Општество
Регионална конференција Заштита на просторот за мирен јавен собир во југоисточна Европа

Првата регионална и национална конференција „Заштита на просторот за мирен јавен собир во Југоисточна Европа“ ќе се одржи следните два дена (понеделник и вторник, 25-ти и 26-ти август) во Скопје во хотелот „Холидеј Ин“.
Конферецијата ќе овозможи претставниците на граѓанските организации од Балканот, претставници од ОБСЕ/ОДИХР, Европската унија, експерти и претставници на институциите, да ги истражат и дискутираат можностите и предностите поврзани со правните и практичните аспекти на примената на слободата на јавен собир во Југоисточна Европа. Постојната законска рамка и заштитните механизми кои го гарантираат правото на јавен собир во практиката ќе бидат разгледувани. Исто така, на конференцијата ќе се идентификуваат начините за подобра соработка помеѓу граѓанското општество, медиумите и властите, со цел унапредување на правото на јавен собир во регионот. Конференцијата ја организира „Реактор – Истражување во акција“ во соработка со Европскиот центар за непрофитно право (ECNL), ОБСЕ/ОДИХР, и е дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија. На неа учество ќе земат низа клучни говорници, вклучително и претставници од ОБСЕ/ОДИХР, ECNL, Уставниот суд на Република Македонија, претставници на релевантни институции, како и проминентни организации на граѓанското општество од регионот ќе учествуваат на конференцијата.Конференцијата ќе се осврне на темите за стандардите и практиките од областа на јавните собири, како и можностите за правна заштита; експертски ставови за предизвиците кои произлегуваат од глобалните трендови од остварувањето на правото на јавен собир; прецизен увид на потребите и перспективите на различните релевантни чинители; и за јавните собири во дигиталната ера: нови технологии за организирање и следење јавни собири. Една од главните цели на конференцијата е да понуди можности за вмрежување и да поттикне дебата меѓу учесниците од државите од југоисточна Европа и Македонија./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Средба Сугарески-Бочварски

На денешната работна средба меѓу директорот на царинската управа Горан Сугарески, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и државниот секретар Митко Трајчулески се разговарало за активности кои се однесуваат на градежни проекти на царинската управа за изградба или реконструкција на граничните премини и градежни интервенции, информираат од кабинетот на Сугарески.
„Реализацијата на предвидените активности за осовременување на граничните премини ќе придонесат кон поголема функционалност, забрзан проток на сообраќајот и зголемен квалитет на услугите за вработените и патниците, како корисници на граничните премини“, истакна Сугарески.
Се разговарало и за реконструкција на граничните премини Ќафасан и Деве Баир и за набавка на нов национален едношалтерски систем, кои се дел од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот за Западен Балкан, финансиран со заем од Светска Банка, а се реализира преку проектната единица во рамките на Министерството за транспорт и врски, информираат надлежните.
Соговорниците на денешната средба утврдиле дека активно се работи на реализација на проектите, a динамиката при изведување на истите е задржана согласно предвидувањата.
„Царинската управа ќе продолжи интензивно да соработува со сите владини и државни институции кои се надлежни за протокот на стоки, добра и патници со цел олеснување на царинските процедури“, известуваат од оваа институција.
Македонија
Пендаровски: Без мерки неповратно ќе ги изгубиме водните ресурси

Претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на виртуелната конференција „Зелената агенда за Западен Балкан како поттик за заштита на водите во Република Северна Македонија“ истакна дека доколку не бидат преземени долгорочни мерки за нивна заштита, можеме неповратно да ги изгубиме.
Според некои процени, истакна Пендаровски, во државата се прочистуваат од 3 до 4 проценти од вкупното количество отпадни води од рударството и индустријата, а најголем дел од непрочистената вода се испушта директно во почвата, во реките, акумулациите, езерата и во јавната канализација.
Еднакво сериозен проблем, според претседателот, е вадењето песок, чакал и камен од речните и езерските брегови и корита, со што, како што рече, се врши легализирано уништување на речните корита.
Според Пендаровски, проблемот е во ниското ниво на јавна свест.
Слаба алка во нашиот систем, според претседателот, е инспекцискиот надзор за кој рече дека е нередовен и реактивен поради законски недоречености и буџетски ограничувања.
Македонија
Во ковид-центрите во земјата се лекуваат 443 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 443 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Според Министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 73 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 56 пациенти, во Прилеп – 72, во ковид-центарот во Гостивар – 12, а во Струга – 20 болни.
Во болницата во Струмица се хоспитализирани 20 пациенти, во Кочани – 7, во Кичево – 6, во Кавадарци – 48, во Гевгелија – 9 лица, а во Дебар – 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 750 и има околу 360 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.
Додаваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер