Општество
Регионална конференција Заштита на просторот за мирен јавен собир во југоисточна Европа

Првата регионална и национална конференција „Заштита на просторот за мирен јавен собир во Југоисточна Европа“ ќе се одржи следните два дена (понеделник и вторник, 25-ти и 26-ти август) во Скопје во хотелот „Холидеј Ин“.
Конферецијата ќе овозможи претставниците на граѓанските организации од Балканот, претставници од ОБСЕ/ОДИХР, Европската унија, експерти и претставници на институциите, да ги истражат и дискутираат можностите и предностите поврзани со правните и практичните аспекти на примената на слободата на јавен собир во Југоисточна Европа. Постојната законска рамка и заштитните механизми кои го гарантираат правото на јавен собир во практиката ќе бидат разгледувани. Исто така, на конференцијата ќе се идентификуваат начините за подобра соработка помеѓу граѓанското општество, медиумите и властите, со цел унапредување на правото на јавен собир во регионот. Конференцијата ја организира „Реактор – Истражување во акција“ во соработка со Европскиот центар за непрофитно право (ECNL), ОБСЕ/ОДИХР, и е дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија. На неа учество ќе земат низа клучни говорници, вклучително и претставници од ОБСЕ/ОДИХР, ECNL, Уставниот суд на Република Македонија, претставници на релевантни институции, како и проминентни организации на граѓанското општество од регионот ќе учествуваат на конференцијата.Конференцијата ќе се осврне на темите за стандардите и практиките од областа на јавните собири, како и можностите за правна заштита; експертски ставови за предизвиците кои произлегуваат од глобалните трендови од остварувањето на правото на јавен собир; прецизен увид на потребите и перспективите на различните релевантни чинители; и за јавните собири во дигиталната ера: нови технологии за организирање и следење јавни собири. Една од главните цели на конференцијата е да понуди можности за вмрежување и да поттикне дебата меѓу учесниците од државите од југоисточна Европа и Македонија./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меморандум за соработка меѓу СОС Детско село и М6 Едукативен центар

Потпишан меморандум за соработка меѓу СОС Детско село и М6 Едукативниот Центар, целта е како што информираат од таму, соработка и зајакнување на заедничките активности.
„Соработката меѓу овие две институции ќе биде насочена кон подобрување на севкупната социо-економска состојба во државата особено на децата, младите луѓе и семејствата, преку создавање можности за континуирано учење и унапредување на професионалниот развој на поединци и групи, спојување со бизнис секторот, поттикнување општествена и индивидуална одговорност и филантропија“, известуваат институциите.
Објаснуваат дека, преку ваквата соработка, младите поддржани преку програмите и проектите на СОС Детското село ќе бидат вклучени во програми за практикантство и вработување во компании со кои соработува М6, бесплатни обуки, креирање на семинари, размена на искуства и други практики проекти.
Од СОС Детско село објаснуваат, дека оваа институција во нашата земја веќе 20 години ги поддржува децата и младите без родителска грижа и посветено работи на полето на социјалната превенција зајакнувајќи ги семејствата во социјален ризик.
„M6 Едукативниот центар работи на креирање на силна врска помеѓу бизнисот, студентите и стартап заедницата со цел градење на долгорочна и ефективна соработка. Со своите нови програми М6 Едукативниот центар работи на поврзување на студентите со бизнис и стартап заедницата“, информираат од центарот.
Македонија
CREDISSIMO донира топол оброк на Клиниката за инфективни болести

Пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, која трае веќе една година, со сигурност наметна нови предизвици и тешкотии во секојдневното функционирање, но сепак најголемиот товар го носат здравствените работници, а со тоа и здравствениот систем.
Во време на криза која е резултат од пандемијата, како знак на поддршка на здравствениот систем и на здравствените работници, финтек-компанијата Credissimo која применува општествено одговорни практики, во период од две недели ќе донира вкусен топол оброк за сите вработени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, под мотото „Топол оброк навреме“. Ваква иницијатива компанијата спроведе и во другите држави каде што е присутна: Бугарија, Полска и Колумбија.
На овој начин, компанијата сака да оддаде почит за трудот и работата на лицата кои и покрај директната изложеност на вирусот и големиот ризик за сопственото здравје и здравјето на своите блиски, безрезервно се борат за здравјето на своите граѓани. Со оваа иницијатива, Credissimo ќе даде свој удел во намалување на последиците од вирусот Kовид-19.
Денес на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, тимот од Credissimo лично се погрижи за ручекот на вработените, искажа благодарност за трудот што медицинскиот персонал несебично и секојдневно го вложува и им посака да продолжат со одличната работа.
Верувам дека со оваа наша постапка ќе му помогнеме на персоналот на Клиниката кој е на првата борбена линија со вирусот Ковид-19 и ќе ги мотивираме да продолжат неуморно и професионално да ја работат својата работа како и досега. Се надевам дека ќе ја почувствуваат нашата безрезервна поддршка, бидејќи во моментов, тоа е и најпотребно, изјави Георги Руков, директорот на ФД Кредисимо.
Credissimo е веќе 5 години присутен во Македонија и со оваа донација го означуваме почетокот на голем број на активности од општествена одоговорност, изјави Георги Руков, директорот на ФД Кредисимо.
Со цел одржување на оперативната одговорност и подготвеност на здравствениот систем во земјава, од 22 февруари, па сè до 7 март, вработените ќе бидат обезбедени навреме со топол оброк за својата пауза.
Голема благодарност до компанијата Credissimo кои покажаа голема хуманост како општествено одговорна компанија и дадоа свој придонес на нашата клиника. Со ваков потег со кој компанијата донираше топол оброк во период од 2 недели се укажува на едно признание кон работата на нашиот персонал кои цела година наназад напорно работи и се вложува, изјави директорката од Клиниката за инфективни болести -Др сци. Мирјана Пехчевска Поп Илиев.
(ПР текст)
Македонија
(Видео) Бочварски: Преку нов предлог-закон го продолжуваме процесот на легализација

Mинистерот за транспoрт и врски Благој Бочварски рече дека сакаат да го продолжат рокот за легализација преку нов закон, за да може да им се даде можност на сите физичи и правни лица кои досега не ги легализирале објектите или подземната инфраструктура тоа да го сторат.
Бочварски ова го истакна при денешната работна посета во општина Ѓорче Петров.
„Според новиот предлог-закон, а за кој очекуваме поддршка од пратениците, висината на надоместокот е утврдена со висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште во секоја општина посебно – комуналии – и се зголемува за 50 проценти. Од плаќање надоместок со предлогот ослободени се примателите на социјална помош, државни органи, единици на локална самоуправа, јавни субјекти како и верските објекти“, рече Бочварски.
Според него, за бесправните објекти кои се изградени во одредени заштитени подрачја со новиот предлог-закон се предвидува да се побара согласност за легализација од органите надлежни за управување со овие подрачја.
Тој напомена дека првично со овој предлог-закон крајниот рок за легализација беше за објекти изградени до 1 октомври 2019 година, а беше на барање и со силна поддршка на локалните самоуправи и градоначалниците.
Министерот заедно со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, доделија триесетина решенија за легализација на жители од општината.
„Остваривме работна средба, на која дадовме акцент на новиот клинички центар, изработката на проектот за инфраструктура, а истовремено даваме и апел да се одблокира целиот прокет кој е закочен од опозицијата во Собранието. Станува збор за најголемата гринфилд инвестиција која досега ја имала оваа земја”, истакна градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.
На новинарско прашање за изградба на клиничкиот центар, министерот Бочварски апелираше до пратениците да не го блокираат процесот за изградба на клиничкиот центар како стратешка инвестиција за државата.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер