Општество
Регионална конференција Заштита на просторот за мирен јавен собир во југоисточна Европа

Првата регионална и национална конференција „Заштита на просторот за мирен јавен собир во Југоисточна Европа“ ќе се одржи следните два дена (понеделник и вторник, 25-ти и 26-ти август) во Скопје во хотелот „Холидеј Ин“.
Конферецијата ќе овозможи претставниците на граѓанските организации од Балканот, претставници од ОБСЕ/ОДИХР, Европската унија, експерти и претставници на институциите, да ги истражат и дискутираат можностите и предностите поврзани со правните и практичните аспекти на примената на слободата на јавен собир во Југоисточна Европа. Постојната законска рамка и заштитните механизми кои го гарантираат правото на јавен собир во практиката ќе бидат разгледувани. Исто така, на конференцијата ќе се идентификуваат начините за подобра соработка помеѓу граѓанското општество, медиумите и властите, со цел унапредување на правото на јавен собир во регионот. Конференцијата ја организира „Реактор – Истражување во акција“ во соработка со Европскиот центар за непрофитно право (ECNL), ОБСЕ/ОДИХР, и е дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија. На неа учество ќе земат низа клучни говорници, вклучително и претставници од ОБСЕ/ОДИХР, ECNL, Уставниот суд на Република Македонија, претставници на релевантни институции, како и проминентни организации на граѓанското општество од регионот ќе учествуваат на конференцијата.Конференцијата ќе се осврне на темите за стандардите и практиките од областа на јавните собири, како и можностите за правна заштита; експертски ставови за предизвиците кои произлегуваат од глобалните трендови од остварувањето на правото на јавен собир; прецизен увид на потребите и перспективите на различните релевантни чинители; и за јавните собири во дигиталната ера: нови технологии за организирање и следење јавни собири. Една од главните цели на конференцијата е да понуди можности за вмрежување и да поттикне дебата меѓу учесниците од државите од југоисточна Европа и Македонија./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Министерство за здравство: 446 нови вработувања во текот на пандемијата

Од министерството за здравство информираат дека минатата година биле реализирани 446 нови вработувања во јавно-здравствени установи низ државата. Од почетокот 2020 година 164 доктори, 247 медицински сестри и 35 специјалисти добиле статус на вработени на неопределено време.
„Вложувањата во човечки капитал во здравството не застанаа дури ни во време на пандемија. Пандемијата покажа колку се значајни здравствените работници, тие се столбот на нашето здравство. Со нови вработувања и зголемувањата на платите создаваме услови секој млад здравствен работник својата иднина и кариера да ја гледа во својата земја. Се залагаме за подобрување на условите во кои истите работат и ги слушаме нивните потреби. Отворени сме за соработка со младите како никогаш досега”, истакнува министерот Венко Филипче.
Според него, во изминатите 3 години, се дадени повеќе од 5000 согласности за вработување во јавно-здравствените установи и за првпат се платени приватните специјализанти во висина од просечна плата на општ лекар со што тие се изедначуваат со статусот на нивните колеги.
„Во месец септември 2018 година, на 19.123 вработени во јавно-здравствените установи им се зголеми основицата за плата за 5%. Во јануари 2019 година, следеше дополнително зголемување на платите на здравствените работници, доктори, медицински сестри, болничари, техничари. 5% за медицинските сестри, 8% на медицинските сестри на Клиниките и 10% за докторите специјалисти“, информираат од министерството за здравство.
Според нивните анализи, во месец септември 2019 година, за 5% е зголемена платата на администрацијата во здравството. Од февруари 2020 година, платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, додека пак на медицинските сестри за 10%.
„Кумулативно, заедно со сите зголемувања досега, вклучително и зголемувањата во месец февруари 2020 година, основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15%“, велат од министерството за здравство.
Македонија
(Видео) Шахпаска: 1 март- Ден на нула дискриминација

По повод 1 март – Денот на нула дискриминација, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, порача дека владата и министерството за труд и социјална политика, имаат направено сериозен исчекор во борбата против дискриминацијата.
„Преку широка и отворена дебата успеавме да го усвоиме Законот за спречување и заштита од дискриминација. За прв пат како дискриминаторски основи ги вклучивме и сексуалната ориентација и родовиот идентитет, како дел од основните човекови права и слободи“, истакна Шахпаска.
Таа ја потенцираше транспарентната постапка за избор на професионалната Комисија за спречување и заштита од дискриминација, која има задача ефикасно, објективно, независно и принципиелно да работи во интерес на граѓаните.
„Градиме еднакво општество за сите, водени од тоа дека секој има право на достоинствен живот без оглед на возраст, пол, расна и етничка припадност или убедување. Секој човек е различен и секој човек има право на избор. Впрочем, убавината на општеството ја прават различностите,“ порача министерката Шахпаска.
Македонија
(Видео) И покрај жестоките обиди демонстрантите не го пробија кордонот, полицијата во акција за потиснување

Јајца, балони со вода, канти за ѓубре и пластични столчиња летаа кон полицајците пред „Мавровка“ во нов обид демонстрантите да го пробијат полицискиот кордон.
Од задните редови на толпата, во еден момент излезе нова група лица со фантомки и жестоко удри врз полицијата. Освен што маваа со што стигнат, се фрлаa и со цело тело во полициските штитови, но не успеаја да го пробијат кордонот.
Една група демонстранти, пак, се обидуваше да ги смири оние што беа најагресивни. Додека лицата со фантоми навалуваа по полицијата, организаторите викаа по нив „оставете ја полицијата, не е виновна за ништо“.
Обидот за пробивање на кордонот не беше успешен, a полицијата во меѓувреме ги консолидираше своите редови и почна да ја потиснува толпата во правец кон Бит-пазар. Кордонот, кој го следеа и неколку оклопни возила, ја принудија разбеснетата толпа да се врати назад.
На демонстраните не им е дозволен пристап кон судовите, кои беа нивна првична цел, а на местото на настанот може да се забележат и екипи на брзата помош.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран