Политика
Ахмети: Преговорите за употребата на албанскиот јазик се заокружени, за сè останато се чека доделувањето на мандатот

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во средата се сретна со шведскиот амбасадор Матс Стафансон, со кого разговараа околу состојбата во Македонија и за преговорите меѓу политичките партии, соопштуваат од партијата.
Ахмети го информираше Стафансон дека ДУИ успеа да ги заокружи преговорите за законот за употреба на албанскиот јазик како и точките од заедничката изјава на албанските политички партии, додека за другите прашања се чекаат процедурални случувања во земјата во врска со мандатот за формирање на влада, додаваат од партијата.
Ахмети истакна дека во ДУИ сé уште не е одлучено дали партијата ќе остане во опозиција во исто време поддржувајќи малцинска влада или ќе биде дел од новата влада, исто така, ги образложи предностите и недостатоците на двете опции, велат од ДУИ.
Говорејќи за развојот на настаните во земјата, Ахмети посочи дека протестите се демократско право на изразување на незадоволство, но не треба да земат етничка и насилна димензија, со што го осуди нападот врз новинарите на вчерашниот протест./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Анти-ЕУ Мицкоски може веднаш да си даде оставка

Од владејачката СДСМ со реакција за изнесени ставови на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Пд партијата велат „анти-ЕУ Мицкоски може веднаш да си даде оставка, потврди дека референдумот е за негова лична внатрепартиска употреба“.
„Христијан Мицкоски да не чека, може веднаш да си даде оставка и да ја напушти политиката, откако му пропаднаа сите обиди да ја закочи и да ја дестабилизира државата. Мицкоски, кој самиот се прогласи за анти ЕУ политичар, уште еднаш потврди дека референдумот кој го најавува, а за кој не ја знае ниту формата, ниту прашањето му е само за внатрепартиска и лична употреба“ велат од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека „барањата за референдум, против македонскиот јазик на Мицкоски уследија откако му потонаа сите обиди да ја закочи државата, да ја блокира европската иднина, со крвавите сценарија за дестабилизација и предизвикување етнички конфликт“.
„Мицкоски работи на штета на државните и националните интереси, не може да се помири што почнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик во Унијата и заштитени идентитетски, културни и јазични посебности на македонскиот народ“ е ставот на партијата.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Ќе ја напуштам политиката ако додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ биде променет Уставот

Целокупниот процес е предавнички и калкулантски. Македонската дипломатија капитулираше. Предупредував дека ќе се случуваат нови и нови барања од страна на Бугарија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Бутел одговарајќи на новинарско прашање поврзано со најавите на Бугарија дека Македонија треба да потпише нов документ.
Мицкоски потенцираше дека власта за да ги реализира нечесните намери заедно со владата во Бугарија, пред македонската јавност лаже дека така не тераат од Европа иако тоа не е точно.
„Ќе предупредам и на еден процес кој се обидува власта да го води, а тоа е да каже дека Европа така не тера. Не е точно. Не не тера Европа, тука не смееме да потпаднеме на таа провокација од страна на власта, нивната неспособност да ја покријат со барањето дека Европа не тера. Не не тера, Европа има чесни намери и ги отворила вратите за Македонија. Јас верувам во тие намери, но знам кој има нечесни намери, а тоа има владата во Софија и оваа наша некредибилна и корумпирана власт“, изјави Мицкоски.
Нагласи дека затоа ВМРО-ДПМНЕ тука се спротивставуваше и ќе продолжи да се спротивставува на овој процес каде единствената цел е асимилација на македонскиот народ, односно бугаризација.
„Не е тоа европеизација. Затоа сега е првиот браник, а тоа е непроменливоста на Уставот. Иако од власта ќе продолжат со изјави и притисоци дека имало пратеници кои ќе гласаат. Нема такви, по цена на мојата професионална и политичка кариера. Ако гласа некој, ќе си заминам, ќе ја напуштам политиката и никогаш повеќе нема да се занимавам со политика ако јас додека сум претседател, под овие услови биде променет Уставот, изјави Мицкоски.
Македонија
ДУИ: Охридскиот мировен договор ја спаси земјата од идеологиите на уништување и омраза

Демократската унија за интеграција по повод 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот мировен договор, оценува дека тој правен акт кој утврди вистинските вредности на демократијата во земјата и го отвори патот за непрекинатото партнерство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија.
„Како политички субјект од своето формирање, ДУИ има примарен приоритет за континуирано спроведување на неговата содржина и денес можеме да констатираме дека прогресивната мисија и цел е целосно заокружена преку воспоставување на вредностите на еднаквост, консензуална демократија, социјална кохезија и зајакнување на мирниот соживот. Реалноста по 2001 година со факти зборува за забележителниот напредок, за правичната застапеност во институциите на државата, за официјалниот албански јазик, за непречената употреба на националните симболи, за универзитетите отворени на албански јазик и за сите ускратени права кои беа некаде пред 2001 година“, нагласуваат од ДУИ.
Во духот на Охридскиот мировен договор, успеавме, велат од таму, да го одржиме прозападниот курс на земјата, станавме дел од НАТО и успеавме да го започнеме процесот на интегративни преговори со Европската Унија.
Демократската унија за интеграција цени дека годишнините од Охридскиот договор им припаѓаат на сите граѓани бидејќи тој историски моментум ја спаси земјата од идеологиите на уништување и омраза, ја воспостави правдата што недостасуваше во земјата и го означи триумфот на вистинската кауза за еднаквост.