Контакт

Општество

Регионална конференција Заштита на просторот за мирен јавен собир во југоисточна Европа

Објавено пред

Првата регионална и национална конференција „Заштита на просторот за мирен јавен собир во Југоисточна Европа“ ќе се одржи следните два дена (понеделник и вторник, 25-ти и 26-ти август) во Скопје во хотелот „Холидеј Ин“.

dobivaj vesti na viber

Конферецијата ќе овозможи претставниците на граѓанските организации од Балканот, претставници од ОБСЕ/ОДИХР, Европската унија, експерти и претставници на институциите, да ги истражат и дискутираат можностите и предностите поврзани со правните и практичните аспекти на примената на слободата на јавен собир во Југоисточна Европа. Постојната законска рамка и заштитните механизми кои го гарантираат правото на јавен собир во практиката ќе бидат разгледувани. Исто така, на конференцијата ќе се идентификуваат начините за подобра соработка помеѓу граѓанското општество, медиумите и властите, со цел унапредување на правото на јавен собир во регионот. Конференцијата ја организира „Реактор – Истражување во акција“ во соработка со Европскиот центар за непрофитно право (ECNL), ОБСЕ/ОДИХР, и е дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија. На неа учество ќе земат низа клучни говорници, вклучително и претставници од ОБСЕ/ОДИХР, ECNL, Уставниот суд на Република Македонија, претставници на релевантни институции, како и проминентни организации на граѓанското општество од регионот ќе учествуваат на конференцијата.Конференцијата ќе се осврне на темите за стандардите и практиките од областа на јавните собири, како и можностите за правна заштита; експертски ставови за предизвиците кои произлегуваат од глобалните трендови од остварувањето на правото на јавен собир; прецизен увид на потребите и перспективите на различните релевантни чинители; и за јавните собири во дигиталната ера: нови технологии за организирање и следење јавни собири. Една од главните цели на конференцијата е да понуди можности за вмрежување и да поттикне дебата меѓу учесниците од државите од југоисточна Европа и Македонија./крај/мф

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Уставниот суд укина 3 правилници, а поведе постапки за 8 прописи за кои беа поднесени иницијативи од Министерот Кренар Лога и МП

Објавено пред

Во врска со 20-те иницијативи кои беа доставени до Уставниот суд за поведување на постапки за оценување на уставноста на повеќе прописи објавени во спротивност со членот 52 од Уставот, од страна на Уставниот суд донесени се Одлуки со кои се укинати 3 Правилници за кои од страна на судот е “оценето дека при објава на истите недвосмислено произлегува дека е пречекорен уставниот рок за објавување предвиден во член 52 од Уставот, односно од страна на судот е оценето дека оспорените Правилници не се во согласност со членот 51 и членот 52 од Уставот”.

dobivaj vesti na viber

Oд страна на Уставниот суд донесени се и решенија со кои се поведени постапки за оценување на уставноста на 8 прописи за кои беа поднесени иницијативи, а во кои судот оценил “дека е пречекорен уставно пропишаниот рок од седум дена за објавување во Службен весник на Република Северна Македонија поради што основано се поставува прашањето за уставноста на овие прописи односно нивната согласност со членот 52 од Уставот”.

Воедно, Министерството за правда и Министерот Лога ја поздравуваат објективноста и ефикасноста на Уставниот суд во врска со овие прашања, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Прикажи повеќе...

Македонија

Порака од претседателот Пендаровски по повод 5 Ноември – Светскиот ден на ромскиот јазик

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 5 ноември – Светскиот ден на ромскиот јазик, упати порака до припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

– Ромскиот јазик е значаен дел од идентитетот на ромскиот народ. Тој претставува сведоштво за историјата на ромската заедница и придонесува во зачувувањето на нивната уникатна култура којашто со своите карактеристики ја збогатува севкупната културна ризница во нашата држава. На Светскиот ден на ромскиот јазик, го истакнуваме значењето на негувањето на ромскиот јазик како чувар на традицијата, фолклорот и културата. Прикажувајќи ја суштината на ромскиот начин на живот, нивните приказни и нивните вредности, ромскиот јазик претставува мост до разновидното наследство на ромската заедница. Поддршката за негувањето на ромскиот јазик е важна не само за зачувување на културното наследство на ромската заедница, туку претставува и начин за јакнење и збогатување на нашето мултикултурно општество. Унапредувањето на севкупниот образовен процес на децата Роми и обезбедувањето на соодветните услови е од клучно значење за натамошното негување на ромскиот јазик. Во таа насока, особено се значајни заложбите и посветеноста кон обезбедување услови за поголема институционална поддршка за изучување, употреба и зачувување на ромскиот јазик. Честит 5 Ноември – Светски ден на ромскиот јазик, се вели во честитката од претседателот Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Џафери: Помирувањето и соработката значат успех во трансформацијата на регионот

Објавено пред

Парламентарната соработка на земјите од Западен Балкан е уште еден камен на зајакнување во обезбедувањето на инклузивниот напредок за регионот со посветеност кон главните европски вредности на демократијата, владеењето на правото и фундаменталните права, смета претседателот на Собранието Талат Џафери, кој се обрати на сесијата „Перспективите за мир и помирување во Западен Балкан” во рамки на регионалната конференција „Интеграција на Западен Балкан во ЕУ – предизвици и перспективи“ што денеска се одржува во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Според него, Интерпарламентарната унија со право заклучила дека „пратениците имаат уникатно поимање за диверзитетот меѓу луѓето и се во подобра позиција да ги артикулираат аспирациите на луѓето и да објаснат што навистина им е важно.”

-И ова е предуслов за работата на ООН низ сите земји и нејзиниот клучен принцип да не остави никој зад себе, што го прави Парламентот еден од клучните партнери. Помирувањето и соработката се заедничкиот именител на успехот на трансформацијата на регионот. Тие се фундаменталниот фактор за нашите партнери и за нас како земји на нашиот пат кон членство во Европската Унија и иднината на целиот регион е токму во нив. И оваа конференција е доказ дека ние како регион, продолжуваме да градиме мостови на соработка и приближување помеѓу нашите народи, нашите држави и целиот регион на Европската Унија. Така создаваме доволен простор за развој и напредок на овој дел на континентот, координирајќи се за заеднички проекти започнати во рамките на Берлинскиот процес, Одржливите цели на Обединетите нации и политиките на Унијата, истакна Џафери.

Нагласи дека Република Северна Македонија работела и дека ќе продолжи да работи во насока на постигнувањето на стратешките цели, односно полноправното членство во ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет53 минути

Нетанјаху изрази загриженост за „анти-израелската позиција“ на Русија

Израелскиот лидер денеска разговараше со Владимир Путин и го изрази своето незадоволство поради „анти-израелската позиција“ заземена од претставниците на Москва...

Македонија1 час

Обдукцискиот наод за Вања се уште не е изготвен и доставен до обвинителството

Обдукцискиот наод за 14 годишната Вања Ѓорчевска се уште не е изготвен и доставен до обвинителството, велат оттаму. Од обвинителството...

Македонија1 час

СДСМ: Близок соработик на Мицкоски фатен со кокаин; ВМРО-ДПМНЕ: Толоманоски по пријавата е разрешен

Истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски е фатен со кокаин, вели СДСМ. „Како што информираше...

Свет2 часа

Путин: Западот никогаш нема да успее да ја ослаби и уништи Русија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните земји се обиделе да ја ослабат и уништат Русија, но дека тоа никогаш...

Македонија2 часа

Маричиќ: Мора силно да се залагаме за мирно разрешување на конфликтите низ дијалог и дипломатија

Во честитката по повод денешниот празник, заменик претеседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ потсетува на клучниот постулат...

Македонија2 часа

Битиќи: Македонија негува стабилно, правично и инклузивно општество

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, во својата објава на социјалните мрежи по повод Меѓународниот ден на човековите права...

Македонија2 часа

Костадиновска-Стојчевска: Продолжуваме да се бориме против дискриминацијата, насилството и неправдата

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во честитката на социјалните мрежи по повод Меѓународниот ден на човековите права напиша дека „и...

Топ2 часа

Пешак го загуби животот откако бил прегазен на улица во Нов Дојран

Пешак од Нов Дојран го загуби животот откако вчеравечер во него удрило патничко возило „шевролет“ на главната улица во Нов...

Економија2 часа

Вучиќ најави изградба на гасна интерконекција кон Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, заедно со колегите од Софија и Баку денеска во Ниш ја пуштија во употреба гасната...

Македонија4 часа

Герасимовски: Ниту сум имал контакт, ниту сум дал дозвола на хрватски новинари да влезат во Песталоци

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, демантира дека дал дозвола на хрватски медиуми да влезат во училиштето каде учеше Вања....

Македонија5 часа

Нови шокантни детали од Ковачки: „Безбеден Град“ го лоцирало возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Оливер Спасовски е должен да и одговори на македонската јавност зошто на 4 декември за време на неговата прес-конференција, излажа...

Македонија6 часа

Скандал: директорката на училиштето каде учеше Вања избркала хрватски новинари – „Избришете ги сите фотографии!“

Директорката на „Јохан Хајнрих Песталоци“, училиштето каде што учеше Вања, не им дозволила на хрватски репортери да фотографираат и ги...

Свет7 часа

(Видео) Сите очи вперени кон Аргентина: денеска инаугурацијата на Мајли, пристигна и Зеленски

ВО ГЛАВНИОТ град на Аргентина, Буенос Аирес, се е подготвено за денешната инаугурација на новиот претседател Хавиер Мајли, човекот кој...

Свет7 часа

Обединети нации: 9 од 10 луѓе во Газа не можат да јадат секој ден

Висок претставник на Светската програма за храна на Обединетите нации денеска предупреди дека половина од населението во Појасот Газа гладува...

Свет7 часа

„Ова е ментална болест!“ – Ердоган ѝ удри шлаканица на Америка, па постави прашање на кое цел свет чека одговор

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го искористи говорот за човекови права за да го обвини Западот за „варварство“ поради неговиот...

Свет8 часа

(Фото) Од птичја перспектива: еве каде живеат Палестинците додека траат борбите меѓу Израел и Хамас

Повеќето од 2,3 милиони жители на Газа биле принудени да ги напуштат своите домови, често неколкупати, откако Израел им нареди...

Свет8 часа

„Животот му е во опасност“ – ни трага, ни глас од најголемиот непријател на Путин

Поддржувачите на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални велат дека немаат контакт со него веќе три дена. Претседателката на неговата...

Свет8 часа

Загинаа шест лица, меѓу нив и дете: торнадо направи хаос во Америка

Шест лица загинаа, а 23 се повредени во торнадо што ја погоди американската сојузна држава Тенеси, соопштија локалните власти. Меѓу...

Македонија20 часа

По објавата на „Макфакс“: МВР го бара човекот кој стои зад лажниот профил што повика на протест и бесење на Спасовски

По објавата на „Макфакс“ дека лажен профил потпишан како „Ѓоре Ајтов“ повикува на немири и протести за да го ослободат...

Регион23 часа

„Што ако детето ми е киднапирано?“ – се огласи мајката на исчезнатата Сара

Сара Петровиќ (17) од Борча, Белград, исчезна денеска околу 13 часот, последен пат била видена во близина на ресторанот „Франш“....