Контакт

Општество

Меѓународен балкански универзитет доделува 500 стипендии за најуспешните матуранти

Објавено пред

Во рамки на активностите за одбележување на десетгодишнината од неговото основање, Меѓународен балкански универзитет организира испит за доделување на 500 стипендии за најуспешните матуранти од средните училишта во Македонија и земјите од балканскиот регион за академската 2016/2017 година.

Централното тестирање за матурантите од Македонија ќе се одржи на 23 април 2016 година (сабота) со почеток во 10 часот во Скопје. Кандидатите ќе полагаат испит за стипендија кој содржи прашања од општа култура, историја, географија, математика и интелегенција, како и испит за познавања на англискиот јазик.

 

Кандидатите ќе имаат можност да изберат една помеѓу 20-те студиски програми на додипломски студии кои им се нудат на студентите за новата академска година.

 

Сите заинтересирани матуранти можат да аплицираат за испитот за стипендии преку онлајн порталот www.ibu.edu.mk/scholarships/крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Со караница помеѓу обвинетиот Бојан Јовановски и судијката заврши рочиштето за Меѓународниот сојуз

Објавено пред

Со караница помеѓу обвинетиот Бојан Јовановски и судијката Софче Гаврилова-Ефремова заврши рочиштето за Меѓународниот сојуз

Јовановски побара нејзино изземање од процесот во кој му се суди, а в.д. претседателот на судот, Иван Џолев, го нарече корумпиран. Откога неколкупати го прекина во неговото излагање, судијката Гаврилова-Ефремова ѝ нареди на затворската полиција да го изнесе Јовановски од судницата.

Караницата почна кога обвинетиот се објаснуваше дека недостигаат материјали од неговиот телефон, кој го вештачеше МВР, и дека не е виновен што тие не се презентирани бидејќи форензичкото вештачење го добил летото.

„Ќе ви дадам еден податок што судот го знае колку и јас. Копијата на судот му е дадена во јуни 2021 година. Тоа се месеци на годишни одмори“, рече Јовановски по што судијката го прекина со образложение дека тоа веќе го кажал неговиот адвокат Сашко Дуковски, а Јовановски продолжи: „Вие имате константна потреба да ме цензурирате. Вие постојано ме цензурирате. Само тоа што ви одговара го кажувате“.

На ова возврати судијката Гаврилова-Ефремова: „Судот дава и одзема збор. Овде се зборува конструктивно. Обврзна сум да нема дефокусирање на главната расправа“, на што Јовановски возврати: „Мене две години што ме тероризира јавноста, тоа нема врска. Само вас кога ви одговара, тогаш се споменува јавноста“.

По ова, следуваше ново барање за изземање на судијката од страна на Бојан Јовановски.

„Судијката Софче Гаврилова-Ефремова, апелирам до в.д. претседателот на овој суд, иако имам недоверба и кон него, апелирам најсериозно да ги земе предвид сите овие наводи за крајно тенденциозно однесување од страна на судијката, и тоа: на секое рочиште за главна расправа судијката ми предизвикува психички стрес поради тенденциозното, малициозно, анимозитетно однесувсње единствено кон мене како обвинет и странка во постапка. На минатото рочиште ми беше одземено правото да побарам изземање со образложение тоа да го направам писмено, а требало под нови околности. Но, тоа треба да го цени друг, а не судијката за која барам изземање. Со оглед дека се наоѓам во пенални услови да не можам писмено да побарам и да ги остварам правата…“, рече Јовановски.

Судијката Гаврилова-Ефремова го прекина во неговото излагање и посочи: „Сите што издржуваат затвор имаат право и во судот пристигнуваат писмени поднесоци“, по што Јовановски додаде: „Со блиска роднина, сестра на судечкиот судија, сум бил во пријателски односи, нека го провери тоа“.

„Јас немам сестра. Или не знам до сега дека имам. На обвинетиот му укажувам дека сите други причини во однос на барањето за изземање да бидат писмено доставени“, рече Софче Гаврилова-Ефремова.

Јовановски возврати: „Јас реков близок роднина, женско лице. Можам да ви ја донесам на следното рочиште“.

Судијката го прекина обвинетиот Бојан Јовановски со барање од затворската полиција да го изнесат од судот.

„Изнесете го обвинетиот од судот“, рече судијката со барање писмено да се произнесе за неговото барање за изземање.

Прикажи повеќе...

Македонија

Судскиот совет: Преку посебна антикорупциска комисија ќе ја вратиме довербата на граѓаните во судството

Објавено пред

Пред неколку месеци формирана е посебна комисија за борба против корупцијата со обврска да ги анализира пријавите за корупција во судството за да утврди дали информациите и податоците oд граѓаните што пријавуваат се веродостојни, информираат од Судскиот совет по повод Светскиот ден против корупцијата.

Од таму нагласуваат дека преку спроведувањето реформи во судството настојуваат да изградат механизми за спречување на корупцијата и за заштита на човековите права.

„Во тек е процес на целосна дигитализација на судскиот систем, со што ќе се олесни комуникацијата на граѓаните со институциите, но дигитализацијата ќе овозможи и полесен увид во работата на судиите, со што тие ќе бидат потранспарентни, а тоа ќе значи нивно независно и објективно одлучување и помала склоност кон корупција.

Судскиот совет усвои методологија за квалитативно оценување на судиите, како и методологија за сложеност на судски предмети. Со нивната примена ќе може да се прави пошироко, подиректно и поверодостојно оценување на работата на судиите што ќе придонесе за нивно поодговорно постапување, како и носење пресуди исклучиво врз докази. Континуираниот мониторинг ќе ги намали ризиците од корупција.

Практично, крајната цел на системот што сака да го воспостави Судскиот совет преку дигитализацијата, преку надградбата на АКМИС-от, преку новите методологии за оценување и за утврдување сложеност на предмети, е да имаме ажурно судство со испорачување брза и ефикасна правда. Тоа ќе ја врати довербата на граѓаните во судскиот систем и ќе придонесе кон искоренување на корупцијата“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека со последните измени во Законот за Судскиот совет, преку кои се отворила можност секој да поднесе иницијатива за утврдување одговорност за несовесно и нестручно постапување на судија, целосно се смениле бројките со поднесени барања.

„Ако во изминатите години Судскиот совет имаше само по неколку барања годишно, годинава има 50-ина иницијативи за испитување одговорност кај судии“, се наведува во соопштението.

Во него уште еднаш се апелира граѓаните што имаат сознанија и информации за случаи на корупција во судството веднаш да ги пријават.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно време, попладне дожд

Објавено пред

Утрово биле измерени -5 степени во Берово, -4 во Скопје-Петровец и Лазарополе, -3 степени во Крива Паланка, Штип, Демир Капија, Струмица, Куманово, -2 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Битола, Прилеп, Гевгелија, Маврови Анови, -1 во Охрид, Крушево, 0 степени во Виница, Дебар, 1 степен во Претор и Дојран.

Денеска се очекува променливо облачно време, претпладне во источните делови со сончеви периоди. Од попладневните часови во западните делови ќе почнат врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта и ќе се прошират насекаде. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а од пладне повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, попладне повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Запленета дрога вредна 600.000 евра, пресечен канал за шверц од Косово

Во координирана акција на полицијата, во текот на вчерашниот ден (8 декември) бил пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога...

Македонија2 часа

Со караница помеѓу обвинетиот Бојан Јовановски и судијката заврши рочиштето за Меѓународниот сојуз

Со караница помеѓу обвинетиот Бојан Јовановски и судијката Софче Гаврилова-Ефремова заврши рочиштето за Меѓународниот сојуз Јовановски побара нејзино изземање од...

Свет3 часа

Од компанијата „Фајзер“ со најава: Можеби ќе биде потребна четврта доза за заштита од омикрон-сојот

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ велат дека две дози од нивната вакцина не обезбедуваат силна заштита од омикрон-сојот, па затоа...

Свет4 часа

Бајден: Дали да испратам војска во Украина доколку Русите нападнат – тоа не е опција

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека нема да нареди испраќање американски војници во Украина како одговор на можна руска инвазија....

Европа6 часа

(Видео) Tепачка во турскиот парламент

Синоќешната расправа за буџетот во турскиот парламент завршила со тепачка меѓу пратениците, јавуваат медиумите во регионот. Имено, додека се расправало...

Свет6 часа

Aкутната фаза на пандемијата на коронавирусот ќе заврши во 2022, предвидува Бил Гејтс

Акутната фаза на пандемијата на коронавирусот ќе заврши во 2022 година, предвиде основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, на својот блог,...

Македонија21 час

Бектеши: Цената на струјата нема да поскапи повеќе од 10%

Поскапувањето на струјата нема да биде повеќе од 10%, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. „Согласно сите проекции, зголемување...

Македонија22 часа

419 новозаразени и 14 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.285 тестирања,...

Свет1 ден

Три дози од вакцината на „Фајзер“ штитат од омикрон – официјална изјава од појавата на новиот сој

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ денеска објавија дека нивните три дози од вакцината против коронавирус за време на лабораториски тест...

Европа1 ден

Олаф Шолц официјално избран за канцелар на Германија

Германскиот парламент го избра Олаф Шолц за наследник на Ангела Меркел како канцелар на Германија. Лидерот на Социјалдемократската партија (СПД),...

Свет1 ден

Швајцарија одобри капсула за евтаназија: Смртта настапува за помалку од една минута

Еутаназијата е поддржана легално во Швајцарија, а оние што ја сакаат ќе имаат на располагање нов метод. Капсулите Сарко го...

Европа1 ден

Рации во Германија поради трговија со работници од Балканот – има уапсени и запленет имот

Германските полицајци и цариници денеска спроведоа десетици рации ширум земјата со цел да ја потиснат наводната трговија со привремени работници...

Свет1 ден

(Видео) Јапонски милијардер стана првиот руски турист во вселената

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава денеска полета до Меѓународната вселенска станица (ISS) во својот прв вселенски лет. Руското вселенско летало Сојуз,...

Свет1 ден

Објавена фотогафија од омикрон со помош на електронски микроскоп

Универзитетот во Хонг Конг објави фотографија од новиот сој на коронавирусот, омикрон, добиена со помош на електронски микроскоп. Омикрон првпат...

Свет1 ден

(Видео) Во Индија се урна хеликоптер во кој бил шефот за безбедност и неговата сопруга

Индиски воен хеликоптер утрово се урна во Тамил Хад. Според светските медиуми, во авионот бил и шефот на индискиот безбедносен...

Свет1 ден

Во разговорот на Путин и Бајден покрај сериозни теми имало и шеги

Разговорот помеѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден бил деловен, но се слушале и шеги и...

Европа2 дена

Белорусија воведува ембарго за производи од непријателски земји, меѓу нив и Македонија

Официјален Минск од следната година ќе воведе ембарго на стоки од земји кои водат непријателска политика кон Белорусија, соопшти прес-службата...

Европа2 дена

Банкнотите на еврото преку нов дизајн ќе промовираат различност и инклузивност

Европската централна банка (ЕЦБ) во понеделникот објави дека планира да ги редизајнира банкнотите на еврото во следните три години за...

Македонија2 дена

Вкупно 16 починати и 375 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на...

Европа2 дена

Објавени нови сателитски снимки од руска војска на украинската граница

Американските медиуми продолжуваат да презентираат докази за руска акумулација на сили по должина на границата со Украина и подготовки за...

Досие