Општество
Регионална конференција Заштита на просторот за мирен јавен собир во југоисточна Европа

Првата регионална и национална конференција „Заштита на просторот за мирен јавен собир во Југоисточна Европа“ ќе се одржи следните два дена (понеделник и вторник, 25-ти и 26-ти август) во Скопје во хотелот „Холидеј Ин“.
Конферецијата ќе овозможи претставниците на граѓанските организации од Балканот, претставници од ОБСЕ/ОДИХР, Европската унија, експерти и претставници на институциите, да ги истражат и дискутираат можностите и предностите поврзани со правните и практичните аспекти на примената на слободата на јавен собир во Југоисточна Европа. Постојната законска рамка и заштитните механизми кои го гарантираат правото на јавен собир во практиката ќе бидат разгледувани. Исто така, на конференцијата ќе се идентификуваат начините за подобра соработка помеѓу граѓанското општество, медиумите и властите, со цел унапредување на правото на јавен собир во регионот. Конференцијата ја организира „Реактор – Истражување во акција“ во соработка со Европскиот центар за непрофитно право (ECNL), ОБСЕ/ОДИХР, и е дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија. На неа учество ќе земат низа клучни говорници, вклучително и претставници од ОБСЕ/ОДИХР, ECNL, Уставниот суд на Република Македонија, претставници на релевантни институции, како и проминентни организации на граѓанското општество од регионот ќе учествуваат на конференцијата.Конференцијата ќе се осврне на темите за стандардите и практиките од областа на јавните собири, како и можностите за правна заштита; експертски ставови за предизвиците кои произлегуваат од глобалните трендови од остварувањето на правото на јавен собир; прецизен увид на потребите и перспективите на различните релевантни чинители; и за јавните собири во дигиталната ера: нови технологии за организирање и следење јавни собири. Една од главните цели на конференцијата е да понуди можности за вмрежување и да поттикне дебата меѓу учесниците од државите од југоисточна Европа и Македонија./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Најави за отворање нова група по денешните апсења за „Јавна соба“

Администраторите на „Јавна соба“ најавуваат отворање на нова група по денешните апсења на едно лице во Битола и едно лице во Велес поради овој случај со незаконско споделување и ширење на експлицитни фотогорафии, преку платформата „Телеграм“.
Кусо време откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски јави за апсењата, групата почна да се полни со една иста порака во која стои известување дека е направена нова група, а администраторот повикува да му пишуваат во приватна порака за да им ја испрати.
Министерот Спасовски денеска извести дека се уапсени две лица за случајот „Јавна соба“, а по него премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи, извести дека испратиле категорични барања до социјалната мрежа „Телеграм“ да ја избрише групата „Јавна соба“ со предупердување дека ако тоа не се случи, можно е блокирање на платформата во земјава.
Македонија
Филипче: За првпат во земјава ќе пристигне најсовремената и најскапа терапија за ковид-пациенти

Министерството за здравство испрати писмо до Европската комисија за резервација на најсофистицираната моноклона комбинирана терапија на антитела за третман на пациенти заболени од Ковид-19, со „коктел“ од casirivimab и imdevimab, најави министерот за здравство, Венко Филипче.
Притоа тој потенцира дека кај нас е достапна целата терапија за третман на ковид-пациенти, а дополнително ќе се набави нова терапија.
„Испративме писмо, преку заедничкиот механизам за набавка на ЕУ со кое аплициравме за уште една терапија против ковид, всушност на истиот принцип како што го набавивме лекот ‘ремдесивир’. За првпат во нашата земја ќе стигне најскапата терапија за ковид, т.н моноклони антитела, специфична за овој вирус. Во истиот момент кога ќе биде на располагање на европските земи, ќе биде и кај нас“, изјави Филипче и информираше дека лекот ќе биде набавен со помош на кредит од Светската банка.
Македонија
Заев: Ако „Телеграм“ не ја затвори групата „Јавна соба“ ќе го блокираме да не се користи во земјава

Испративме категорични барања до социјалната мрежа „Телеграм“ да ја избрише групата „Јавна соба“ и нема да престанеме да инсистираме на тоа барање сè до негово конечно исполнување, објави на социјалните мрежи премиерот Зоран Заев.
Како што вели тој, доколку апликацијата „Телеграм“ не го затвори каналот „Јавна соба“ каде се споделува порнографска и приватна содржина од граѓани, како и детска порнографија, ќе се разгледа и опцијата за блокирање или рестрикција на користењето на оваа апликација во земјава.
Испративме категорични барања до социјалната мрежа Телеграм да ја избрише групата „Јавна соба“ и нема да престанеме да…
Posted by Zoran Zaev on Четврток, 28 јануари 2021
„Нам како Влада ни на крај памет не ни паѓа да цензурираме комуникација, но ова е нешто друго и мораме да си ги заштитиме своите граѓани. Денес ова се случува на ‘Телеграм’, а утре можеби на некоја друга платформа, затоа ние имаме задача и обврска да направиме сè да обезбедиме соодветна реакција и од оние кои ги создале овие платформи каде се случуваат вакви кривични дела“, пишува премиерот.
Тој сепак изрази надеж дека нема да има потреба од рестрикции за „Телеграм“ и дека уште денеска платформата ќе одговори на, како што вели, бројните барања и ќе почнат да соработуваат.
„Сакам да упатам порака и до сите наши граѓани кои споделуваат слики и содржина на таа група во сопственост на други сограѓани, во истиов момент да престанете да го правите тоа и да излезете од таа група. На крајот на денот ќе ги добиеме податоците, ќе бидете обвинети и ќе одговарате за тоа што го правите“, вели Заев.
Тој упати и поддршка до сите што покажале солидарност и осуда за ваквите појави.
„Заштитата на приватноста е дел од генетскиот запис на секој човек и денес, кога се одбележува Денот на заштита на приватните податоци, уште еднаш се соочуваме со заканите од глобални размери и уште еднаш сме повикани сите ние силно да застанеме против оваа појава“, додава премиерот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома