Општество
Меѓународен балкански универзитет доделува 500 стипендии за најуспешните матуранти

Во рамки на активностите за одбележување на десетгодишнината од неговото основање, Меѓународен балкански универзитет организира испит за доделување на 500 стипендии за најуспешните матуранти од средните училишта во Македонија и земјите од балканскиот регион за академската 2016/2017 година.
Централното тестирање за матурантите од Македонија ќе се одржи на 23 април 2016 година (сабота) со почеток во 10 часот во Скопје. Кандидатите ќе полагаат испит за стипендија кој содржи прашања од општа култура, историја, географија, математика и интелегенција, како и испит за познавања на англискиот јазик.
Кандидатите ќе имаат можност да изберат една помеѓу 20-те студиски програми на додипломски студии кои им се нудат на студентите за новата академска година.
Сите заинтересирани матуранти можат да аплицираат за испитот за стипендии преку онлајн порталот www.ibu.edu.mk/scholarships/крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Формирана секторска работна група за следење и решавање на ромските прашања

Во Владата се одржа првиот состанок на Секторската работна група за интеграција на Ромите. Целта на оваа група е да го примени секторскиот пристап при решавањето на прашања поврзани со Ромите во земјава. На состанокот присуствуваа министристерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, министерот без ресор за ромски прашања, Музафер Бајрам, преставникот на Делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини, претставници на други министерства и меѓународни и граѓански организации во земјава.
„Приоритетни области на секторската работна група за интеграција на Ромите и натаму ќе бидат образованието, вработувањето, социјалната заштита, домувањето и здравството. Решавањето на долгогодишниот проблем на лицата без документи, како и вклучувањето на децата во образовниот процес”, истакна Царовска.
Секторската работна група ќе прави мониторинг и проценка на спроведувањето и напредокот на меѓусебно поврзаните области на политики и стратешки документи и ќе ги следи сите процеси. Оваа работна група треба да послужи како платформа која ќе работи на идеи за подобрување на процесот на интеграција на Ромите, на тој начин директно придонесувајќи кон општата цел, односно постигнување повисоки социо-економски стандарди за ромското население.
Секторската работна група за интеграција на Ромите ќе биде координирана од министерот без ресор како водечка институција во соработка со Министерството за труд и социјална политика.
Македонија
Царовска: Годината ја завршуваме со 10 нови специјализирани сервиси за жртви од родово базирано насилство

Потпретседателката на СДСМ и министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска, вчеравечер во Велес учествуваше на трибина посветена на борбата против семејното и родово базирано насилство. Трибината „Стоп за насилство против жените и девојчињата, нема оправдување” се одржа во рамките на одбележувањето на 16 дена активизим во организација на Форум на жени на СДСМ на ОО Велес.
„СДСМ е партија која препозна дека има неправедност кон жените и девојките и се бори тоа да го промени. Се залагаме за еднаква застапеност на жените на раководни позиции, но и се бориме против дискриминацијата и насилството врз жените. За таа цел Владата предводена од СДСМ за оваа година издвои двојно повеќе средства, односно 6,4 милиони денари за имплементација на Истанбулската конвенција и отворање сервиси за поддршка на жртви од родово базирано насилство. Годинава ќе ја завршиме со 10 нови специјализирани сервиси за жртви од родово базирано насилство во 6 плански региони на Република Северна Македонија. Во моментот во скопскиот регион има воспоставено СОС-линија, кризен центар за 24-48 часа сместување, долгорочно сместување до 6 месеци во шелтер-центар, психо-социјална поддршка во прв семеен центар за жртви сторители и деца и правно зајакнување”, рече Царовска.
Царовска истакна дека борбата не е завршена затоа што сè уште го имаме фактот дека секоја трета жена во Северна Македонија е жртва на семејно насилство.
„Зад статистиките стојат жени и девојки на кои насилството, стравот, дискриминацијата им се секојдневие. Сè додека не изградиме свет каде сите ќе бидеме безбедни и еднакви. За ваков свет продолжуваме да се бориме секој ден од годината”, рече Царовска.
Владата истовремено работи и на други аспекти кои се особено важни во едно општество, дел од нив се родовото буџетирање и вклучување на што повеќе жени на пазарот на трудот.
„Се радувам што минатата година стигнавме до 50% искористеност на активните програми и мерки за вработување од страна на жени. Тоа значи дека едноставно мерките се поадаптирани и ова е важен чекор за активација на жените на пазарот на трудот”, рече Царовска.
Македонија
Жерновски-Жбогар: Чекориме заедно со младите Европејци

Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, заедно со амбасадорот на ЕУ во земјата, Семјуел Жбогар, имаше свои излагања на завршната церемонија на „Младинскиот самит Скопје“, кој се одржа во Младинскиот културен центар од 3 до 5 декември и на кој учествуваа 200 млади активисти за човекови права, претставници од граѓанскиот сектор, артисти и млади политичари од Северна Македонија, Турција, Србија, БиХ, Хрватска, Косово, Словачка и од Романија.
Како клучен младински настан од регионот, заменик-министерот и амбасадорот го оценија самитот како одлична можност да се промовира демократското единство, кое ги зајакнува продемократскиот дискурс и убедувањата меѓу младите во регионот на Западен Балкан и пошироко дозволувајќи им да се поврзат, да учат едни од други, стекнувајќи поголемо разбирање за политичките движења и граѓанското општество во светот.
„За мене, младите се синоним на енергија, ентузијазам и иновации, секогаш подготвени да дојдат до нови решенија за предизвиците со кои се соочуваат“, истакна Жерновски во излагањето.
Искажувајќи благодарност за нивните заложби за одржување на европските вредности и за спроведување на принципите на Европската Унија во нашите општества, Жбогар и Жерновски нагласија дека со декларацијата што ја усвоиле маладите покажале дека сериозно го потврдуваат својот зрел пристап кон темите за интеграција, европеизација и зачувување на глобалниот мир и просперитет.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги1 месец
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци
- Култура4 недели
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“