, на Мечкин Камен, настаните ќе се одбележат под покровителство на Собранието.

Владината делегација во Крушево ќе ја сочинуваат вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

И оваа година како дел од официјалната програма за свечено одбележување на празникот се вклучени и содржините од Смилево, кои ќе се одржат на 1 август, сабота, a со кои ќе се чествуваат 117 години од Илинден и 78 години од првата борбена акција на Битолско-преспанскиот партизански oдред „Даме Груев“.

За исполнување на препораките од протоколот, содржините на програмите за одбележување се сведени на минимум, само со положување венци со свежо цвеќе на спомен-обележјата, со обраќања и без традиционалната културно-уметничка програма и без народните собири на отворено и во угостителските објекти.

Целокупната програма за свечено одбележување на државниот празник од Скопје, Пелинце и од Крушево ќе ја пренесува во живо националната радио-телевизија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Регистрирани 139 новозаразени и шестмина починати од Ковид-19

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 36, Куманово – 11, Дебар – 2, Штип – 11, Прилеп – 1, Тетово – 14, Струга – 8, Велес – 4, Битола – 2, Кавадарци – 5, Гостивар – 16, Струмица – 1, Крушево – 1, Кочани – 1, Пробиштип – 2, Македонски Брод – 1, Виница – 6, Свети Николе  – 1, Кичево – 15 и еден во Ресен.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 534 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 353, Куманово – 61, Дебар – 17, Штип – 27, Прилеп – 5, Тетово – 17, Струга – 4, Велес – 4, Охрид – 3, Гостивар – 14, Струмица – 4, Крушево – 1, Кочани – 2, Пробиштип – 8, Свети Николе – 5, Кичево – 7 и двајца од Ресен.

Од Министерството објаснуваат дека во денешните регистрирани оздравени лица најголем број од оздравените се од изминатиов период пријавени збирно од локалните центри за јавно здравје.

Починати се 6 лица, пет пациенти од Скопје (66, 67, 34, 67 и 86 години) и пациент од Кочани (76). Петмина пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.754, бројката на оздравени пациенти е 6.554, на починати е 486, а во моментот бројот на активни случаи изнесува 3.714. Од вчерашните, 2 теста се контролни и се евидентираат денес.

Во моментот статистиката на активни случаи по градови е слена:

• Скопје 4.811, активни 1.488
• Куманово 1.049, активни 246
• Дебар 195, активни 108
• Штип 820, активни 425
• Прилеп 331, активни 53
• Тетово 1042, активни 226
• Струга 449, активни 195
• Велес 220, активни 18
• Битола 137, активни 72
• Охрид 272, активни 84
• Кавадарци 60, активни 43
• Гостивар 440, активни 260
• Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 36, активни 20
• Крива Паланка 24, активни 10
• Радовиш 29, активни 23
• Крушево 16, активни 9
• Кочани 99, активни 23
• Пробиштип 52, активни 20
• Демир Хисар 31, активни 27
• Македонски Брод 20, активни 16
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 5, активни 2
• Валандово 6, активни 0
• Виница 14, активни 10
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 13, активни 7
• Свети Николе 222, активни 175
• Кичево 157, активни 102
• Ресен 146, активни 32
• Неготино 25, активни 5 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 102.317 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 10 пациенти, а вкупно хоспитализирани се 84. На кислородна поддршка се 46 лица, а нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 возрасни лица позитивни на Ковид-19 и едно дете позитивно на вирусот, како и 8 пациенти суспектни на вирусот.

Во болницата „8 Септември“ примени се 15 нови, а вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 3 лица.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 31, а во болницата во Штип – 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 113 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Во сoгласност со новите податоци бројот на активни случаи во скопските општини денеска е следен:

• Чаир – 171
• Аеродром – 171
• Бутел – 97
• Гази Баба – 145
• Центар – 130
• Карпош – 136
• Сарај – 78
• Кисела Вода – 157
• Ѓорче Петров – 107
• Студеничани – 64
• Шуто Оризари – 117
• Арачиново – 26
• Илинден – 23
• Петровец – 18
• Чучер Сандево – 9
• Сопиште – 23
• Зелениково – 7
• Странец – 4
• Нераспределен – 5

Прикажи повеќе...

Македонија

На Клиниката за урологија двајца пациенти добија бубрег од починат донор

Објавено пред

На Клиниката за урологија докторите вршат пресадување на два бубрега од 46-годишен пациент кај кого вчера била потврдена мозочна смрт, информираат од Министерството за здравство.

Министерот Венко Филипче истакна дека во тек е првата трансплантација на бубрег кај 35-годишна жена, која веќе неколку години е на дијализа, по што ќе следи и втората трансплантација.

„За жал, овој пат немавме соодветен примател на срцето и тоа нема да биде трансплантирано. Се заблагодарувам на семејството на донорот, кое во моментите на најголема болка одлучи да ги донира органите и да спаси уште најмалку два живота. Да се донесе одлука да се даруваат органите на блискиот во моментите кога го губите засекогаш е тешко. Потребно е многу сила, многу љубов и хуманост да мислите на нечиј туѓ живот кога го губите саканиот“, нагласи министерот.

Од ресорното министерство информираат дека ова е втора кадаверична трансплантација и четврта од жив донор годинава.

На 23 мај од починат донор се трансплантираа срце и бубрези. Претходно имаше уште четири трансплантации на бубрези од жив донор.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион37 минути

(Видео) Дваесет полицајци во Шпанија апселе двајца бегалци од Србија, пронајдена е лабораторија за дрога

Шпанската полиција уапси двајца Срби за кои била распишана меѓународна потерница. Еден од нив се барал за нападот на стадионот...

Свет1 час

Реконструкција на катастрофата: како се случи експлозијата во Бејрут што го шокираше светот

Силата на експлозијата што ја зафати либанската престолнина го шокираше светот. Повеќе од 300.000 луѓе останаа без покрив над главата,...

Свет3 часа

(Видео) Се запали зградата на Светскиот трговски центар во Брисел

Силен пожар избувна на врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Брисел. Според медиумите, огнот избувнал во техничката просторија...

Свет4 часа

Херои кои се обиделе да го спасат Бејрут – последна фотографија од пожарникарите кои влегле во магацинот пред експлозијата

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се прикажани последните моменти на пожарникарите кои се обиделе да спречат понатамошно...

Македонија7 часа

(Видео) Обилните дождови ги поплавија рудниците на РЕК „Битола“

Обилните врнежи од дожд во Битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во рудникот „Суводол“ на РЕК „Битола“. Ископот и...

Македонија7 часа

Нови 113 заболени и шестмина починати, меѓу кои и 22-годишен пациент

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на...

Регион8 часа

Црна Гора го прошири списокот за влез без ограничувања, Македонија повторно ja нема

Црна Гора го прошири списокот на земји чии граѓани имаат право да влезат во земјата без ограничувања. Од утре граѓаните...

Македонија9 часа

МЖСПП: Опасниот отпад од ОХИС ќе биде изнесен од државата кога ќе дозволат временските услови

Винилхлоридмономерот од поранешната фабрика ОХИС ќе се преточи и ќе се транспортира од државата веднаш штом ќе дозволат временските услови...

Македонија9 часа

Кривична пријава против шест полицајци од СВР Скопје

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција –...

Македонија10 часа

Бочварски: Родителите да бидат ослободени од паушалот за градинките за периодот април – август

Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, бара од градинките да ги ослободат родителите од плаќањето на паушалот за април, мај,...

Свет12 часа

Во Кина дневно се тестираат 4,8 милиони луѓе на коронавирус

Во Кина се пријавени 37 симптоматски случаи на коронавирус и 20 асимптоматски случаи, според податоците на Националната комисија за здравство на...

Свет12 часа

Во Северна Кореја тестиран првиот сомнителен случај на Ковид-19, резултатот нејасен

Во Северна Кореја е тестиран првиот сомнителен случај на коронавирус, но резултатите не се јасни, изјавил претставникот на СЗО во...

Свет13 часа

(Видео) Либан во тридневна жалост – спасувачите ги пребаруваат урнатините, се очекуваат уште жртви

Либанските спасувачки екипи и денеска продолжија со потрагата по преживеани меѓу урнатините по стравотната експлозија во Бејрут, во која животот...

Свет13 часа

(Видео) Експлозијата во Бејрут трета по моќност во историјата по бомбите во Хирошима и Нагасаки

Експлозијата во Бејрут е трета по моќност во историјата, веднаш по експлозиите на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, вели...

Свет1 ден

Објавени сателитски снимки од Бејрут пред и по експлозијата

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и по вчерашната експлозија. Покрај нив, фотографии објави...

Свет1 ден

Првиот руски авион со мобилна болница полета за Бејрут

Авионот со воздухопловна мобилна болница, лекари и спасувачи полета од регионот Жуковски во Москва кон Бејрут, главниот град на Либан....

Свет1 ден

Само 1,5 милиони Италијанци развиле антитела на Kовид-19, што е далеку од колективен имунитет

Речиси 1,5 милиони луѓе во Италија развиле антитела на Ковид-19. Ова го покажуваат резултатите од серолошките тестови спроведени и анализирани...

Регион1 ден

Црна Гора планира да ги отвори границите за регионот

Заменик-директорот на институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сенад Бегиќ, изјави дека се размислува за отворање на границите и...

Свет1 ден

Домашен притвор за сите пристанишни службеници во Бејрут

Либанската влада денеска донесе одлука да ги стави во домашен притвор сите пристанишни службеници во Бејрут кои го надгледувале складирањето...

Економија1 ден

РКЕ: Поскапувањето на струјата нема да влијае на зголемување на цената на другите производи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани и нестручни наводите дека зголемените цени на електричната...

Досие