Општество
Регионална конференција Заштита на просторот за мирен јавен собир во југоисточна Европа

Првата регионална и национална конференција „Заштита на просторот за мирен јавен собир во Југоисточна Европа“ ќе се одржи следните два дена (понеделник и вторник, 25-ти и 26-ти август) во Скопје во хотелот „Холидеј Ин“.
Конферецијата ќе овозможи претставниците на граѓанските организации од Балканот, претставници од ОБСЕ/ОДИХР, Европската унија, експерти и претставници на институциите, да ги истражат и дискутираат можностите и предностите поврзани со правните и практичните аспекти на примената на слободата на јавен собир во Југоисточна Европа. Постојната законска рамка и заштитните механизми кои го гарантираат правото на јавен собир во практиката ќе бидат разгледувани. Исто така, на конференцијата ќе се идентификуваат начините за подобра соработка помеѓу граѓанското општество, медиумите и властите, со цел унапредување на правото на јавен собир во регионот. Конференцијата ја организира „Реактор – Истражување во акција“ во соработка со Европскиот центар за непрофитно право (ECNL), ОБСЕ/ОДИХР, и е дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија. На неа учество ќе земат низа клучни говорници, вклучително и претставници од ОБСЕ/ОДИХР, ECNL, Уставниот суд на Република Македонија, претставници на релевантни институции, како и проминентни организации на граѓанското општество од регионот ќе учествуваат на конференцијата.Конференцијата ќе се осврне на темите за стандардите и практиките од областа на јавните собири, како и можностите за правна заштита; експертски ставови за предизвиците кои произлегуваат од глобалните трендови од остварувањето на правото на јавен собир; прецизен увид на потребите и перспективите на различните релевантни чинители; и за јавните собири во дигиталната ера: нови технологии за организирање и следење јавни собири. Една од главните цели на конференцијата е да понуди можности за вмрежување и да поттикне дебата меѓу учесниците од државите од југоисточна Европа и Македонија./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во земјава засега нема јужноафрикански сој, кај еден од повратниците од Занзибар детектиран британскиот вид на вирусот

Според анализите што денеска се направени во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) на брисот од пацинетот кој пред неколку дена се вратил од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.
Денеска се прошири веста дека двајца сопружници од Битола, кои се вратиле од патување во Занзибар се ковид-позитивни. Според информациите, битолчаните пред 5 дена се вратиле од Африка, а во моментов и двајцата се на болничко лекување.
Од ресорното министерство нагласуваат дека во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа на вториот пацинет од Занзибар.
Веста за заразените сопружници кои се вратиле од Африка во јавноста ги поттикна стравувањата дека во земјава би можел да навлезе јужноафриканскиот сој на короната, кој се смета за еден од најзаразинте во моментов.
Министерството за здравство денеска соопшти дека Комисијата за заразни бoлести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лицата што доаѓаат од сите африкански земји.
Македонија
Сопругата на Пендаровски во посета на Центарот за жртви од семејно насилство во Струмица

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, го посети Ценатрот за згрижување жртви на семејно насилство во Струмица.
„Таа се запозна со лицата жртви на семејно насилство, како и со дел од тимот што им ја дава неопходната помош“, информираат од Кабинетот на претседателот.
Додаваат дека целта на посетата е да им се даде поддршка на жртвите на семејно и родово базирано насилство покажувајќи им дека сите заедно треба да работиме во подигање на свеста и унапредување на услугите за борба против насилството.
Од Центарот известуваат дека е забележано зголемување на бројот на случаи на семејно насилство поради пандемијата на Ковид-19 и поради рестриктивните мерки во однос на движењето и финансиските ограничувања.
Токму затоа, велат од таму, потребно е да се охрабрат жртвите на семејно и родово базирано насилство да го пријават и да ја добијат потребната заштита, како и згрижување и стручна советодавна помош за полесно справување со последиците од насилството.
Од Центарот информираат дека лицата жртви на семејно и родово базирано насилство, покрај згрижување, добиваат и заштита, психо-социјална помош и поддршка, третман за надминување на траумата, правно советување, вклучување во активните мерки за вработување со цел учество во пазарот на трудот и постигнување финансиска независност.
„Со овие активности им се овозможува за одреден период да бидат одвоени од средината во која се случило насилството, им се даваат услуги од стручната советодавна работа заради надминување на последиците од насилството и преку разновидни содржини се оспособуваат за разни социјални вештини“, велат надлежните од Центарот.
Македонија
Состанок на експертската група за правни лекови во борбата против трговијата со луѓе

Државната секретарка и национална координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Магдалена Несторовска, го отвори регионалниот состанок на експертската група „Пристап до ефективни правни лекови за жртвите на трговија со луѓе во земјите на Југоисточна Европа“.
Според МВР, на состанокот присуствуваат повеќе од 100 учесници практичари од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија, како и Франција, Грција и од Словенија.
„По двајца претставници од сите земји ќе ги споделат добрите пракси во однос на национална пракса за процедурални права за пристап до правда и механизмите за помош и поддршка на жртви на трговија со луѓе“, додаваат од Министерството за внатрешни работи.
Состанокот е во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, во соработка и со поддршка и финансирање од Министерството за Европа и надворешни работи на Франција и Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција од РСМ и денеска и утре се одржува преку платформата КУДО, информираат од МВР.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер