Контакт

Општество

Регионална конференција Заштита на просторот за мирен јавен собир во југоисточна Европа

Објавено пред

Првата регионална и национална конференција „Заштита на просторот за мирен јавен собир во Југоисточна Европа“ ќе се одржи следните два дена (понеделник и вторник, 25-ти и 26-ти август) во Скопје во хотелот „Холидеј Ин“.

Конферецијата ќе овозможи претставниците на граѓанските организации од Балканот, претставници од ОБСЕ/ОДИХР, Европската унија, експерти и претставници на институциите, да ги истражат и дискутираат можностите и предностите поврзани со правните и практичните аспекти на примената на слободата на јавен собир во Југоисточна Европа. Постојната законска рамка и заштитните механизми кои го гарантираат правото на јавен собир во практиката ќе бидат разгледувани. Исто така, на конференцијата ќе се идентификуваат начините за подобра соработка помеѓу граѓанското општество, медиумите и властите, со цел унапредување на правото на јавен собир во регионот. Конференцијата ја организира „Реактор – Истражување во акција“ во соработка со Европскиот центар за непрофитно право (ECNL), ОБСЕ/ОДИХР, и е дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија. На неа учество ќе земат низа клучни говорници, вклучително и претставници од ОБСЕ/ОДИХР, ECNL, Уставниот суд на Република Македонија, претставници на релевантни институции, како и проминентни организации на граѓанското општество од регионот ќе учествуваат на конференцијата.Конференцијата ќе се осврне на темите за стандардите и практиките од областа на јавните собири, како и можностите за правна заштита; експертски ставови за предизвиците кои произлегуваат од глобалните трендови од остварувањето на правото на јавен собир; прецизен увид на потребите и перспективите на различните релевантни чинители; и за јавните собири во дигиталната ера: нови технологии за организирање и следење јавни собири. Една од главните цели на конференцијата е да понуди можности за вмрежување и да поттикне дебата меѓу учесниците од државите од југоисточна Европа и Македонија./крај/мф

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Милевски: Се грижиме за учениците и жртвите на семејно насилство, зголемен капацитетот на Домот во Куманово

Објавено пред

Целосно реконструиран и адаптиран е ученичкиот Дом во Куманово со што се подобрија условите за живот и учење на 120 ученици. Во рамките на проектот Домот целосно се прилагоди за учениците со лесна физичка попреченост и се направија пет апартмани за средношколци – со лесна физичка попреченост како и за згрижување на лица жртви на семејно насилство, пожари и поплави.

„За првпат овозможивме упис на максимум 6 ученици средношколци со лесна физичка попреченост. Вкупниот буџет е над 10 милиони денари, а главна цел на проектот е подобрување и осовременување на досегашните услуги и услови за целодневен престој на корисниците во Ученичкиот дом ,,Професор Мијалковиќ’’, Куманово како и воведување на нови услуги кои не постојат во регионот, а се однесуваат на згрижување на ученици со лесна физичка попреченост кои се во состојба да следат редовна средношколска настава и згрижување и целосен психофизички третман на жртви на семејно насилство и жртви од пожари и поплави кои се повремени корисници на услугите на Ученичкиот дом“, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Тој појасни дека за реализација на проектот направена е реконструкција и адаптација на Ученичкиот дом која опфаќа инфраструктурно уредување на просторот, приспособување на пристап за лица со посебни потреби, поставување на пристапна рампа и лифткар- гасеничар, прилагодување на дел од собите, односно изведба на тоалети приспособени за користење на лица со посебни потреби, промена на прозорци, врати и промена на фасада, преуредување на заеднички простории, сала за пинг-понг и прилагодување за користење за повеќе намени кои се во интерес на учениците како што е простор за регионални состаноци, обуки, семинари на коишто ќе има инфраструктурна пристапност и за лица со физичка попреченост.

„Социјалната инклузија е една од темите што, за жал, често се занемарува. Сепак, тоа е една од клучните швајцарски вредности со мотото „Никого не оставајте изоставен“, што е една од целите на ООН за одржлив развој. Затоа, социјалната инклузија како тема е вклучена во сите проекти финансирани од Швајцарската агенција за развој и соработка, впрочем тоа беше тема на овогодинешниот повик за грантови за инвестиции во рамките на Проектот за одржлив и рамномерен регионален развој. Многу сум среќна што сум денеска во Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ и ја гледам посветеноста на тимот да ги отвори вратите за жртвите на семејно насилство и природни опасности, како и да го направи достапен за студентите со попреченост“, вели амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер.

Таа вели дека овој проект е само мал чекор кон постигнување кохезија во општеството, но сепак треба да послужи како пример за владата и локалните власти во подготовката на идните проекти и програми, секогаш да се земат предвид потребите на социјално исклучените луѓе.

„Задоволен сум од она што ни беше презентирано од страна на директорката на домот така што овие средства се успешно инвестирани во нашиот град, за подобрување на условите за живот на лицата кои што го завршуваат воспитно образовниот процес во нашата општина, а живеат во целиот регион и конкретно учат во средните училишта во општина Куманово. Посакувам уште вакви успешни проекти и секако честитки до реализаторот на проектот, имплементаторот и изведувачот“, истакна градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Директорката на домот се заблагодари на сите кои вложија напори за домот повторно да добие нов лик.

„Ова донација како институција многу ни значи за да ги подобриме условите за живот и вршење воспитно образовна работа на учениците кои што доаѓаат од целиот Североисточен регион. На овој начин учениците ќе можат да се чувствуваат како дома, ќе имаат подобри услови и со тоа ќе се зголеми нивниот број и продуктивност. Се надевам дека вакви проекти ќе има уште, како за нашиот град, така и за другите општини во републикава“, рече директорката на домот, Љубица Павловски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Царовска: Буџетот за наука мора постојано да се зголемува

Објавено пред

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, на онлајн-состанок со Роналд де Бруин, директор на Организацијата за европска соработка во науката и технологијата (COST), ја нагласи заложбата на Владата за суштинска промена на третманот на науката и зголемување на нивото на јавно вложување во научноистражувачка дејност.

„По долгогодишна маргинализација на науката во Северна Македонија и во услови на пандемија, ја адресиравме потребата за планско финансирање на национални истражувачки проекти. Пандемијата потврди дека улогата на науката и технологијата во решавањето на предизвиците на современото живеење е круцијална и затоа буџетот за наука мора постојано да се зголемува“, рече Царовска.

Таа истакна дека МОН воведува три нови начини на финансирање.

Грантовото е достапно од годинава преку иновациските ваучери на ФИТР. Од в година се воведува поддршка за национални истражувачки програми, а очекувањата се во 2022 година да се воведе програмско финансирање, кое ќе се спроведува во континуитет и ќе биде предвидено со целосно нов закон за научноистражувачка дејност.

По состанокот, над 60 учесници, главно од академските институции, учествуваа на виртуелниот СОЅТ инфо-ден за Северна Македонија, на кој се дискутира за можностите за учество во СОЅТ-програмата на земјите членки.

COST (Cooperation in Science and Technology in Europe) е најстарата и најголема програма за вмрежување во науката во Европа, која е основана 1971 година со седиште во Брисел. СОЅТ има годишен буџет од речиси 45 милиони евра и во оваа програм, освен членките на ЕУ, учествуваат и земјите од Европа кои не се членки на ЕУ (Швајцарија, Норвешка, Исланд, Молдавија и Турција), како и земјите од Западен Балкан (Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово). Република Северна Македонија е членка на СОЅТ од 2002 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на Ковид-19 во Скопје-570, Куманово-57, Дебар-8, Штип-44, Прилеп-78, Тетово-56, Струга-28, Велес-32, Битола-53, Охрид-30, Кавадарци-30, Гостивар-85, Гевгелија-21, Струмица-34, Крива Паланка-5, Радовиш-13, Кочани-28, Пробиштип-10, Демир Хисар-7, Македонски Брод -3, Берово-3, Валандово-2, Виница-11, Делчево-9, Кратово-3, Свети Николе-12, Кичево-22, Ресен-11, Неготино-22 и еден во Крушево.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 1.078 оздравени пациенти од: Скопје-407, Куманово-33, Штип-32, Прилеп-36, Тетово-36, Струга-63, Велес-30, Битола-144, Охрид-52, Кавадарци-27, Гостивар-19, Гевгелија-10, Струмица-19, Крива Паланка-7, Радовиш-5, Крушево-4, Кочани-11, Пробиштип-5, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Берово-3, Валандово-2, Виница-6, Делчево-7, Кратово-3, Свети Николе-12, Кичево-72 и по 14 во Ресен и Неготино.

Починати се 39 лица, шеснаесет пациенти од Скопје (79г., 80г., 54г., 70г., 68г., 54г., 68г., 82г., 84г.,68г., 76г., 75г., 71г., 60г., 73г., 56г.), двајца од Куманово (70 и 62 години), еден пациент од Дебар (87), еден од Штип (71), тројца од Прилеп (86, 76 и 68 години), четири пациенти од Тетово (53, 72,67 и 66 години), двајца од Струга (68 и 69 години), двајца од Велес (67 и 78 години), двајца од Охрид (68 и 73 години), еден пациент од Струмица (72), еден од Демир Хисар (65), еден од Берово (79), двајца од Кичево (60 и 41 година) и еден пациент од Неготино (40).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 57.451, бројката на оздравени пациенти е 34.970, на починати е 1.600, а бројот на активни случаи изнесува 20.881. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:

• Скопје 25.228, активни 10.130
• Куманово 3.541, активни 939
• Дебар 438, активни 87
• Штип 2.510, активни 526
• Прилеп 2.766, активни 1021
• Тетово 3.638, активни 965
• Струга 1.334, активни 406
• Велес 1.812, активни 711
• Битола 1.813, активни 808
• Охрид 1.460, активни 597
• Кавадарци 1.109, активни 432
• Гостивар 2.296, активни 862
• Гевгелија 693, активни 229 (50 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 126 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1.598, активни 580
• Крива Паланка 402, активни 120
• Радовиш 407, активни 125
• Крушево 116, активни 70
• Кочани 1.187, активни 307
• Пробиштип 336, активни 74
• Демир Хисар 185, активни 83
• Македонски Брод 151, активни 34
• Пехчево 95, активни 25
• Берово 339, активни 92
• Валандово 196, активни 71
• Виница 359, активни 174
• Делчево 415, активни 184 (114 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 148, активни 63
• Свети Николе 770, активни 212
• Кичево 1178, активни 492
• Ресен 424, активни 173
• Неготино 507, активни 289 (56 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 3.349 теста се преку: ИЈЗ-1068, ЦЈЗ Скопје-60, Авицена-345, Биотек-272, МАНУ -263, Жан Митрев (Филип Втори)-211, Систина со PCR метода -259, лабораторија Лаор –40, ЦЈЗ Битола-72, Инфективна клиника-2, ГАК-7, Синлаб-87, Ремедика-32, лабораторија болница Козле-17, ЈЗУ (рапид тест) -594. Досега во земјата се направени вкупно 320.011 тестирања на Ковид-19.

Според новите податоци, бројот на активни случаи по скопските општини денеска е следен:

• Чаир – 639
• Гази Баба – 1.490
• Аеродром -1.474
• Карпош – 1.186
• Центар – 1.173
• Кисела Вода – 1.245
• Ѓорче Петров – 874
• Бутел – 584
• Шуто Оризари – 206
• Студеничани – 52
• Сарај – 160
• Арачиново -31
• Илинден – 251
• Сопиште – 66
• Чучер Сандево – 99
• Петровец –128
• Зелениково -83
• Странец – 175
• Нераспределен- 214

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Заев: Да се соочиме со историските прашања и да развиеме капацитет да си простиме

Премиерот Зоран Заев изрази жалење што неговото интервју за „Бгнес“ предизвика толку негативни емоции, кои вели дека ги разбира. „Никој...

Македонија2 часа

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ4 часа

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија4 часа

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија4 часа

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет5 часа

Меркел: Задолжително маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет5 часа

Трамп одобри помилување на својот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри помилувањето на својот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија16 часа

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија17 часа

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија18 часа

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет19 часа

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен19 часа

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија22 часа

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија1 ден

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Македонија1 ден

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура1 ден

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа1 ден

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет1 ден

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија1 ден

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Досие