Контакт

Македонија

Петар Аневски, нов претседател на Советот на јавните обвинители

Објавено пред

Советот на јавните обвинители на Република Македонија едногласно го избра Петар Аневски за нов претседател. Тој ќе го води советот во следните две години.

dobivaj vesti na viber

Петар Аневски доаѓа од Вишото обвинителство во Битола каде што беше прв човек пред да дојде во советот на јавни обвинители. Досега на чело на Советот беше обвинителот Константин Кизов од Вишото јавно обвинителство Гостивар./крај/со/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

„Воздухот ни е отров, власта ни е глува“ – скопјани излегоа на протест против загадувањето

Објавено пред

Со пароли „Воздухот ни е отров, власта ни е глува“, „Партиска книшка штити од загадување???“ и повици за чист воздух, скопјани протестираа поради загадувањето во главниот град.

dobivaj vesti na viber

Протестниот марш почна од пред Министерството за животна средина, а заврши пред Град Скопје, не заобиколувајќи ги ниту Владата и Собранието.

Собраните на протестот упатија повеќе барања кон надлежните, меѓу кои постојан мониторинг на индустриските објекти за да се откријат загадувачите. Побарано беше и еколошко загревање на објекти кои се уште користат мазут, како и потребата да му се даде проиоритет на јавниот превоз и велосипедите, наспроти автомобилите кои загадуваат. Демонстрантите повикаа и на подобро управување со отпадот.

Организаторите истакнаа дека надлежните сè уште не одговориле на нивните барања за чист воздух по протестот што се одржа на 10 декември.

Протестот го поддржаа „Шанса за Центар“, „Зелен хуман град“, „Скопје смог аларм“, „Независни за Карпош“, „O2 иницијатива“, „Зелените од Гази Баба“, „Иницијатива за ослободување од еднократна пластика“, „На точак“, „Go Green – Биди зелен“ и „Слобода на говорот“. Претходно денес стигна поддршка и од политичката партија ДОМ која повика на промоција на обновливи извори на енергија и воведување на енергетски ефикасни решенија до зајакнување на инспекциските контроли и казнување на загадувачите.

Според информациите на Светската банка објавени минатата недела, загадувањето годишно убива 2.800 државјани на Македонија, а жителите на Скопје и Тетово се изложени на значително повисоки нивоа на токсични ПМ 2,5 честички, во споредба со граѓаните во земјите од Западна Европа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски предновогодишно со македонските мировници и нивните семејства: горди сме на нашата Армија

Објавено пред

Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска (28 декември) во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец преку видео-конференциска врска разговараа со македонските мировници ангажирани во мировни мисии и операции во странство.

dobivaj vesti na viber

Во присуство на стотина членови на семејствата на мировниците, претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека е горда на припадниците на Армијата кои се во миротворни мисии, но дека е уште погорда на нивните семејства и дечиња.

„Навистина, многу му благодарам на министерот за одбрана, бидејќи ова што се случува овде нè спојува со нивните родители и мислам дека нема да има погорди од нив на своите татковци во мисиите“, рече претседателката.

Сиљановска-Давкова им порача на мировниците да ја завршат работата професионално и дисциплинирано и да се вратат здрави и живи.

„Бидете во постојан контакт со нас и со вашите семејства и бидете сигурни дека во ваше отсуство ние ќе се грижиме за нив. Нашите мисли се со вас. Она што го правите навистина е за огромен респект. Од срце ви посакувам најубава 2025 година, вам, на вашите дечиња, на вашите семејства“, рече претседателката.

Началникот на Генералштабот, генералот Лафчиски порача дека на овој традиционален настан семејствата на мировниците имаат можност да видат како Армијата се грижи за своите мировници.

Преку видео конференциската врска говореа и претставниците на македонската Армија кои извршуваат задачи во мисијата на НАТО на Косово, КФОР, ЕУ операцијата во Босна и Херцеговина, АЛТЕА, мисијата на ООН во Либан, УНИФИЛ и мултинационалните сили на НАТО во Бугарија и Романија.

По неформалното дружење на семејствата на мировниците со претседателката Сиљановска-Давкова, министерот Мисајловски и генералот Лафчиски, на децата им беа поделени новогодишни пакетчиња.

Предновогодишната активност беше заокружена со традиционалното пристигнување на Дедо Мраз со хеликоптер и поделба на пакетчиња на децата на припадниците на Армијата и вработените во Министерството за одбрана.

Прикажи повеќе...

Македонија

Седум години СДСМ не успеа ни 1 oтсто да го намали загадувањето, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Седум години СДСМ не успеа ни 1 oтсто да го намали загадувањето, реагира ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на која Катја Шукова од опозициската партија ја обвини власта дека не презема ништо за загадениот воздух.

dobivaj vesti na viber

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивните прес-конференции каде што критикуваат за загадувањето на воздухот, се крајно лицемерни.

„СДС со нивниот криминален партнер ДУИ, наместо да се занимаваа со намалување на загадувањето на воздухот, тие гледаа како повеќе да го наполнат својот џеб. За разлика од нив, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку конкретни чекори ќе се бори против загадувањето на воздухот. Некои од мерките се, субвенции за инвертер клими, финансиска поддршка за еколошки технологии, пошумување и забрзана гасификација, како и иновативни решенија за одржлива иднина“, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ дополнително уверува дека се грижи за граѓаните и работи во нивен интерес.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

„Воздухот ни е отров, власта ни е глува“ – скопјани излегоа на протест против загадувањето

Со пароли „Воздухот ни е отров, власта ни е глува“, „Партиска книшка штити од загадување???“ и повици за чист воздух,...

Свет2 часа

(Видео) Руската воздушна одбрана беше активна кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обиде да слета, рече Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските системи за противвоздушна одбрана биле активни кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обидел...

Топ5 часа

Четири автомобили се судрија на патот кон Крива Паланка, тројца од возачите се тешко повредени

Судир на четири автомобили се случи вчераа на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, пришто тројца возачи се здобија со тешки...

Македонија7 часа

Одземен пасошот на Рамиз Мерко – против струшкиот градоначалник ќе се водат 9 судски постапки, му се заканува затвор

Ново обвинение е покренато против струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, а одземен му е и пасошот. Струшкиот суд го прифати предлогот...

Свет8 часа

Белата куќа: Има индиции дека Русија е одговорна за авионската несреќа во Азербејџан

Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби изјави дека има рани индикации оти Русија е можеби одговорна за падот на азербејџанскиот...

Македонија9 часа

Разрешена Миликије Халими – директорката на „Аеродроми“ чиешто образование лани предизвика лавина реакции

Миликије Халими е разрешена од директорската функција на „Аеродроми“, а за нов директор е именуван Игор Трајановски. Таа во минатото...

Свет9 часа

Зеленски: Севернокорејците преземаат екстремни мерки за да избегнат заробување

Севернокорејските војници распоредени во рускиот регион Курск претрпуваат големи загуби и руските сили не ги штитат, изјави украинскиот претседател Володимир...

Свет9 часа

Азербејџанскиот министер: Moжно е оружје да ја предизвикало авионската несреќа

Владата на Азербејџан јавно соопшти дека оружјето е можна причина за падот на патничкиот авион што се урна во близина...

Македонија23 часа

ОЈО: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

Во врска со денешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во однос на можноста за определување мерки за...

Македонија23 часа

ОЈО отвори предмет, ќе истражува кој го следел премиерот Мицкоски

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на...

Македонија1 ден

Мицкоски: Доколку има девијантно однесување од трговците, ќе бидат преземени мерки, повеќето ги враќаат цените

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за...

Македонија1 ден

Цвета Ристовска од антикорупциската комисија да поднесе оставка – СДСМ обвинува за судир на интереси за дипломата на Христовски

Опозициската СДСМ бара оставка од членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поради судир на интереси по,...

Македонија1 ден

„Европскиот фронт“ бара оставка од Гаши во врска со статусот на албанскиот јазик: Тој ќе остане срам за нашиот народ и за историјата

„Европскиот фронт“ изразува револт и огорченост поради, како што велат, срамните и неодговорни изјави на претседателот на Собранието, Африм Гаши,...

Македонија1 ден

Дијабетичарите незадоволни: Буџетот не може да ги покрие потребите од инсулин, бараме вклучување во дефинирање на тендерот

Сојузот на здруженијата на лицата со дијабетес на Северна Македонија (СЗДСМ), во името на 23 локални организации на лица со...

Македонија1 ден

Утре протест за чист воздух – повеќе од 3.800 луѓе годишно во Македонија ги губат своите животи

Утре, сабота, почнува протестнинот марш „За чист воздух“, кој од Министерство за животна средина и просторно планирање ќе продолжи преку...

Македонија1 ден

„Вреди“ за рокот од шест месеци за уставните измени: Не ги забораваме обврските, но решението не може да биде еднострано

Со оглед на шпекулациите и различните толкувања околу нашата позиција за рокот од шест месеци за уставните измени како чекор...

Свет1 ден

Медведев: Директен конфликт меѓу Русија и САД ќе доведе до светска нуклеарна војна

Доколку се случи директен конфликт меѓу Русија и САД, ќе ескалира во светска нуклеарна војна, смета заменик-претседателот на рускиот Совет...

Свет1 ден

(Видео) Украинците испратија десетици роботи во напад

Бригада на украинската национална гарда објави успешен напад во кој учествувале само роботи – од копнени роботи вооружени со митралези...

Свет1 ден

Зеленски: На Украина ѝ треба повеќе оружје и силна позиција за дипломатија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека САД ја зголемуваат испораката на оружје за Киев. „Многу е важно што САД...

Свет1 ден

Путин: Словачка би можела да биде домаќин на мировни преговори со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е отворена за словачкиот предлог да биде домаќин на мировните преговори со Украина...