Македонија
Основен суд Скопје 1: Нема рокови за закажување на судењата за обвиненијата на СЈО
Иако Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева во петокот изјави дека судот во рок од осум дена треба да ги закаже судењата за двата случаи за кои ова Обвинителство поднесе обвинение, од Основниот суд Скопје 1 велат дека нема формално утврдени рокови за закажување на главните расправи.
Двата обвинителни предлози согласно електронскиот систем за распределба, се распоредени кај двајца судии од одделот Кривично полнолетни за понатамошнопостапување.Од Судот потврдуваат дека се работи за забрзани постапки коишто можат да бидат поведени врз основа на обвинителен предлог или приватна тужба и во овие случаи е предивдена парична казна или казна затвор од пет години.„За овие предмети не е предвидено водење на предистражна постапка туку обвинителниот предлог или приватната тужба треба да бидат комплетирани и документирани со цврсти докази кои даваат повеќе од разумно сомнение за сторено кривично дело и судот не би требало да има потешкотии за утврдување на фактичката состојба, со долго водење на главната расправа“, соопштуваат од Судот.По распоредувањето на обвинителниот предлог или приватната тужба, судијата има обврска да испита дали е надлежен и дали постојат услови за отфрлање на предлогот или приватната тужба или во спротивно да закаже главна расправа за која ќе ги известистранките со покана и ќе им достави примерок од обвинителниот предлог илиприватната тужба.„Потребно е да се напомене дека за испитување на обвинителниот предлог или приватната тужба и закажување на главна расправа законот не предвидува формални утврдени рокови, освен во случај кога се работи за притворски предмет кои се води по брза постапка и за кои доколку е определна мерка притвор по предлог на јавниотобвинител, во претходна постапка, притворот не може да трае подолго од осум дена доподнесување на обвинителниот предлог, што е јасно предвидено во член 470 одЗКП, а во овие два предлози овластениот обвинител воопшто не предложил до судотопределување на некоја од мерките за обезбедување присуство“, велат од Судот.Специјалното јавно обвинителство во четвртокот поднесе две обвиненија за уништување на списи поврзани со работата на системите за следење на комуникациите и за насилните протести што се случија во јули 2013 година во скопската општина Центар.Првообвинет во првиот случај е директорот на Петтата Управа, Горан Грујевски и уште шестмина службеници од Управата за безбедност и контраразузнавање, додека за вториот случај првообвинет е поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и поранешниот Министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и двајцата за поттикнување на насилство. Освен нив, за истото дело обвинети се уште три лица, а девет лица се обвинети како учесници во насилните протести./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Техничката влада не се укина за изборите во 2024 година за ДУИ да добие премиер
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва беше гостин во Тема на денот на Сител телевизија, каде се осврна и на актуелната тема за укинување на техничката влада за што истакна дека истата била воведена како привремено решение за кризата во 2015 година. Тој вели дека нејзиното укинување во 2024 година било спречено поради договор меѓу СДС и ДУИ со цел ДУИ да добие премиер, како што и се случи, и како што вели тој, беше спротивно на изборните правила и волјата на граѓаните.
„Во 2015 година оваа техничка влада беше договорена во еден сосема друг политички контекст и беше решение на една политичка криза. До следните редовни парламентарни избори ќе поминат 12 и пол години од таа политичка криза и од договорите кои што тогаш се правеа. Оваа техничка влада го надмина времето и причините за кои што беше создадена и ние сме единствена држава од нормалните демократии во Европа, која што го прави, и на ова треба да се стави точка и да заврши затоа што ни треба нормално функционирање на државата“, вели Николоски.
„Ние го инициравме тоа, но единствената причина зошто не се укина техничката влада за изборите во 2024 година беше договорот помеѓу СДС и ДУИ, да ДУИ добие премиер, и тоа се случи, Талат Џафери стана премиер, што беше вон сите изборни правила, и вон волјата на народот, и затоа завршија на избори како што завршија“, рече Николоски.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.

