Општество
Регионална конференција Заштита на просторот за мирен јавен собир во југоисточна Европа

Првата регионална и национална конференција „Заштита на просторот за мирен јавен собир во Југоисточна Европа“ ќе се одржи следните два дена (понеделник и вторник, 25-ти и 26-ти август) во Скопје во хотелот „Холидеј Ин“.
Конферецијата ќе овозможи претставниците на граѓанските организации од Балканот, претставници од ОБСЕ/ОДИХР, Европската унија, експерти и претставници на институциите, да ги истражат и дискутираат можностите и предностите поврзани со правните и практичните аспекти на примената на слободата на јавен собир во Југоисточна Европа. Постојната законска рамка и заштитните механизми кои го гарантираат правото на јавен собир во практиката ќе бидат разгледувани. Исто така, на конференцијата ќе се идентификуваат начините за подобра соработка помеѓу граѓанското општество, медиумите и властите, со цел унапредување на правото на јавен собир во регионот. Конференцијата ја организира „Реактор – Истражување во акција“ во соработка со Европскиот центар за непрофитно право (ECNL), ОБСЕ/ОДИХР, и е дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија. На неа учество ќе земат низа клучни говорници, вклучително и претставници од ОБСЕ/ОДИХР, ECNL, Уставниот суд на Република Македонија, претставници на релевантни институции, како и проминентни организации на граѓанското општество од регионот ќе учествуваат на конференцијата.Конференцијата ќе се осврне на темите за стандардите и практиките од областа на јавните собири, како и можностите за правна заштита; експертски ставови за предизвиците кои произлегуваат од глобалните трендови од остварувањето на правото на јавен собир; прецизен увид на потребите и перспективите на различните релевантни чинители; и за јавните собири во дигиталната ера: нови технологии за организирање и следење јавни собири. Една од главните цели на конференцијата е да понуди можности за вмрежување и да поттикне дебата меѓу учесниците од државите од југоисточна Европа и Македонија./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Карпош

Според информациите од ЈП „Водовод и канализација“, денеска делови од Карпош ќе бидат без вода.
Од оваа претпријатие информираат дека поради изведување водоводен приклучок на Ф80 мм на улицата Демир Трајко бр. 10 б, во периодот од 9 часот, па сè до завршување на работата, без вода ќе останат дел од корисниците на оваа скопска улица.
Македонија
(Видео) Oрганизаторите на настани протестираа пред Владата: Наместо да пуштаме гласна музика, една година сме тивки

Со мотото „ПОМЕН – една година тишина“, со транспаренти во рацете „Спасете ја ивент-индустријата“, вработените во продукциските компании за организирање настани се собраа пред Владата со поставени кутии за опрема и со едночасовен молк го изразија својот револт бидејќи една година не се гласни и не си ја работат својата работа.
Велат тука се со порака дека без поддршка од државата не ќе може да опстанат и дека е можно над 20.000 луѓе од оваа индустрија да останат на улица.
Како што изјави Маја Бабиќ, претседател на Асоцијацијата на ивент-индустријата (ИВАП), која го организира протестот, компаниите од оваа дејност бараат помош во неповратни грантови, како што добија ноќните клубови, за да може, додека се затворени, да опстанат многуте уметници, продуценти и други работници што ја опслужуваат оваа дејност.
„Процените се дека падот на приходите во ивент-индустријата се повеќе од 50 отсто, што значи дека во догледно време ќе значи ќе ставиме клуч на врата. Цела година не работиме и не сме препознаени од власта, односно препознаени сме на еден чуден начин. Треба да седнеме да разговараме веднаш за спас на ивент-индустријата. Донесоа мерки што не се разбирливи за нас, а ние треба да опстанеме. Над 40 компании се загрижени, рентал-фирми за опрема, видео и аудиопродукции, компании за осветление, бина, звучници и други. Ние секогаш сме гласни во нашата работа, но не сакаме овој пат да бидеме такви, сакаме на тивок начин да го решиме проблемот“, изјави Маја Бабиќ, од ИВАП.
Како што објасни таа, претставниците на оваа асоцијација разговарале со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, уште во јануари и тогаш му понудиле решение за нивната индустрија, но, иако добиле ветување, нивното барање не било земено предвид.
Се донеле мерки, што, според нив, ниту се соодветни ниту се разбирливи. Затоа бараат повторна средба со претставник од Владата за да најдат заедничко прифатливо решение за двете страни.
Македонија
На инфективните одделенија во државата се лекуваат вкупно 419 лица од Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата се лекуваат вкупно 419 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Од извештаите на болниците што пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола хоспитализирани се 30 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип хоспитализирани се 32 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 65 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид-центарот во Охрид има 56 пациенти, во Прилеп – 75 пациенти, во ковид-центарот во Гостивар – 6, а во Струга – 19 хоспитализирани лица.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 19 пациенти, во Кочани – 7, во Кичево – 8, во Кавадарци – 42, во Гевгелија – 5 лица, а во Дебар – 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Според Министерството за здравство, бројките се менуваат од час на час според направените приеми и исписи на пациенти.
„Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 682 и во ковид-центрите има околу 360 празни болнички кревети“, информираат од Министерството.
Додаваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер