Контакт

Општество

Меѓународен балкански универзитет доделува 500 стипендии за најуспешните матуранти

Објавено пред

Во рамки на активностите за одбележување на десетгодишнината од неговото основање, Меѓународен балкански универзитет организира испит за доделување на 500 стипендии за најуспешните матуранти од средните училишта во Македонија и земјите од балканскиот регион за академската 2016/2017 година.

Централното тестирање за матурантите од Македонија ќе се одржи на 23 април 2016 година (сабота) со почеток во 10 часот во Скопје. Кандидатите ќе полагаат испит за стипендија кој содржи прашања од општа култура, историја, географија, математика и интелегенција, како и испит за познавања на англискиот јазик.

 

Кандидатите ќе имаат можност да изберат една помеѓу 20-те студиски програми на додипломски студии кои им се нудат на студентите за новата академска година.

 

Сите заинтересирани матуранти можат да аплицираат за испитот за стипендии преку онлајн порталот www.ibu.edu.mk/scholarships/крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Седуммина починати и 436 новозаразени од коронавирус во последните 24 часа

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.732 тестирања, а регистрирани се 436 нови случаи на Ковид-19, од кои во: Скопје – 203, Битола – 24, Куманово и Кавадарци по 22, Велес и Штип по 21, Прилеп – 19, Кочани – 16, Тетово – 12, Пробиштип – 9, Охрид – 8, Неготино и Свети Николе по 6, Кичево, Крива Паланка и Делчево по 5, Струмица и Берово по 4, Гевгелија, Кратово и Дојран по 3, по двајца во Гостивар, Радовиш, Ресен, Виница, Валандово и Демир Хисар и по еден зарезен во Струга, Крушево и Македонска Каменица.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица, од кои тројца во Скопје (66, 69 и 86 години) и по едно починато лице од Кавадарци (79), Охрид (76), Демир Хисар (17) и Штип (73). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, во согласност со регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се 4 починати лица во периодот од 1 септември до 22 октомври. Регистрирани се 2 починати лица од Гостивар и по едно од Кочани и Кичево на возраст од 55 до 86 години, од кои двајца се починати во болнички, а двајца во домашни услови.
Регистрирани сe 321 оздравен пациент, и тоа од: Скопје – 145, Куманово – 32, Штип и Прилеп по 20, Велес – 17, Кочани – 14, Кавадарци – 12, Битола – 9, Крива Паланка – 8, Струмица – 6, Кичево и Гевгелија по 5, Тетово и Кратово по 4, Пробиштип – 3, Свети Николе, Гостивар, Ресен, Виница, Крушево, Дебар и Богданци по 2 и по еден оздравен во Радовиш, Валандово и Демир Хисар.
Направените 2.732 теста се преку: ИЈЗ – 258, ЦЈЗ Скопје – 77, ЦЈЗ Битола – 50, ЦЈЗ Прилеп – 29, ЦЈЗ Тетово – 52, ЦЈЗ Куманово – 49, лабораторија во болницата во Козле – 19, Институт за микробиологија – 160, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 55, „Авицена“ – 132, „Биотек“ – 129, „Систина“ – 59, лабораторија „Лаор“ – 71, „Синлаб“ – 8, „Ремедика“ – 16, „Плодност“ – 36, „Генеа“ – 9, „Никоб лаб“ – 258, „ВФВ медикал“ – 21, „Ели медика“ – 31, „Ројал медика“ – 15, „Спектра-ММ“ – 6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.192.
Досега во земјата се направени вкупно 1.375.566 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 201.292, бројот на оздравени пациенти е 187.695, на починати е 7.098, а бројот на активни случаи изнесува 6.499.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 88.111, Активни 3.258
Куманово 12.217, Активни 445
Тетово 10.992, Активни 127
Прилеп 9.427, Активни 256
Гостивар 8.000, Активни 23
Битола 7.402, Активни 231
Велес 6.760, Активни 332
Кавадарци 6.249, Активни 220
Охрид 6.150, Активни 199
Штип 6.122, Активни 207
Струмица 5.905, Активни 134
Кичево 4.089, Активни 69
Струга 3.839, Активни 43
Кочани 3.546, Активни 177
Гевгелија 2.546, Активни 82
Неготино 2.377, Активни 45
Свети Николе 2.003, Активни 82
Крива Паланка 1.621, Активни 137
Радовиш 1.590, Активни 46
Ресен 1.585, Активни 43
Дебар 1.453, Активни 3
Берово 1.237, Активни 25
Делчево 1.158, Активни 38
Виница 1.086, Активни 35
Пробиштип 1.007, Активни 60
Валандово 852, Активни 24
Кратово 642, Активни 31
Богданци 584, Активни 25
Крушево 547, Активни 14
Демир Хисар 483, Активни 34
Македонски Брод 477, Активни 2
Демир Капија 410, Активен 1
Македонска Каменица 357, Активни 41
Пехчево 320, Активни 4
Дојран 148, Активни 6
Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев: Потврдете ја шансата земјата да продолжи да се нормализира и да не падне под режим

Објавено пред

Во недела носиме одлука – ќе продолжиме напред со научените лекции или ќе дозволиме со земјата и со градовите да завладејат неизвесност и опасност? Во недела правиме избор помеѓу искрени политичари, кои не се безгрешни секако, но народни и отворени, или пак, оние другите, политичари без став, со скриени агенди, бранители на криминалот, политичари со кои не знаеш на што си, опасни за државата, вели во своето обраќање претседателот на СДСМ Зоран Заев.

„Еве ме пред вас. Без оправданија, без изговори и без тајни планови. Искрено, бидејќи јас и не можам поинаку. Некои велат дека искреноста била мојата слабост, други ќе се насмеат на некој гаф од јавните настапи, но јас сум тој, Зоран Заев, еден од вас, еден од народот. Па, не си божество ако си премиер. Заврши времето кога на големците не можеше името да им се спомне. Летаа одмазди и закани на сите страни. Но да знаете, додека сум јас тука – тоа нема да се повтори. Премиерот е и ќе продолжи да биде прв меѓу еднаквите, ништо повеќе. А, таков мора да биде и градоначалникот“, рече Заев.

„Вие ни кажавте, јасно и гласно, ние слушнавме, уважуваме и постапуваме. Го забрзуваме државниот апарат за да служи повеќе и подобро на народот. Секој да добие одговор, секој да си заврши работа, на време, квалитетно и со добар однос, бидејќи тоа му следува на секого. Каде сакаме да ни оди државата? Недела е денот кога треба да го зададеме правецот за општини кои работат за народот, но и за демократска и современа држава, меѓународно етаблирана, партнер со големите сили, за општество во кое доминира грижата за луѓето, за Северна Македонија која оди напред, стабилна, мирна и просперитетна“, додава претседателот на СДСМ.

Уверен сум, потенцира Заев, дека модерниот патриотизам во 21 век не значи измислување нови идентитети, градење лажни митови и бели палати. Современиот патриотизам, според него, значи поглед напред, јасна визија.

„Бадијала ве плашат! Клучните историски факти за македонската нација нема да бидат предмет на политичка ревизија. Нацијата никогаш не ни била поцврста и попризната. Ние бараме и наоѓаме решенија на децениските проблеми, но на принципиелна основа и согласно европските фундаментални принципи. Нашето право на самоопределување никој не може и не смее да го оспорува“, подвлекува во своето обраќање Заев.

„Сега ни останува само едно: заеднички да работиме за децата да ни останат овде, да живеат овде и да работат и просперираат тука, во својата земја. Излезете и потврдете ја шансата за нашата земја да продолжи да се нормализира, да се стабилизира и никогаш повеќе да не падне под режим! Никако назад“, додава Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Го сакам Водно“до Арсовска и Шилегов: Покажете гаранција за Водно

Објавено пред

Водно е секој ден сè поблиску и поблиску до бетонирање на својата иднина. Ако навистина се искрени во ветувањата за Водно, кандидатите за градоначалник на Скопје треба да покажат дека се спремни и да ги исполнат, реагираат од граѓанското здружение „Го сакам Водно“.

На само два дена пред молкот за изборот на нов градоначлник, тие ги повикуваат кандидатите Петре Шилегов и Данела Арсовска, како што појаснуваат, не само да се обврзат, туку и да направат чекор повеќе кон Водно како гаранција дека нивните намери за вистински и целосно заштитено Водно се искрени.

„Заложбите и апелите за носење севкупна и функционална заштита на Водно на врвни и докажани ескперти од шумарството, хидрологијата, инженерството, просторното планирање, клучни државни институции, видни професори и преку 32 граѓански здруженија не успеаја да ја спречат одлуката која отвора врата за негово брзо урбанизирање и уништување. Сепак, заедно успеавме да се избориме за мала искра за спас, префрлајќи ја тежината во Градот, но неопходна е итна и брза реакција на оној кој ќе победи во трката за градоначалник“, велат од ова здружение.

Напоменуваат дека потребата од правилно зонирање на Водно е евидентна, а Градот е единствената инстанца која тоа може да го иницира и спроведе.

„Затоа и ве прозиваме, Данела и Шилегов, бидејќи само ваша искрена заложба може да биде над оваа одлука. Ако го сакате градот, ќе имате можност да направите чекор за Водно да биде спасено, а со тоа и градот заштитен. Инаку, ќе го изгубиме Водно“, се додава во писменото соопштение.

Во предлозите што треба да направи градот сугерираат дека треба да се започне итно со изработка на просторен план на Водно како простор од посебен интерес! Тоа ќе овозможи правилно зонирање на Водно, наспроти она предвидено во одлуката, подвлекуваат од здружението.

„Тој да се додели на изработка во Агенцијата за планирање на простор, каде што експертизата преку строго дефинирани методологии ќе ги преклопи сите значења и вредности на Водно и ќе наметне режим на заштита за секоја предвидена зона. Паралелено да се иницира постапка за носење специјален закон за Водно во Собрание. Овој Lex Specialis ќе претставува гарант за правилното зонирање на целата територија на Водно, соодветниот режим на заштита и ќе ги замрзне сите можни активности и носења на други планови, вклучувајќи ги и планот за управување и урбанистичките планови или проекти, сé дури не се донесе просторен план за Водно, како план од највисок ред“, објаснуваат од „Го сакам Водно“.

Очекуваме, додаваат од таму, идејна драфт-верзија на специјалниот закон.

„Очекуваме запознавање со можностите, потребните чекори и ресурси (време и пари) неопходни за Агенцијата да започне постапка за просторен план на Водно. Можеби веќе имaте нацрт-закон? Или, пак, сте оствариле средба со Агенцијата и упатиле барање до неа? Или, пак, нешто друго? Покажете дека вашите намери се искрени. Повлечете потег кој ќе помогне Водно да не бидне само едно убаво минато, туку вистинска заштита на градот и жителите“, потенцираат од граѓанското здружение.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

(Видео) Цукерберг го смени името на компанијата и откри како ќе изгледа иднината

Извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, денеска претстави серија нови концепти насочени кон метаверзумот. Метаверзум е широк поим, кој главно...

Македонија5 часа

Седуммина починати и 436 новозаразени од коронавирус во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.732 тестирања, а регистрирани се 436 нови случаи на...

Македонија8 часа

Седумнаесетгодишна пациентка почина од коронавирус

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби утрово од коронавирус почина 17-годишна пациентка од село Сопотиница, Демир Хисар. Според...

Македонија9 часа

Борисов: Гарантирам дека нема да преговараме со Северна Македонија додека бугарското малцинство не биде во Уставот

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов истакна дека нема да има преговори со Северна Македонија додека бугарското малцинство не биде внесено...

Македонија9 часа

Арсовска: Срамно е што моето семејство станува цел на црната кампања

Ниската црна кампања на Заев и Шилегов го допре дното инволвирајќи го моето најтесно семејство, реагира независната кандидатка за градоначалничка...

Македонија10 часа

(Видео) Петровска: И сопругот на Данела Арсовска има бугарска лична карта

СДСМ објави дека и сопругот на кандидатката за градоначалничка на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, има бугарска лична карта....

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот на Град Скопје, рече Митева

Парламентарната опозиција во македонското собрание согласно бројот на освоени гласови на претстојните локални избори има апсолутно мнозинство во Советот на...

Македонија10 часа

Судење за „Плацови на Водно“ – сведок кажуваше како се купувале плацовите и становите на Груевски

Александар Ивановски-Теранова, во својство на сведок во случајот „Плацови на Водно”, посочуваше како биле купувани плацовите, но и становите на...

Забава12 часа

Пиштолот на Алек Болдвин испукал оловен проектил, вели шерифот

Револверот „колт“ со калибар 45, користен на сетот на филмот „’Рѓа“, не бил темелно проверен пред да му го дадат...

Македонија12 часа

Лични карти ќе можат да се подигнат и во сабота и недела

Во пресрет на одржување на вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи в недела, на 31 октомври 2021...

Свет13 часа

Рекордни 48 милиони внатрешно раселени лица во светот

Бројот на внатрешно раселените лица поради конфликтот ширум светот достигна 48 милиони на крајот на 2020 година, што е највисока...

Регион14 часа

Во Србија сè поголем број деца заразени со Ковид-19, на респиратор приклучени и бебиња

Уште 64 лица починаа од инфекција со коронавирус во Србија вчера. Истиот ден шест деца биле приклучени на респиратор и...

Европа14 часа

(Видео) Ураганот продолжува да ја уништува Сицилија, драматични сцени од поплави

Југот на Италија се подготвува за уште два дена разорни дождови и поплави, додека реткиот медитерански ураган наречен Медикен го...

Свет1 ден

(Видео) Тројца ракувале со пиштолот со кој пукаше Болдвин – пронајден смртоносниот куршум

Полицијата тврди дека поседува куршум испукан од пиштолот што го користел актерот Алек Болдвин кога случајно ја застрела и уби...

Македонија1 ден

Регистрирани нови 444 случаи на Ковид-19, починале осум луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.210 тестирања,...

Свет1 ден

Шпанија ќе им ги врати парите на граѓаните казнети за прекршување на карантинот

На сите шпански државјани што беа казнети поради прекршување на мерките за време на минатогодишното тримесечно заклучување ќе им бидат...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта

Данела Арсовска, освен бугарско државјанство, има и бугарска лична карта, издадена во 2017 година, тврди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска....

Македонија1 ден

(Видео) „Името го добив по дедо ми Дане“ – Арсовска тврди дека не го менувала своето име и нема бугарско државјанство

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, и денеска на прес-конференција ги негира обвинувањата дека поседува...

Македонија1 ден

Италија забрани туристички патувања за нашите државјани, Данска ги олесни ковид-правилата за влез

Со најновата одлука на италијанските власти Република Северна Македонија се преместува од листата Д во листата Е, со што не...

Свет2 дена

Два процента од богатството на Илон Маск ќе го реши гладот ​​во светот

Мала група исклучително богати поединци може да помогнат во справувањето со гладот ​​во светот само со мал дел од нивното...

Досие